Старешина Д.Тод Кристоферсон, од Кворумот на дванаесетте Апостоли на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, се сретна со градоначалникот на Обуда-Бекасмегер, г-дин Ласло Кис, во Будимпешта, на 1-ви март 2024, за да ја претстави Црквата и да разговара за деталите за храмот што Црквата се подготвува да го изгради во општината.
Старешина Брент Х. Нелсон, од Претседателството на Седумдесетте, и Старешина Џек Н. Џерард од Седумдесетте, втор советник во Претседателството на Централно Европската Област, и Питер Борос, претседател на Колот Будимпешта во Унгарија исто така учествуваа на средбата.
Храмот Будимпешта во Унгарија беше најавен во април 2019 год., а локацијата за овој Господов дом беше објавена во октомври 2023 год.. Ова ќе биде првиот храм на Црквата во оваа земја. Во моментов, членовите на Црквата се принудени да патуваат во Фрајбург, Германија за да служат во храмот. Црквата објави уметнички цртеж од изгледот на храмот Будимпешта.
Старешина Д. Тод Кристоферсон, од Кворумот на Дванаесетте Апостоли на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните Дни е пречекан од градоначалникот на Обуда( Будимпешта), г-дин Ласло Кис, на 1-ви март 2024.
Од лево кон десно: Питер Борос, претседател на Колот Будимпешта, Унгарија, г-дин Ласло Кис, градоначалник на Обуда-Бекасмегер, (Округ III на Будимпешта), и Старешина Д. Тод Кристоферсон. Тие се сретнаа во градското собрание Обуда за да разговараат во врска со идниот храм на Црквата во Будимпешта.
Средбата на Старешина Д. Тод Кристоферсон и градоначалникот на Обуда, во Будимпешта на 1 март 2024 год..
Г-дин Ласло Кис, градоначалник на Обуда-Бекасмегер, (Округ III на Будимпешта) се среќава со Старешина Д. Тод Кристоферсен и старешина Џек Н. Џерард, втор советник во Претседателството на Централно Европската Област. Средбата се одржа во општината Обуда на 1- март 2024.
Старешина Д. Тод Кристоферсон му подари статуетка од Исус на Ласло Кис, градоначалник на општина Обуда, во Будимпешта. . Тие се состанаа на 1-ви март 2024, во градското собрание.
Г-дин Ласло Кис, градоначалник на Обуда-Бекасмегер, во Будимпешта, му подари на Старешина Кристоферсен, верска икона стара 200 години како знак на пријателство на крајот од средбата во општинското собрание на Обуда.
Г-дин Ласло Кис, градоначалник на Обуда-Бекасмегер, во Будимпешта, му подари на Старешина Кристоферсен, верска икона стара 200 години како знак на пријателство на крајот од средбата во општинското собрание на Обуда.
Старешина Д. Тод Кристоферсен ја покажува иконата стара 200 години, што ја добил од рацете на градоначалникот на општина Обуда, во Будимпешта, на 1-ви март 2024.
На средбата, Старешина Кристоферсон објаснил зошто Светците од Подоцнежните Дни градат храмови ширум светот и го споделил ентузијазмот на членовите од унгарската црква, да имаат Господов дом во нивната земја. Старешина Кристоферсон изјавил дека „градоначалникот ни дава голема поддршка. Тој ги поздравил сите религиски и верски групи во заедницата и ветил дека ќе го поддржи црковниот придонес за локалната заедница“. До градоначалниот била испратена покана за присуство на идните приемните денови по повод свеченото отворање на храмот, кога храмот ќе биде изграден и подготвен за свечено отворање.
„Градоначалникот Кис и неговите соработници срдечно ги пречекале претставниците на Црквата, и во текот на дискусијата преовладувал особено пријателски и срдечен дух“, приметил Претседателот Борос.
Црковната делегација му оставила на градоначалникот мала статуетка од воскреснатиот Христос и му се заблагодарила за неговата благодарност и слободоумност. За возврат, градоначалникот Кис, и самиот верник, му подарил величествен подарок на Старешина Кристоферсен, икона стара 200 години од личната колекција на неговото семејство чувана со генерации.
„Оваа е драгоцен предмет. Многу ми значи и ме трогна тоа што добив нешто толку благодатно и великодушно од него. Навистина ми значи овој предмет што ќе го чувам како богатство и ќе го понесам дома“, заклучи Старешина Кристоферсен.
Има над 5200 Светци од подоцнежните дни во повеќе од 20 конгрегации во Унгарија, земја во централна Европа. Првите мисионери од Црквата на Исус Христос од Светците од Подоцнежните Дни пристигнаа во Унгарија во 1885 год.. Мисионерските напори престанале неколку децении по Првата Светска Војна. Црквата добила официјално прзинание од унгарската влада во 1988 год., а првите црковни простории за средби во земјата биле осветени една година подоцна.
Храмовите на Светците од подоцнежните дни се разликуваат од капелите и просториите за средби, каде членовите се собираат за неделни богослужби. Храмовите се сметаат за Господов дом каде учењата на Христос се повторно се потврдуваат преку светите обреди што ги обединуваат семејствата за вечност. Во нив, членовите дознаваат за целта на животот и склучуваат завет дека ќе му служат на Исус Христос и другите.