Далин Х. Оукс именуван за 18-ти Претседател на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни

image

Претседателот Далин Харис Оукс беше објавен како 18-ти претседател и пророк на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни на [date]. Објавата беше дадена за време на директен пренос од Солт Лејк Сити, Јута. Претседателот Оукс беше поддржан и одделен во вторник, 14 октомври 2025.

Во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, пророкот се избира преку божествено инспириран процес. Кога пророкот ќе почине, Првото Претседателството се распушта, а Кворумот на Дванаесетте Апостоли, предводен од апостолот со најдолг стаж, ја презема водството, потврдувајќи го новиот Пророк преку откровение и свештеничка власт. Дознајте повеќе за овој процес.

Претседателот Оукс, 93, го наследува Претседателот Расел М. Нелсон, кој почина на 27 септември 2025.

Новиот водач на светска вера со повеќе од 17 милиони членови ги повика Претседател Хенри Б. Ајринг, и Претседател Д. Тод Кристоферсон, да служат со него како прв и втор советник во Претседателството — највисокото управно тело на Црквата

Претседателот Оукс исто така објави дека Џефри Р. Холанд, ќе биде Претседател на Кворумот на Дванаесеттемина Апостоли.

Претседателот Далин Х. Оукс служи како член на Кворумот на Дванаесетте Апостоли од мај 1984. Тој беше претседател на Универзитетот Бригам Јанг од 1971 до 1980 година, и судија на Врховниот суд на Јута од 1980 до неговата оставка во 1984 година за да го прифати својот повик за апостолство. Прочитајте повеќе за Претседателот Оукс.