Живееме во тешки времиња претскажани од Апостолот Павле (види 2 Тимотеј 3:1). Секој што ќе се обиде да тргне по правиот и тесен пат, насекаде ќе види примамливи заобиколувања. Може да бидеме расеани, деградирани, обесхрабрени или депресивни. Како можеме да го имаме Господовиот Дух за да ги води нашите одлуки и да не одржи на патот?
Во современите откровенија Господ го дава одговорот во оваа заповед:
„А за да можеш поцелосно да се одржиш себе си неизвалкан од светот, оди во домот на молитвата и принеси ги своите сакраменти во мојот свет ден;
„Зашто, навистина ова е ден одреден за одмор од својот труд, и да ја искажеш својата побожност пред Севишниот“ (УиЗ 59:9–10).
Ова е заповед со ветување. Учествувајќи еднаш неделно и соодветно во обредот сакрамент се квалификуваме за ветувањето дека ние „секогаш ќе го имаме неговиот Дух да биде со [нас]“ (УиЗ 20:77). Тој Дух е основата за нашето сведоштво. Обредот сведочи за Отецот и Синот, нé потсетува на сé и нé води кон вистината. Тој е компасот што нé води на нашиот пат. Овој дар на Светиот Дух, за кој Претседателот Вилфорд Вудруф поучуваше „е најголемиот дар што може да му се пренесе на човекот“ (Deseret Weekly, Apr. 6, 1889, 451).
I.
Обредот сакрамент ја прави сакраменталната средба најсветата и најважна средба во Црквата. Тоа е едниствената средба на Сабат на која целото семејство може да присуствува заедно. Неговата содржина во прилог на сакраментот треба секогаш да се испланира и презентира за да се фокусира нашето внимание на Помирувањето и учењата на Господ Исус Христос.
Моите најрани сеќавања за сакраменталните средби се поврзуваат со мало гратче во Јута каде бев ракоположен за ѓакон и учествував во предавање на сакраментот. Од денешна преспектива, сакраменталните средби на кои јас сега присуствувам во многу различни оддели значително се подобрија. Типично сакраментот се спроведува, предава, и добива од членовите во атмосфера на тивка богобојазливост. Водењето на средбата вклучувајќи ги неопходните деловните објави, е кратко и достоинствено, а говорите имаат духовна содржина и испорака. Музиката е соодветна, а такви се и молитвите. Ова е стандардот, и претставува големо подобрување од искуствата на мојата младост.
Постојат повремени исклучоци. Почувствував дека некои од генерацијата која расте па дури и некои возрасни сé уште не го сфатиле нејзиното значење и важноста од индивидуална побожност и богослужење во неа. Неколку работи што се почувствував импресиониран да ги поучувам овде се за оние кои сé уште не ги разбираат и применуваат овие важни принципи и не уживаат во ветените духовни благослови-секогаш да се има Неговиот водечки Дух да биде во нивно присуство.
II.
Почнувам со објаснување како членовите на Црквата треба да се подготват за учество во обредот на сакрамент. На црковната обуката за раководење низ целиот свет одржана пред пет години, Старешина Расел М. Нелсон од Кворумот на Дванаесетте Апостоли ги поучуваше водачите на Црквата како да ги испланираат и да ги водат сакраменталните средби. „Го одбележуваме Неговото Помирување на многу личен начин“, вели Старешина Нелсон. „Носиме скршено срце и скрушен дух на нашите сакраментални средби. Тоа е одбележје на нашето почитување на Сабат“ (“Worshiping at Sacrament Meeting,” Liahona, Aug. 2004, 12; Ensign, Aug. 2004, 26).
Сместени сме добро уште пред да почне средбата. „За време на овој тивок период, музиката на прелудиумот е придушена. Ова не е време за разговор или пренесување на пораки туку период за молитвено медитирање додека водачите и членовите духовно се подготвуваат за сакраментот“ (Liahona, Aug. 2004, 13; Ensign, Aug. 2004, 27).
Кога Спасителот им се појавил на Нефититте по Неговото Воскресение, Тој ги поучувал дека треба да престанат да практикуваат жртвување со крвопролевање. Наместо тоа, „Ќе ми принесете за жртва срце скршено и скрушен дух“ (3 Нефи 9:20). Таа заповед, повторена во модерните откровенија нé упатува дека треба да учествуваме во сакраментот секоја недела, и ни кажува и како да се подготвиме. Како што поучуваше Старешина Нелсон, „Секој член на Црквата има одговорност за духовното збогатување што може да дојде од сакраменталната средба“ (Liahona, Aug. 2004, 14; Ensign, Aug. 2004, 28).
Во овие пишувања за доктрината на спасението, Претседателот Џозеф Фиелдинг Смит поучува дека земаме од закраментот како дел од нашето одбележување на смртта на Спасителот и страдањата за искупување на светот. Овој обред беше претставен за да можеме да ги обновиме нашиот завет дека ќе му служиме, ќе му се покоруваме и секогаш ќе се сеќаваме на Него. Претседателот Смит додава: „Не можеме да го задржиме Духот на Господ ако доследно не се усогласиме со оваа заповед“ (Doctrines of Salvation, comp. Bruce R. McConkie, 3 vols. [1954–56], 2:341).
III.
Начинот на кој се облекуваме е важен индикатор за нашиот став и подготовка за било која активност во која ќе бидеме ангажирани. Ако одиме на пливање или планинарење или играње на плажа, нашето облека, вклучувајќи ги нашите обувки, ќе укаже на тоа. Истото треба да важи и за тоа како се облекуваме кога учествуваме во обредот сакрамент. Тоа наликува на одење во храмот. Нашиот начин на облекување укажува на степенот на кој го разбираме и почитуваме обредот во кој ќе учествуваме.
За време на сакраменталната средба—а особено за време на сакраменталната служба—треба да се сконцентрираме на богослужението и да се воздржиме од сите други активности, особено од однесувањето кое би можело да им попречи на другите да му служат. Дури и оној кој тивко заспива не ги вознемирува другите. Сакраменталната средба не е време за читање книги или весници. Млади луѓе, тоа не е време за шепотни разговори на мобилните телефони или разменување пораки со личности на другите локации. Кога учествуваме во сакраментот, ние склучуваме свети завети дека секогаш ќе се сеќаваме на Спасителот. Колку е тажно да се види како лица очигледно ја прекршуваат оваа заповед на самата средба на која и ја склучиле.
Музиката на сакраменталената средба е основен дел од нашата богослужба. Светите писма поучуваат дека песната на праведниците е молитва упатена до Господа (види УиЗ 25:12). Првото претседателство изјави дека „некои од најголемите беседи се проповедаат преку пеењето на химните“ (Химни, ix). Колку е прекрасно кога секое присутно лице се приклучува во обожавање на пеењето—особено на химна што ни помага да се подготвиме за учество во сакраментот. Целата сакраментална музика бара внимателно планирање, секогаш имајќи на ум дека оваа музика е за богослужба а не за изведба.
Претседателот Џозеф Филдинг Смит поучувал: „Ова е прилика кога евангелието треба да биде презентирано, кога ние треба да се повикаме на него за да вежбаме вера, и да потрошиме време во разгледување на спасувачките принципи на евангелието, а не за други цели. На забавата, смеата, лесниот ум не им е местото на сакраменталните средби на Светците од подоцнежните Дни. Треба да се собираме во духот на молитвата, кроткоста, со посветеност во нашите срца“ (Доктрина за Спасение (Doctrines of Salvation, 2:342)).
Кога го правиме ова—кога се придружуваме во свеченоста што секогаш треба да го придружува обредот сакрамент и богослужението на оваа средба—ние се квалификуваме за дружбата и откровение на Духот. Ова е начинот на кој добиваме насока за нашите животи и мир на патот.
IV.
Воскреснатиот Господ ја нагласува важноста за сакраментот кога Тој оди на посета на американскиот континент за да го воспостави овој обред меѓу верните Нефијци. Тој ги благословува симболите на сакраментот и им ги дава на Неговите ученици и мнозинството (види 3 Нефи 18:1–10), заповедајќи:
„И ова секогаш ќе го правите за оние кои ќе се покаат и ќе бидат крстени во мое име; и ќе го правите тоа во сеќавање на мојата крв, што беше пролеана за вас, за да може да му сведочите на Отецот дека секогаш ќе ме помните. А ако секогаш се сеќавате на мене ќе го имате мојот Дух да биде со вас.
„… И ако секогаш ги правите овие работи ќе бидете благословени, зашто сте изградени врз мојата карпа.
„Но кој и да се меѓу вас, што ќе прават повеќе или помалку од ова не се изградени врз мојата карпа, туку врз песочен темел; и кога ќе падне дожд, и ќе надојде поплава, и ќе дувнат ветрови и удрат по нив, тие ќе паднат“ (3 Нефи 18:11–13).
Сакраментот е обредот што ги замени крвавите жртвувања и жртвувањата со паленици од Мојсеевиот закон, и со него доаѓа ветувањето на Спасителот: „А кој и да дојде кај мене со скршено срце и скрушен дух, него ќе го крстам со оган и Дух Свет” (3 Нефи 9:20).
V.
Сега им зборувам конкретно на носителите на свештенство кои го спроведуваат сакраментот. Овој обред секогаш треба да се извршува со богобојазливост и достоинство. Свештениците кои ги нудат молитвите во име на конгрегацијата треба да ги кажуваат зборовите бавно и јасно, изразувајќи ги условите на заветите и ветените благослови. Ова е многу свет чин.
Предавачите кои се подготвуваат и ѓаконите кои ги предаваат симболите на сакраментот исто така извршуваат многу свет чин. Ја сакам приказната на Претседателот Томас С. Монсон за тоа како, кога тој бил 12-годишен ѓакон, епископот побарал од него да му подели сакрамент на некој брат кој бил врзан за креветот и копнеел по овој благослов. „Неговата благодарност ме обзеде“, кажа Претседателот Монсон. „Духот на Господ ме совлада. Јас стоев на свето тло“ (Inspiring Experiences That Build Faith [1994], 188). Сите кои богослужат во овој свет обред стојат на свето тло.
Младите мажи кои богослужат во обредот сакрамент треба да бидат достојни. Господ кажа: „Бидете чисти вие кои ги носите Господовите садови“ (УиЗ 38:42). Библиското предупредување за недостојно учество во сакраментот (види 1 Коринтјаните 11:29; 3 Нефи 18:29) секако се однесува на оние кои богослужат со тој обред. За спроведување дисциплина до членовите на Црквата кои извршиле сериозни гревови, епископот може привремено да ја повлече привилегијата на земање сакрамент. Таа иста власт секако има право да ја повлече привилегијата да богослужи на овој свет обред
Она што го кажав и претходно за важноста на соодветната облека за оние кои го добиваат обредот сакрамент очигледно се применува со посебна сила за младите мажи од Ароновото Свештенство кои богослужат во било кој дел од тој свет обред. Сите треба да бидат добро негувани и скромно облечени. Во нивниот надворешен изглед или постапки не треба да има ништо што би можело да привлече посебно внимание кон себе или да го одвлече целосно вниманието на некој од присутните од нивното целосно внимание на богослужењето и склучувањето завети што се целта на оваа света служба.
Старешина Џефри Р. Холанд даде вредна поука на оваа тема на генералната конференција пред 13 години. Бидејќи повеќето од нашите сегашни ѓакони не биле дури ни родени кога овие зборови биле изговорени овде, ќе ги повторам за нивна корист и за нивните родители и учители: „Може ли да предложам, каде што е можно, бела кошула да биде носена од ѓаконите, учителите и свештениците кои служат сакрамент За светиот обред во Црквата, ние често користиме церемонијална облека, а на белата кошула може да се гледа како на нежен потсетник на белите облеки што ги носевте во крстилницата и исчекување на белата кошула што наскоро ќе ја носите во храмот и на вашите мисии“ (“This Do in Remembrance of Me,” Ensign, Nov. 1995, 68).
На крај, сакраментот може да се изврши само од овластено лице кое е носител на клучевите за овој свештенски обред. Од оваа причина, сакраментот обично генерално не се извршува во домовите или на семејните собири, дури и кога на располагање има доволен број на носители на свештенство. Оние кои богослужат на сакраменталната маса, го подготвуваат сакраментот, или го предаваат на конгрегацијата, мора да бидат назначени од некој кој е носител или ги практикува клучевите за овој обред. Мислам на епископот или на претседателствата на учители или кворумот на ѓакони. „[Мојот] дом е дом на редот” изјави Господ (УиЗ 132:8).
Како може да го имаме Духот на Господ да ги води нашите избори за да ние останеме „неизвалкани од светот“ (УиЗ 59:9) и на безбедниот пат низ смртноста? Потребно е да се квалификуваме за прочистувачката моќ на Помирувањето на Исус Христос. Го правиме тоа со послушност кон Неговата заповед да дојдеме кај Него со скршено срце и скрушен дух и, со земање на симболите на сакраментот лебот и водата на оваа прекрасна неделна средба и повторно склучување на заветите што нé квалификуваат за скапоценото ветување дека секогаш ќе го имаме Неговиот Дух да биде со нас (види УиЗ 20:77). За да можеме секогаш да правиме така е мојата скромна молитва, која ја нудам во името на Оној чие помирување овозможува сé, дури Исус Христос, амин.