Сидро во Христос

Писма

И сега, синови мои, сетете се, сетете се дека е врз карпата на нашиот Искупител, кој е Христос, Синот Божји, дека морате да ја градите вашата основа; за кога ѓаволот ќе ги прати своите силни ветрови, да, своите стрели во виорот, да, кога сиот град негов и силна бура негова ќе ве удри вас, нема да има моќ над вас да ве повлече долу во бездната на беда и бескраен јад, поради тој камен врз кој сте изградени, кој е сигурен темел, темел на кој луѓе не можат да паднат ако на него градат. (Хеламан 5:12).

Прашања

  • Во забрзан, активен начин на живот, што значи да ги имаме нашите животи вистински зацврстени во Христос?
  • Кои се благословите од тоа да имаме живот зацврстен во Христос?

Цел

Времето за изградба на сигурна основа во Христос не е за време на бура, туку за време на тие мирни времиња кога бурата не беснее. Сите ќе поминат низ искушенија и проблеми во животот. Сатаната се стреми да искушува и уништува, но кога ќе изградиме основа на Христос и Неговото евангелие, ќе знаеме како да се обратиме на Него и да го почувствуваме Неговиот мир.

 

Назад на теми