Брисел, Белгија 

Објавена Локацијата на Храмот Брисел, Белгија 

Првото Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ја објави локацијата на  Храмот Брисел Белгија

Локација на просторот на Храмот Брисел, Белгија.
Локација на просторот на Храмот Брисел, Белгија.

Храмот ќе биде изграден во посотечката градба на Ave des Arts 52, Брисел, Белгија. Плановите предвидуваат изградба на повеќекатен храм од приближно 2369 квадратни метри, простории за средби и капацитетите за пристигнување. Ова ќе биде првиот храм на градот. 

Претседателот на Црквата Расел М. Нелсон  го најави храмот за време на генералната конференција во април 2021. „Храмовите се важен дел од Обновувањето на Евангелието на Исус Христос во сета негова целосност. Обредите [церемониите] на храмот ги исполнуваат нашите животи со моќ и сила недостапни на било кој друг начин. Му благодариме на Бога за овие благослови“, рече Пророкот кога  најави 20 нови храмови, вклучувајќи го Храмот Брисел, Белгија. 

Брисел се наоѓа во централно северниот дел на Белгија, оддалечен приближно 110 км од белгискиот брег и 180 км од јужниот дел на Белгија. 

Деталните планови за дизајнот за храмот се сé уште во развој. Понатамошни информации — вклучувајќи и надворешни претстави — ќе бидат објавени подоцна. Датумот на поставување на темелите ќе биде објавен во иднина. Водачите на проектот ќе работат со градските власти на плановите и дозволите за храмот како подготовка за идните градежни активности. 

Храмот ќе биде изграден во посотечката градба на Ave des Arts 52, Брисел, Белгија.
Храмот ќе биде изграден во посотечката градба на Ave des Arts 52, Брисел, Белгија.

Брисел е главен меѓународен центар и европски главен град. Приближно 700 светци од Подоцнежните Дни во 12 конгрегации живеат во  Белгија. Храмот Брисел, Белгија ќе биде првиот храм во земјата. Проповедањето на обновеното евангелие во Белгија почна со доаѓањето на првите мисионери во 1888 год. Мисионерите кои работат во Швајцарија и Германија се праќаат и во Белгија. 

Членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ги сметаат храмовите Господови домови и најсветите места за служење на земјата. Храмовите се разликуваат од црковните простории за средби или капелите. Сите се добредојдени во локалните простории за средби за да присуствуваат на неделната боголсужба и другите активности во текот на неделата. Сепак, основната цел на храмовите е верниците да учествуваат во светите церемонии, како склучувањето на бракови што ги обединуваат семејствата засекогаш.