Уживајте во Сакраменталните средби со децата

Кога бев мoмче, бев убеден дека татко ми ги има најдолгите раце на светот. Секогаш кога некој од нас момчињата зашепотеше, заплакаше, намигнеше или правеше нешто друго што tато го сметаше за непочитување за време на богослужба, ние бевме нагло прекинувани и вратени на богобојазливост со удар po задниот дел на главата. Без разлика на кое место седевме во семејната група во црква, тато можеше да не дофати.

Знаејќи дека не можеме да избегаме од татковата долга рака, поголемиот дел од времето за време на служба седевме како неволни ангели, но тивкоста не ни помогна да ја засакаме црквата.

Години подоцна, присуствував на мојата прва сакраментална средба на Светците од Подоцнежните Дни и бев шокирана од неконтролираното однесување на повеќето деца. Да беше тато таму, ќе ја испружеше неговата рака во обид да ги научи децата што е почит.

Отприлика десет години по мојата прва сакраментална средба, јас повторно седев во една од капелите на СПД, но овој пат јас не бев само член на Црквата, туку и татко кој се бори против своите непослушни деца.

„Мора да постои некој позитивен начин да се научат нашите деца на почитување“, и реков на мојата сопруга. „Јас не сакам да тие се плашат од црквата, како што го правев тоа јас“.

Оттогаш, мојата сопруга и јас пронајдовме начини да им помогнеме на нашите четири деца, сите под осум години, да бидат богобојазливи во текот на времето поминато во црква. Не секогаш постојат обрасци за богобојазливост, но најголем дел од времето тие се доволно побожни, и, што е уште поважно, учат да уживаат за време на сакраменталната средба.

Еве дел од она што го научивме додека „се обидувавме и грешевме“ на нашиот пат кон богобојазливост за време на сакраменталната средба. Овие идеи беа ефикасни за нас; другите семејства можеби имаат поинакви еднакво ефикасни начини за поттикнување богобојазливост:

И самите вие бидете богобојазливи

Важно е родителите да ги поучуваат своите деца поставувајќи пример дека богобојазливоста за време на сакраменталната средба е важна. Не можеме да очекуваме нашите деца да се однесуваат добро во црква кога ние самите не се однесуваме добро.

Кога бев во епископијата, имав многу можности да гледам каков пример претставуваат родителите за своите деца на сакраменталните средби. Кога многу од нив беа богобојазливи, и нивните деца реагираа на истиот начин. Но, видов неколку родители како стојат со своите мали бебиња во рацете во позадина, користејќи ја средбата како време за разговор со пријателите. Другите пак читаа, пишуваа или си го довршуваа спиењето. Обично и нивните деца не беа богобојазливи.

Како родители, си должиме самите себе си, и на нашите деца, да бидеме активни учесници на сакраменталните средби, а не незаинтересирани набљудувачи. Треба да внимаваме што зборуваат говорниците. Откако ќе се вратиме дома, треба да разговараме за говорите од сакраменталната средба и за тоа што научивме од нив.

Поучувајте ги вашите деца

Откако ќе го подобриме нашето сопствено однесување за време на сакраменталната средба, ги поучуваме нашите деца како точно очекуваме да се однесуваат во црква.

Кога ќе се однесуваат лошо, нашите први обиди се состоеја во тоа да ги однесеме во фоајето на разговор, што е неопходно за другите да можат да уживаат во средбата. Овој метод има помешани резултати. Нашите бучни деца не го нарушија духот на средбата, но мојата сопруга и јас пропуштивме многу од она што се случуваше. Згора на тоа, нашите деца наскоро донесоа одлука дека слободата и забавата во фоајето на капелата беа многу попосакувани од сакраменталната средба.

Откако се преиспитавме зошто не успеавме, ја сменивме тактиката и битката за постигнување богобојазливост на сакраменталната средба ја водевме дома наместо во црква. За време на семејната домашна вечер и други периоди во текот на неделата, ги натеравме нашите деца да вежбаат мирно седење. Додека ги фокусиравме нашите лекции на целта на сакраменталната средба, им објаснивме на нашите деца зошто земаме леб и вода. Ние разговаравме со нив за Христовата жртва и објаснивме дека сакраменталната средба беше нивно време за размислување за Исус.

По само една недела, ефектите беа приметливи, и по три или четири недели, нашите постари деца всушност почнаа да седат тивко за време на поголем дел од средбата.

Реагирајте кога не покажуваат побожност

Секако, децата повремено запаѓаа во непочитување, но кога тоа се случуваше, знаевме дека треба да направиме повеќе отколку само да ги изнесеме да се приклучат на фоајерскиот карневал. Мојот татко јасно ни стави до знаење дека очекува да нé види во црква, не само во нејзината околина. Откако ги земавме во предвид методите на тато и го ислушавме говорот на тема дисциплина, мојата сопруга и јас сфативме дека исфрлањето на децата кои не покажуваат побожност надвор од сакраменталната средба го решава проблемот на лице место, но не ги охрабрува да избегнат идно непочитување. Донесовме одлука да ги научиме нашите деца дека животот поминат на сакраменталната средба е многу попријатен отколку живот поминат на маргините на сакраменталната средба.

Следната недела, мојот двегодишен син доживеа ужасен напад на бес. Веднаш го изнесов од капелата, но овој пат не застанав во фоајето. Пронајдов празна училница подолу по ходникот, седнав на столче на преклопување, и го држев цврсто во скутот.

За една минута тој се смири и се извитка за да се ослободи. Мојата првична реакција беше да го пуштам, но одлучив наместо тоа, да остане во мојот скут. Тој се пожали, и му објаснив дека ќе остане во мојот скут, онолку долго колку што можам да го задржам, сé додека тој не одлучи дека е време богобојазливо да се врати на сакраменталната средба.

За моето откачено двегодишно дете, ваквата забрана беше најлошата можна судбина. По десетминутно премолување, превиткување и плачење тој сфати дека мислев на работата и ме праша дали може да се врати на сакраменталната средба.

„Дали ќе изразиш почит, сине?“ Прашав.

Тој кимна.

„А ако не изразуваш почит, што ќе се случи?“ Тој покажа кон столицата.

Се вративме на средбата, каде тој остана прилично тивок. Тој и нашите ќерки сé уште имаа свои моменти и во наредните недели кога требаше да бидат отстранети од сакраменталната средба, но не им требаше многу време да сфатат дека за нив би било подобро да останат слободни за време на сакраменталната средба отколку да седат во скутот на татко им во тивката училница подолу во ходникот.

Природно, подобро е, и полесно, да се спречи непочитувањето отколку да се справувате со него во црква. Знаејќи дека нашите деца нема да можат да ги слушаат или разберат сите говори од сакраменталните средби, за нив испланиравме алтернативни тивки активности кога ќе почнат да губат интерес.

Сите наши деца, дури и најмладиот, уживаат во читањето и гледањето на илустрираните детски приказни од светите писма објавени од Црквата. Носевме и неколку боички и празни листови хартија за помладите да цртаат на нив, кога ќе станат премногу немирни. И на постарите деца им е дозволено да цртаат, но ние ги охрабруваме да цртаат цртежи поврзани со говорите што се даваат.

Исто така откривме дека игрите, храната, залажувачите, и играчките обично создаваат поголем хаос и неред на средбите отколку што спречуваат.

Запамтете дека децата се деца

Не очекуваме нашите деца да бидат совршени во црква бидејќи знаеме дека на нивна возраст одењето во црква е над нивните способности. Но јас и мојата сопруга имаме цел да уживаме на сакраменталните средби. Кога барем едно од нашите деца се однесува лошо, се справуваме со него колку што е можно побрзо и посмирено.

Помага доколку употребиме малку хумор. Ако некој член од нашето семејство се превртува на задниот дел од клупата или ги незабележано ги прави првите чекори до говорницата, ние се обидуваме да останеме смирени, да го игнорираме нивното однесување, да ги изнесеме надвор доколку е потребно, и да си кажеме себе си дека, еден ден—можеби—ќе се смееме поради инцидентот.

Ако сте сами и надбројани од вашите деца, со малку помош, и самостојно можете да ја одржите богобојазливоста. Кога бев повикан во епископијата, мојата сопруга беше оставена сама да се справува со нашите деца. По неколку недели, таа стана презаситена и исцрпена од оваа задача, па затоа замоливме една пензионерска двојка од нашиот оддел секоја недела да седи до нашето семејство за да се изедначи бројот. Тие волно се согласија, и сега нашите деца сакаат да седат покрај нивните „баба и дедо“.

Во нашето семејство, се трудиме црквата да биде позитивно искуство за нас и нашите деца. Со малку вежба и планирање, и многу трпение, ние им помагаме на нашите деца да научат да ги сакаме сакраменталните средби и тоа да го правиме богобојазливо.