Повеќе од триесет години, Скалабринската парохиска добротворна кујна наречена Парохија дел Сантисмус Реденторе во Рим, служи топли оброци за бездомните и ранливи членови од нивната локална заедница.
Мисионерите од Црквата на Светците од подоцнежните Дни подготвуваат спакувани ручеци за добротворната кујна.
Локалните парохјани собираат парчиња храна од локалните продавници и донации на приватни лица. Со помош на волонтерите, пет дена во текот на неделата, приближно 150 луѓе се услужени и уживаат топол оброк еднаш неделно.
Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни донира средства да се дополни она што е потребно за да се обезбедат овие оброци. Мисионерите и членовите на Црквата на Светците од Подоцнежните Дни волонтираат за да се подготви трпезаријата и да се служи по еден оброк секоја недела. Тие ги поздравуваат посетителите, служат оброци, и потоа помагаат да се расчисти.
Просторијата за служење каде многумина може да се засолнат од времето и да добијат еден оброк. Многу од посетителите доаѓаат овде за да соберат ланч пакети и да јадат на друго место.
Во текот на Божикната сезона, членовите на Црквата на Светците од Подоцнежните Дни и Мисионерите дадоа малку повеќе. За возрасните, подготвија торби со подароци што содржат грејачи за врат, чоколадни барови, други ситни бомбони, и пакетче бисквити. Секое дете доби торба за повеќекратна употреба наполнета со играчки и бомбони.
Мисионерите од Црквата на Светците од Подоцнежните Дни се подготвени да дистрибуираат Божикни торби.
Кога прашав зошто тој волонтираше во Народната кујна, Алдо, помагач таму рече, „Сакам да им помагам на другите луѓе. Сакав да бидам готвач. Ова ми дава некаква занимација. Знам дека е тешка работа, но кога ќе се вратам дома, се чувствувам убаво.“ Тој објасни дека секој може да ја премине линијата на невработен. „Ја губиш работата, брзо преминуваш на другата страна“.
Алдо, волонтер од добротворната кујна подготвува храна.
Благодарение на тековните донации и вклученоста на волонтерите, секојдневните посетители во Добротворната кујна на Скалабринската парохија ќе продолжат да добиваат топли оброци што обезбедуваат издршка за оние кои отпаднале во тешки времиња.
Мисионерите од Црквата на Светците од подоцнежните Дни се подготвуваат да служат ручек на соседите кои имаат потреба.
Член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни подготвува храна.