Мартовската епизода на „Пријател на пријател“ од 2024 година има специјални гости, Претседателот Далин Х. Оукс од Првото претседателство и неговата сопруга Кристен. Домаќин е Генерално Претседателство на Основно, оваа епизода им помага на децата да научат колку е важно да се следи Исус.
Ќе има музика, посета од Луи Туканот и забавни ракотворби! Оваа 20-минутна епизода има забавна, привлечна содржина создадена само за децата и може да се користи дома или во Основно за да помогне се научат децата за евангелието на Исус Христос.
Епизодата сега е достапна за емитување на следните канали:
- ЦркватаНаИсусХристос.org
- Евангелска Библиотека
- Gospel for Kids YouTube (англиски)
- El Evangelio para niños YouTube (шпански)
- Evangelho para Crianças YouTube (португалски)
Јазичните верзии се достапни во Евангелската Библиотека на албански, чешки, дански, холандски, англиски, фински, француски, германски, унгарски, италијански, норвешки, португалски, шпански, шведски и украински.
Во наредните недели ќе следат дополнителни јазици.
Информации за ракотворбите
За време на емитувањето, децата ќе научат да прават свој велигденски крин од сите материјали што ги имаат на располагање. (Видете ја сликата подолу од списанието „Пријател“ од март 2024 година.)
Можни матерјали за активноста вклучуваат:
- хартија
- боички или маркери
- ножици
- лента
- стап