Како да се научат децата да Богослужат

Родителите можат да им помогнат на децата да бидат богобојазливи и да го почувствуваат Духот на сакраменталната средба.

Кога Спасителот им служел на Нефитите по Неговото воскресение, Тој се погрижил да ги вклучи и децата во надреалните чинови на обожавање што се случувале. Запишано е дека „тој ги земал нивните мали дечиња, едно по едно, и ги благословил, и му се молел на Отецот за нив“. Му кажал на мноштвото, „Погледнете ги вашите малечки“. Возрасните гледале во неверување како ангелите се спуштаат „како да биле среде огнот; и се спуштиле и ги опкружиле тие дечиња, и … а ангелите им служеле“ (3 Нефи 17:21, 23, 24).

Нашите деца не беа присутни таму; ниту пак беа присутни за време на Спасителовата смртна служба кога Тој рекол: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај мене, не попречувајте им, зашто на таквите како нив им припаѓа божјото царство“ (Марко 10:14). Сепак, и нашите деца Нему му се скапоцени, и нивните срца можат да бидат трогнати од Светиот Дух. Една од Неговите можности да ги трогне нашите деца е за време на сакраменталната средба, светата богослужба што се одржува во Негово име за сите членови на Црквата.

Децата Можат да Богослужат и да го Чувствуваат Духот

Дури и малите деца можат да ги почувствуваат убавите, свети, нежни чувства дарувани од Светиот Дух, и сите деца имаат потреба и право да го прават тоа. За нашите деца да го почувствуваат Духот, тие треба да учествуваат на сакраменталната средба и да бидат доволно спокојни за да ги почувствуваат шепотењата на мирниот, мал глас. Не секогаш е лесно, но ние можеме да ги научиме нашите деца „останете смирени и знајте дека јас сум Бог“ (Псалми 46:10). Покрај тоа што ќе постават пример за богобојазливот за децата, родителите, членовите на семејството, предавачите и водачите можеби ќе ги искористат следните мисли за да им помогнат на децата да почувствуваат богобојазлива богослужба.

Учењето богобојазлива богослужба почнува од дома. Колку порано почнувате да ги подучуваме малите дечиња, толку е полесно. Ние мора да ги научиме нашите дечиња колку е важно да го чувствуваат Духот; и што да направат за да ги добијат овие посебни и свети чувства; и како да ги препознаат. Можеме да се обидеме да обезбедиме тивки моменти погодни за присуство на Духот во домот. Многу семејства покрај семејната домашна вечер издвојуваат време за секојдневно читање стихови од светите писма и пеење химни.

Родителите можат и дома да одвојат време и да им објаснат на малите зошто присуствуваме на средбите. За време на семејните молитви можеме да побараме од Господ да му помогне на секое дете да разбере што се обидуваме да ги научиме.

Пред да влеземе во Црква, можеме да ги потсетиме нашите деца што ќе се случува и како сите ние ќе учествуваме. „Влегуваме во капелата тивко. Седнуваме заедно како семејство и ја слушаме музика што ќе нé воведе во средбата. Додека ја слушаме музиката, се подготвуваме за сакраменталната служба и можеме да го почувствуваме Духот. Ова е среќно чувство на мир и спокој“.

Децата може на истиот начин да се научат да слушаат во тишина одредена музичка нумера неколку минути. Музиката ќе ве одведе до Духот и децата може да го почувствуваат, иако не ги разбираат стиховите.

Како да им помогнете на Децата да Учествуваат

Децата од сите возрасти можат да уживаат во химните на различни нивоа. Ситните деца сакаат да ги слушаат рефрените во текстот. Голем број наши химни имаат вакви рефрени, a ние можеме да им помогнеме на малечките да ги слушнат стиховите. Ако му ги дошепнуваме стиховите што доаѓаат во увото на детето, тоа ќе ги слуша се пеат. На пример, на почеток на рефренот би можеле да дошепнеме, „Слушни го стихот ‘Jesus shows his smiling face’“ а потоа гледајте како насмевката се шири низ лицето на детето кога конгрегацијата ги пее тие зборови.

Како што растат децата, можат да научат да се приклучат во пеење на овие посебни изрази. Децата сакаат да ги пеат, „Oh, it is wonderful” или „Glory to God” или „Beautiful day“. Постепено, децата можат да се придружат во подолги делови, цели рефрени, или евентуално целата химна. Помага доколку вежбаме дома.

Децата кои можат по малку да читаат можат малку по малку да научат да ги читаат химните, и постапувајќи така добиваат одлично чувство за постигнување. Ваквиот начин им поставува модел, така што кога ќе станат тинејџери поголема е веројатноста да продолжат да ги пеат химните.

Децата можат да научат да се молат од најрана возраст. Дома, поучени од родителите, дури и малите дечиња ги прекрстуваат рацете и ги наведнуваат главите како и сите други во семејството. Истото се случува и за време на сакраменталната средба за време на повикувањето на Светиот Дух, давањето благослов и сакраменталните молитви. Можеме да ги читаме убавите, осмислени сакраментални молитви дома со нашите деца, објаснувајќи им на ниво на нивното разбирање што тие значат. Може да биде корисно за некои повозрасни деца да се обидат да ги запаметат молитвите. Како и со химните, тие ќе „ги слушнат“ зборовите ако го разбираат што тие значат. Можеме да го објасниме значењето на сакраментот на начин што нашите деца ќе го разберат.

Како да им помогнеме на Децата да бидат Богобојазливи

Можеме да сториме многу за да им помогнеме на нашите деца да уживаат во говорите дадени на сакраменталната средба. Претседателот Спенсер В. Кимбал советуваше: „Повремено даден коментар со дошепнување за да ја појасни … пораката на говорникот, може да му помогне на детето да се поврзе со она што се случува. На пример, таткото би можел да дошепне, ‘Таткото на Горди зборува во моментот. Тој зборува за пионерите’“.1

Одвреме навреме, родителот може и накратко да го резимира она што е кажано и да го привлече вниманието на децата за било која приказна од светото писмо што ќе ја препознаат: „Ја знаете оваа приказна! Се работи за Абинади и Цар Ное“.

Секако, сето тоа мора да биде направено многу тивко со шепотење, во увото на детето, за да не одвлекувате внимание на останатите присутни.

Некои родители можеби размислуваат вака, „Нашите деца се богобојазливи сé додека се подели сакраментот, и сметаме дека тоа е доволно“. Но целата средба е посветена на побожна служба, и нашите деца се поканети на сé. Го земаме сакраментот за да се сеќаваме на Помирувањето на Спасителот и за да ги обновиме нашите завети со Него. Говорите се продолжение на ова сеќавање и посветеност.

Нашите деца имаат потреба да чувствуваат и да покажуваат почит за говорниците. Можеме трпеливо да ги советуваме нашите деца: „Јас знам дека не разбираш сé, но говорниците ќе ни кажат што чувствуваат дека Господ сака да научиме. Ќе ти помогнам да разбереш по нешто, а потоа ќе зборуваме повеќе за тоа кога ќе стигнеме дома“.

Кога седиме со лицата кои се во покајание во црква, копнееме да го почувствуваат Духот и да бидат преобратени. На некој начин нашите деца се исто така нашите некрстени пријатели. Зарем не го чувствуваме истиот копнеж за нив?

Како да им се помогне на децата да го почувствуваат Духот

Многу луѓе доаѓаат на сакраменталните средби со желба да му се приближат на Господ и да бидат инспирирани од Светиот Дух. Кога било кој од нас се однесува со непочитување, може да го одвлече вниманието на другите од желбата да богослужат. Старешина Александар Б. Морисон, кој служеше како член на Седумдесетте од 1989 до 2000, раскажува за сакраменталните средби во Африка: „Сите, децатата како и возрасните, ги гледаат говорниците со силно изразено целосно внимание. Нема врескање по клупите, нема влегување и излегување за пиење вода, нема одење во тоалет. Под вакви околности нивото на духовност за време на сакраменталните средби е високо“.2

Не смееме да ги форсираме нашите деца да служат, но можеме да им помогнеме да се однесуваат на начини што го канат Духот. Секое дете е посебно, секако, и она што успева кај едното не мора да успее кај другото. Но родителите кои преку молитва зацртале да им помогнат на своите деца да му служат на Бога и да го почувствуваат Духот, ќе откријат на нивно задоволство, дека имаат право на откровение и инспирација за оваа тема.

Покрај непосредното семејство, и другите можат да поттикнуваат богобојазливост и почит кај децата. Говорниците можат да користат едноставен јазик и да вклучат познати приказни од светите писма. Музичките диригенти и органисти може да вклучат музика што децата ќе ја препознаат и ќе уживаат. Свештенските водачи можат да се погрижат на средбите да се обезбеди присутност на Светиот Дух.

Огромна Можност

Богослужбите се огромна можност децата да научат што е самоконтрола и почит за правата и потребите на другите. Овие свети собири се прилики за сите да работиме заедно и да им помогнеме на децата на научат да го чувствуваат, и посакуваат дарувањето на Светиот Дух. На тој начин кога ќе пораснат ќе стекнат длабока, трајна љубов кон Спасителот, љубов која ќе ги поддржува на вистинскиот и тесен пат кон Неговите прегратки.

Богобојазливост

President Gordon B. Hinckley
Претседател Гордон Б. Хинкли

„Потребно е да ги зајакнеме нашите сакраментални средби и да ги направиме време посветено за восхитување на Бога во вистинската смисла на зборот. Да го негуваме духот на богобојазливост, став со кој луѓето доаѓаат во капелата и се тивки, исполнети со почит кон Бога и досетливи. … Сакраменталната средба мора да биде време за духовно освежување за верниците, кога, во недела, се собираат да учествуваат на сакраменталната средба и да ги обноват заветите со Господ“.

Претседател Гордон Б. Хинки, на регионалната конференција во Питсбург Пенсилванија, на 27 април 1996; цитирано во Енсајн (Ensign) авг. 1997; јули 1997, стр 73. (President Gordon B. Hinckley, Pittsburgh Pennsylvania Regional Conference, Apr. 27, 1996; quoted in Ensign, Aug. 1997, 6; July 1997, 73.)