Група млади жени еднаш ме праша, „Што сакавте да знаете кога бевте на наша возраст?“ Да треба да одговорам на тоа прашање сега, би ја вклучил оваа мисла: „Кога бев на ваша возраст посакував подобро да го разбирам значењето на сакраментот. Посакував да го разбирам сакраментот на начинот што го опишува Старешина Џефри Р. Холанд. Тој вели: ‘Една од поканите всадени во обредот сакарамент е дека тоа е навистина духовно искуство, свето заедништво, обновување за душата’“.1
Како може сакраментот „да биде навистина духовно искуство, свето заедништво, обновување за душата“ секоја недела?
Додека ги слушаме молитвите и повторно се обврзуваме на нашите завети, сакраментот станува доживување за духовно зајакнување. За да се успее во ова, ние мора доброволно да го преземеме името на Исус Христос врз нас.2 Зборувајќи за ова ветување, Претседателот Хенри Б. Ајринг поучува: „Тоа значи дека ние мора да се гледаме себе си како Негови. Ќе го поставаме Него на прво место во нашите животи. Ќе го сакаме она што Тој го сака наместо она што ние го посакуваме или она што светот нé учи да го посакуваме“.3
Кога го земаме сакраментот, ние исто така се обврзуваме дека „секогаш ќе се сеќаваме“4 на Исус Христос. Ноќта пред Тој да биде распнат, Христос ги собрал Неговите Апостоли околу Него и го претставил сакраментот. Го скршил лебот, го благословил, и рекол: „Земете, јадете; ова е во сеќавање на моето тело што јас доброволно го давам како откуп за вас”5 Потоа зел чаша вино, изразил благодарност, им ја подал на Неговите Апостоли да се напијат, и рекол, „Ова е во сеќавање на мојата крв … , што е пролеана за сите оние кои ќе поверуваат во моето име”.6
Помеѓу Нефитите и повторно на Обновувањето на Неговата Црква во подоцнежните дни, Тој повтори дека ние треба да земеме леб и вода во сеќавање на Него.7
Кога земаме леб и вода, му сведочиме на Бога дека секогаш ќе се сеќаваме на Неговиот Син, не само за време на краткиот сакраментален обред. Ова значи дека постојано ќе го следиме примерот и учењата на Спасителот за да ги водат нашите мисли, одлуки и постапки.8
Сакраменталната молитва, исто така, нé потсетува дека мора „да ги почитуваме неговите заповеди“.9
Исус вели, „Ако ме сакате, ќе ги пазите моите заповеди“10 Сакраментот ни дава можност да за саморазмислување и шанса да ги свртиме нашите срца и волја кон Бога. Покорноста кон заповедите ја внесува моќта на евангелието во нашите животи и ни дава повеќе мир и духовност.
Сакраментот дава можност за вистинско духовно доживување за време на кое размислуваме за откупителната и оспособувачка моќ на Спасителот преку Неговото Помирување. Претседателката на Млади Жени неодамна дозна за моќта што ја добиваме кога се трудиме внимателно да учествуваме во сакраментот. Работејќи на завршување на некое барање во Личен Напредок, таа си поставила за цел да се фокусира на стиховите од сакраменталните химни и зборовите од молитвите.
Секоја недела, за време на сакраментот, таа правела самоевалуација.. Се потсетила на грешките што ги направила, и се обврзала да биде подобра следната недела. Била благодарна што можела да ги исправи работите и да се прочисти. Навраќајќи се наназад на ова искуство, таа вели: „Постапував според покајанието од Помирувањето“.
Една недела по нејзината самоевалуација, таа почнала да се чувствувам мрачно и песимистично. Согледала дека ги прави истите грешки повторно и повторно, недела за недела. Но, еден посебен впечаток ја импресионирал— занемарувала голем дел од Помирувањето—оспособувачката моќ на Христос. Заборавила на сите времиња кога Спасителот и помогнал да биде личноста што сака да биде и да служи над нејзините сопствени способности.
Со ова сознание на ум, уште еднаш во мислите се навратила на претходната недела. Таа вели: „Кога приметив дека Тој ми има дадено многу можности и способности, чувство на радост се проби низ мојата меланхонија. . Со благодарност ја забележав способноста што ја имам да ги препознаам потребите на моето дете кога тие не беа очигледни. Забележав дека денот кога се чувствував како да не можам да завршам уште една работа, можев да му кажам охрабрувачки зборови на некој пријател. Покажав трпение во ситуација која вообичаено го изнудува спротивното од мене.
Таа заклучила: „Кога му заблагодарував на Бога за Спасителовата оспособувачка моќ во мојот живот, чувствував поголем оптимизам во врска со процесот на покајание низ кој поминував и гледав на следната недела со обновена надеж“.
Старешина Мелвин Џ. Балард поучува како сакраментот може да биде исцелувачко и прочистувачко искуство. Тој вели:
„Кој е тој помеѓу нас кој не го ранил својот дух со збор, мисла, или дело од Сабат до Сабат? Правиме работи за кои жалиме и за кои посакуваме прошка. … Методот за добивање прошка е … да се покаеме за нашите гревови, да одиме кај оние против кои сме им грешеле или престапиле, да добиеме нивна прошка и потоа да се поправиме на сакраменталната маса каде, ако искрено сме се покајале и сме се ставиле во соодветна состојба, ќе ни биде простено и нашата душа ќе биде духовно исцелена. …
„Јас сум сведок“, вели Старешина Балард, „дека постои дух што присуствува на администрирањето на сакраментот кој ја загрева душата од глава до петици; чувствуваме како се лекуваат раните на духот, и се олеснува товарот. Утеха и среќа доаѓаат до душата која е достојна и навистина посакува да ја вкуси оваа духовна храна“.11
Нашите ранети души можат да се исцелат и обноват не само затоа што лебот и водата нè потсетуваат на жртвата од месо и крв на Спасителот, туку и затоа што симболите нè потсетуваат дека Тој секогаш ќе биде наш „леб за живот“12 и наша „жива вода“.13
Откако им го поделил сакраментот на Нефитите, Исус рекол:
„Кој го јаде од овој леб, јаде од моето тело за својата душа; и кој пие од ова вино, ја пие мојата крв за својата душа; и неговата душа никогаш нема да огладне ниту да е жедна, туку ќе се насити.
„Сега, кога мноштвото јадеше и пиеше, ете, тие беа исполнети со Духот“.14
Ова се зборовите со кои, Христос нé поучува дека Духот ги исцелува и обновува нашите души. Ветениот благослов од сакраментот е дека ние „секогаш ќе го имаме неговиот Дух да биде со [нас]“.15
Кога јас земам леб и вода, понекогаш си замислувам во мојот ум слика која го прикажува воскреснатиот Спасител со неговите раце испружени, како Тој да е подготвен да нé прими во Неговата сакана прегратка. Ми се допаѓа оваа слика. Кога размислувам за неа за време на обредот, мојата душа е возвишена затоа што речиси и да можам да ги слушнам зборовите на Спасителот: „Ете, мојата милостива рака на милоста е испружена кон вас, и кој и да дојде, јас ќе го примам; и нека се благословени се оние кои доаѓаат кај мене“.16
Носителите на Ароново свештенство го претставуваат Спасителот кога тие го подготвуваат, благословуваат и предаваат сакраментот. Кога носителот на свештенство ја подава неговата рака за да ни ги понуди симболите на сакраментот, тоа е како Спасителот Лично да ја испружил Неговата милозлива рака, поканувајќи секој од нас да земе од скапоцените дарови на љубов овозможени преку Неговата помирувачка жртва—даровите на покајание, прошка, утеха и надеж.17
Колку повеќе размислуваме за значењето на сакраментот, толку тој обред ни станува посвет и покорисен. Ова го кажа еден 96-годишен татко кога неговиот син го праша: „Тато зошто одиш во црква? Не можеш да гледаш, не можеш да слушаш, за тебе е тешко да се двожиш. Зошто одиш во црква? Таткото одговорил: „Поради сакраментот. Одам да земам сакрамент“.
За секој од нас да дојде на сакраменталната средба подготвен за да има „навистина духовно искуство, свето заедништво, обнова за [нашата] душа“.18
Јас знам дека нашиот Небесен Отец и нашиот Спасител живеат. Благодарен сум за можноста што ја нуди сакраментот да ја почувствам Нивната љубов и да земам од Духот. Во името на Исус Христос, амин.
Фусноти –
1. Jeffrey R. Holland, Christ and the New Covenant: The Messianic Message of the Book of Mormon (1997), 283.
2. Учење и Завети 20:77.
3. Henry B. Eyring, “That We May Be One,” Ensign, May 1998, 67.
4. Учење и Завети 20:77, 79.
5. Joseph Smith Translation, Matthew 26:22 (in Matthew 26:26, Footnote c, and in the Bible appendix).
6. Joseph Smith Translation, Matthew 26:24 (in the Bible appendix); види и Матеј 26:26-28; Марко 14:22-24; Лука 22:15-20.
7. Види 3 Нефи 18:7, 11; Учењата и Заветите 20:75.
8. Види “How Do I Keep My Covenant to Always Remember the Savior?” Come, Follow Me Sunday School curriculum; lds.org/youth/learn/ss/ordinances-covenants/remember; True to the Faith: A Gospel Reference (2004), 147-148.
9. Учење и Завети 20:77.
10. Јован 14:15.
11. Melvin J. Ballard, in Melvin R. Ballard, Melvin J. Ballard: Crusader for Righteousness (1966), 132-133.
12. Јован 06:48.
13. Јован 4:10.
14. 3 Нефи 20:8-9.
15. Учење и Завети 20:77.
16. 3 Нефи 9:14.
17. Јас сум благодарен на Ана Медсен за нејзините согледувања за овој принцип
18. Jeffrey R. Holland, Christ and the New Covenant, 283.