
За што размислувате која јадете сакраментален леб и пиете сакраментална вода или додека го подготвувате, благословувате или го предавате сакраментот? Многумина од нас размислуваат за нашите завети и за начинот на кој живееме. Размислуваме за нашите гревови и се молиме за прошка и решени сме да направиме подобро.
Ова се важни аспекти за обредот сакрамент. Дополнително, има уште нешто за размислување—нешто толку длабоко и толку конкретно што е дел од самите сакраментални молитви. Тоа е да се сеќаваме на Исус Христос, Божјиот Син, Спасителот на светот. Оние кои го јадат лебот ветуваат дека „ќе го јадат во сеќавање на телото на [] Синот“ и дека „секогаш ќе се сеќаваат на него“ (УиЗ 20:77). Слично, оние кои пијат од водата ветуваат дека ја пијат „во сеќавање на крвта на [] Синот“ и „дека секогаш ќе се сеќаваат на него” (УиЗ 20:79).
Изборот да се сеќаваме на Спасителот, на Неговото Помирување и Неговата жртва е основен за обредот. Како што поучува Старешина Џефри Р. Холанд од Кворумот на дванаесетте Апостоли, „На едноставниот и убав јазик од сакраменталните молитви … главниот збор што го слушаме се чини дека е „се сеќаваме“. … Она што се нагласува во двете молитви е дека сето ова е направено во сеќавање на Христос. Учествувајќи на тој начин ние сведочиме дека секогаш ќе се сеќаваме на него, за да може секогаш да го имаме неговиот Дух да биде со нас“.1

Спасителот ги нагласи овие исти точки кога Тој го воспостави сакраментот со Неговите Апостоли за време на Пасхата во Ерусалим на последната ноќ од неговата смртна служба—таа ноќ Тој настрада за нас во Рајската Градина пред уште еднаш да настрада на крстот. На пример, откако им дал леб да јадат, Тој рекол, „Ова е моето тело што се дава за вас: правете го ова за мој спомен” (Лука 22:19–20; види и Матеј 26:26–28).
Во текот на првиот ден на Спасителот помеѓу Нефитите во американските земји, Тој исто така ги поучувал за обредот сакрамент. Повторно, Тој им дал упатство да јадат и пијат во сеќавање на Неговото тело и крв, велејќи имдека тоа „ ќе биде сведоштво за Отецот, дека вие секогаш се сеќавате на мене“ (3 Нефи 18:7). Тој потоа им ветил, „Ако секогаш се сеќавате на мене, ќе го имате мојот Дух да биде со вас” (3 Нефи 18:7, 11).
Колку прекрасен благослов! Во свет исполнет со предизвици, превирања и искушенија кои постојано се обидуваат да нé одведат на погрешен пат, каков поголем дар би можеле да имаме? Имајќи го Духот со нас, можеме „да ја знаете вистината за сите работи” (Морони 10:5). Тоа ќе ни ја даде моќта и мудроста да живееме на начинот на кој Господ би сакал да живееме, да правиме правилни избори, верно да служиме, и да станеме како Него.
Кога учествувате во сакраментот секоја недела, што може да направите за да се сеќавате на него? Што може да направите за секогаш да се сеќавате на Него—во текот на неделата и во текот на вашиот живот?
Смеам ли да ве поканам да размислите за овие прашања и да се обврзете дека секогаш ќе се сеќавате на Спасителот. Ќе бидете вчудоневидени како тоа ќе го промени вашиот живот.
Фусноти –
1. Jeffrey R. Holland, “This Do in Remembrance of Me,” Ensign, Nov. 1995, 68.
Во сеќавање на Спасителот
За да ви помогнеме вам и на вашето семејство да се сеќавате на Спасителот, разгледајте ја можноста за проучување на конкретниот преглед на лекцијата „Како можам да им помогнам на другите да имаат вистинско искуство со сакраментот?“ од прирачникот Дојдете, Следете Ме на lds.org/go/491214. Видео записот на таа страница, „Always Remember Him“ може да се користи како ресурс за семејната домашана вечер.
Моето искуство со сакраментот
Колку што се сеќавам, ми беше кажано да размислувам за Исус Христос за време на сакраментот. Кога минатиот декември за прв пат го поделив сакраментот, ме обзеде чувство на мир и светост. Почувствував како Духот ми кажува дека им помагам на другите да дојдат кај Христос. Благодарен сум што Небесниот Отец ми верува доволно за да ми дозволи да му служам Нему и да им помагам на другите.
Џејкоб Р., 12 год., Ајдахо, САД