
Дали некогаш сте се запрашале зошто ни е дозволено некрстени деца да земат леб и вода од сакраментот? Дали е поради избегнување на неизбежните крескања и тепачка што настанува кога сакаат парче леб? Дали е само поради олеснување на администрирање на обредот, само за да се одржи мирот?
Не мислам така. Верувам дека има подлабоки причини. Верувам во ова бидејќи верувам дека кога Исус Христос вели „сите“, Тој навистина мисли „сите“. И кога Тој му зборува на мноштвото, не исклучува никого.
Кога воскреснатиот Спасител му го претставил сакраментот на Неговиот народ во американските земји, Тој нагласил дека обредот има особено значење за оние кои се крстени. 1 Дури и да е така, Тој им заповедал на Своите следбеници да „го поделат [сакраментот] со мноштвото“2 Тоа мноштво ги вклучува и „малечките дечиња“3.
Кога носителите на свештенство денес ги изрекуваат сакраменталните молитви, тие го молат Небесниот Отец да го благослови и освети лебот и водата „за душите на сите“ кои земаат учество.4 Сите. Секое ќовек кој учествува—вклучувајќи го и секое мало дете.
Ако при земањето на лебот и водата, децата ги добиваат овие симболи како благослов за нивните чисти души, мора да постои некој начин да им се помогне да најдат значење во обредот.
Со ова разбирање, се навраќам на деновите кога моите деца беа мали. Мојата сопруга и јас завршувавме прилично добра работа успевајќи да ги одржиме замолчени за време на администрирање на сакраментот. Мислам дека тие почувствуваа дека обредот е важен за нас. Но, можевме повеќе да се потрудиме за да им помогнеме да сфатат дека тој е важен и за нив.
Што можевме да направиме? Можевме да се сетиме дека малите дечиња се способни да ги исполнат ветувањата содржани во сакраменталната молитва. Тие можат да разберат, на свој мал, но моќен начин, што значи „секогаш да се сеќаваат“ на Исус. Тие можат да се заложат да „се држат до неговите заповеди“. Тие можат дури и да покажат дека се „подготвени да го преземат името“ на Христос, знаејќи дека наскоро ќе ја имаат таа привилегија да бидат крстени и потврдени.5
Но што е со обновувањето на заветите? Црковните водачи поучуваат дека кога учествуваме во делењето на сакраментот, ги обновуваме сите завети што сме ги склучиле со Господ.6 Малите дечиња не склучиле ниту еден завет за да го обноват.
Повторно размислувам за времето кога нашите дечиња беа мали. Не можевме да им помогнеме да се осврнат на заветите, туку можевме да им помогнеме да гледаат кон иднината. Се замислувам со млад син или ќерка во недела наутро:
„Кога ќе наполните осум години“, велам јас, „ќе бидете крстени и ќе го добиете дарот на Светиот Дух. Ќе склучите завет. Заветот што ќе го склучите тогаш, ќе биде како ветувањата што ги давате сега кога земате леб и вода.
„Кога ќе ги земам симболите денес, јас ќе го обновам мојот крштален завет, исто како да сум ги дал овие ветувања повторно. Вие ќе бидете тука со мене, но вие нема да обновувате завет. Вие сé уште не сте склучиле завет. Наместо тоа, можете да вежбате како се склучува завет. Секогаш кога ќе земете од лебот и водата, се подготвувате да бидете крстени и потврдени. На тој начин, ќе бидете подготвени за овој чин кога ќе наполните осум години“.
Ако ви е невообичаено да го користите зборот вежба на овој начин, размислете за следниот: Во богобојазливо опкружување, татко може да им помогне на своите деца да се подготват за обредот крштевање покажувајќи им како ќе стојат во водата и со споделување на зборовите од молитвата за крштевање. Тој не го извршува обредот во ваквото опкружување. На некој начин, тој им помага на неговите деца да вежбаат. Така, тие ќе бидат безгрижни кога ќе треба да влезат во кршталните води. Верувам дека мајките и татковците можат исто така да им помогнат на децата да вежбаат склучување и одржување на крштален завет. Секоја сакраментална средба може да биде света сесија за вeжба на малите дечиња кога тие ги земаат симболите на Спасителовото Помирување.
На тој начин се враќам на моето првично прашање. Зошто дозволуваме некрстени деца да земаат леб и вода? Дали е тоа само за да се „одржи мирот“? Секако дека не е. Им помагаме на нашите мали дечиња да учествуваат во земањето на симболите за да можат да се сетат на нивниот Спасител—мир што никој друг на светот не може да го понуди.7 Им помагаме да се подготват да го добијат тој мир што поизобилно во иднината, кога ќе склучуваат и ќе ги одржуваат заветите со Него.
Фусноти
1. Види 3 Нефи 18:5,11.
2. 3 Нефи 18:4; додаден акцент.
3. Види 3 Нефи 17:21-25; 18:1-4.
4. Учењата и Заветите 20:77, 79; додаден акцент.
5. Учењата и Заветите 20:77.
6. Види L.Tom Perry, “As Now We Take the Sacrament,” Ensign, May 2006, 41.
7. Види Јован 14:27.