Давање Личен печат на вашиот Говор

„Затоа оној кој проповеда и оној кој прима, се разбираат еден со друг, и се просветлуваат и радуваат заедно“. УиЗа 50:22

Давање Личен печат на вашиот Говор

Најнапред, моитвено размислете за што треба да зборувате. Ако ви е дадена задача, размислете што треба да се каже. Ако не ви е дадена задача, барајте водство од духот и изберете тема.

Второ, проверете во свети писма и говорите од генералната конференција што поучуваат за доктринарната вистина на оваа тема. Идентификувајте стихови и кратки извадоци од говорите што може да ви помогнат да ја поучувате таа порака. Овие стихови или цитати ќе послужат како доктринарна основа за вашиот говор.

Трето, потсетете се на вашите сопствени искуства, или искуствата на другите, кои ги илустрираат вистините што ги поучувате. Испланирајте да употребите доживувања кои го подигаат духот и ја зајакнуваат верата со тоа што ќе ги поврзете искуствата со принципот или концептот кој го предавате. Искреноста ќе биде клучна за пристапување до Духот.

Четврто, организирајте ги вашите мисли.

Конечно, кажете го вашиот говор, не заборавајќи да ја претставите темата, да ја поучите вистинската доктрина, да споделите лични искуства, и на крајот да го дадете вашето сведоштво, во името на Исус Христос.

 

Назад до За Говорници