Само дигитално

Дали треба да се подготвувам за Сакраментот?

Може да добиете духовна моќ и прекрасно доживување доколку секоја недела одвоите време за да ги препознаете огромните благослови од сакраментот.

woman partaking of the sacrament

Многу јасно се сеќавам на моето прво искуство со сакраментот. Тукушто бев поканетa од мисионерите да ја посетам црквата за прв пат. За жал, јас немав познавање за тоа како се извршува овој обред ниту што тој симболизира, затоа девојките до кои седев мораа да ми го објаснат целиот процес додека обредот се спроведуваше.

Навраќајќи се на ова искуство ме натера на размислување колку би било покорисно доколку предвреме се обидев барем малку самостојно да научам, и да дознаам нешто повеќе за сакраментот, но имав среќа што девојките до кои седев на тој прв ден беа подготвени да ми објаснат сé во истиот момент. Оттогаш, многу нешта се променија во мојот живот—вклучувајќи го и моето знаење за евангелието и значењето на сакраментот.

Имаше и многу промени во текот на минатите генерални конференции. Кога Претседателот Расел М. Нелсон ја затвори октомвриската Генарална конференција во 2019 год., тој откри неколку измени за прашањата кои се поставуваат за време на интервјуто за храмска препорака, и додека го потврди прашањето 8: „Дали се трудите да го одржите Сабат свет ден, дома и во црква; да присуствувате на вашите средби; да се подготвувате достојно за да го земете сакраментот; го живеете својот живот во хармонија со законите и заповедите на евангелието?“ (Додаден акцент).

Бев воодушевена од зборот подготви.

Сфатив дека сакраментот не е нешто за кое се подготвувате за само неколку минути пред да биде поделен лебот и водата. Можете да се подготвувате за сакраментот во текот на неделата што ќе ви помогне да го почувствувате Духот силно и да добиете чувство на обновеност секоја недела.

Оттогаш, започнав да се подготвувам за земање на сакраментот во текот на неделата со:

  1. Проучување на светите писма преку прирачникот Дојдете, следете ме и со идеите за размислување што можам да ги споделам со другите на следната средба на Неделната школа.
  2. Пакување на сé она што ми е потребно за утринските средби во црква уште во сабота навечер (радоста од работење во ноќна смена!). Проверувам дали сум ги спакувала моите свети писма и тетратката за фаќање белешки за време на сакраменталната средба, и се молам за да пронајдам одговори во текот на времето поминато во црква за тоа како да се подобрам во текот на следната недела.
  3. Слушање на духовна музика во недела наутро пред да присуствувам на сакраменталните средби исто така ми помага да го почувствувам Духот и да се вклучам во вистинскиот начин на размислување.
  4. Внимателно читање на химните што ќе ги пееме на сакраменталната средба и откривање на светите стихови на кои тие се повикуваат. Ова ми помага целосно да ја сфатам пораката и значењето што ја носат химните и ми помага да размислувам за овие работи за време на средбата.
  5. На крај, размислувам за причините за сакраментот пред да биде поделен. Се потсетувам себе си дека треба секогаш да се сеќавам на „причината“ зошто го земам сакраментот и неговата важност во текот на целата недела—Спасителот.

Целта на сакраментот е да се сеќаваме на Исус Христос и Неговата помирувачка жртва за нас (види Матеј 26:26–28). Сакраментот исто така нé кани да го обновиме нашииот крштален завет и да ја продлабочиме нашата посветеност да наликуваме што повеќе на Него, да се сеќаваме на Него, и да станеме подобри ученици. Тој исто така ни дозволува да ја започнеме наредната недела духовно освежени.

Научив толку многу за сакрементот од првиот ден во црква. И сега чувствувам толку многу радост, секоја недела, додека одам на сакраменталната средба, знаејќи дека повторно ќе бидам потсетена за жртвата на мојот Спасител за мене и ќе бидам многу поверна во одржување на моите завети. Подготовката прави позитивна промена во Духот што го чувствувате во текот на средбата. Пред да го внесам сакраментот во мојот живот, јас често чувствував празнина—како нешто да недостасуваше. Не знаев дека парчето што недостасувало во мојот живот беше еден обред што е толку едноставен, но моќен во исто време. Обред што ми помага да ја продлабочам мојата љубов за Спасителот и да го ценам сé она што Тој го направи за мене.


Зои Кембел е од Шкотска. Таа е преобратеник во Црквата и студент по кулинарство. Пронаоѓа радост во љубовта што Небесниот Отец ја има за сите Негови чеда и во благословите што ги добива како член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

Што можам да направам?

Да составам белешка за тоа што можете да направите оваа недела за да се сеќавате на Спасителот и да се подготвите за сакраментот.

Можете да ги испратите сопствените приказни, идеи, и размислувања на liahona.ChurchofJesusChrist.org. Со нетрпеливост очекуваме да ни се јавите!