Првото Претседателство ги Објави Задачите за Лидерство во Областа за 2024 година

Промените стапуваат на сила на 1 август

Првото Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ги објави задачите за лидерство на областа за 2024–2025 година. Промените прикажани подолу влијаат на Претседателство на Област и на Претседателството на Седумдесетте и ќе стапат на сила на 1 август 2024 година.

Преземете PDF од задачите за лидерство во областа. (Само на англиски)

Првото Претседателство и Кворумот на Дванаесетте претседаваат со сите работи на Црквата.

Членови на областните претседателства се Седумдесеттите од Генералните власти или Седумдесеттите на областа. Претседателствата на областите се состојат од претседател и двајца советници кои работат од областните канцеларии во секоја доделена област.

Во Црквата на Исус Христос има 23 области - шест кои ги опфаќаат Соединетите држави и Канада и 17 дополнителни области надвор од тие две земји.

Почнувајќи од 1984 година, беа воспоставени области за насочување на работата во географските локации на глобалната Црква. Обласните претседателства за САД и Канада работат од седиштето на црквата во Солт Лејк Сити, Јута. Областа Блискиот Исток/Северна Африка на Црквата исто така се администрира од седиштето.

“Седумдесетте треба да делуваат во име на Господ, под упатство на Дванесетте … при градење на црквата и регулирање на сите дела на истата во сите нации,” (види Учење и Завети 107:34).

Претседателство на Седумдесетте

Претседателството на Седумдесетте за 2024-2025 година, од лево кон десно:

Старешина Карл Б. Кук, Старешина Хозе А. Тешеира, Старешина С. Марк Палмер, Старешина Маркус Неш, Старешина Мајкл Т. Рингвуд, Старешина Арнулфо Валензуела и Старешина Едвард Дубе.

Претседателства на Области

ЕВРОПА ЦЕНТРАЛНА

Претседателството на Европската централна област за 2024-2025 година, од лево кон десно: Старешина Џек Н. Џерард, прв советник; Старешина Рубен В. Алио, Претседател; и Старешината Џејмс В. МекКонки III, Втор советник.

ЕВРОПА СЕВЕР

Претседателството на Европа северна област за 2024-2025 година, од лево кон десно:

Старешина Маркос А. Аидукаитис, прв советник; Скот Д. Вајтинг, претседател; и Старешината Алан Т. Филипс, Втор советник.

Во тоа време, Украина и Молдавија се надгледувани од Старешината Кирило Покилко, Седумдесетец од областа, во неговата улога како помошник на Претседателството на Европа северна област.

ЕВРАЗИСКИ

Претседателството на Евроазиската област за 2024-2025 година, од лево кон десно:

Старешина Николај Устјузаханинов, прв советник; Старешина Алексеј В. Самајкин, претседател; и Старешина Александар А. Драчов, Втор Советник. Сите се Обласни седумдесетти.