Додека тие се подготвуваат да заминат за Париз на 24 Јули 2024, маратонски тркачи од Олимпискиот тим на САД, Конер Манц и Клејтон Јанг, се одразуваат на нивното патување и сличности помеѓу трчање на маратон и живеење на евангелието на Исус Христос. „Маратон е многу едноставен. Тоа е 42.2 километри, една нога пред друга,“ вели Клејтон Јанг. „Евангелието е исто многу едноставно. Но на крајот на денот, и двата се многу тешки.“
Јанг, 30, и Манц, 27, се благочестиви членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни и сретнаа колеги тркачи во Бригам Јанг Униврзитет (БЈУ). Јанг беше таму три години кога Манц пристигна во 2017 како бруцош. Јанг го зема помладиот тркач под своето крило и постојано пријателство се роди.
И Јанг и Манц започнаа да трчаат на возраст од 11 со охрабрување од нивните родители и пријатели. Нивниот БЈУ тренер, Ед Ајстон —тој самиот како двоен Олиписки Шампион на маратонот за мажи—ги инспирираше да се обидат на маратонот. Тие беа настроени и Олимпијадата стана нивна цел.
Низ годините, двајцата пријатели се туркаа и поддржуваа едни со други. „Ние се чувствуваме одговорни едни до други, и се моривираме едни со други,“ кажа Јанг. На Пробите за Олимпискиот Маратон во Флорида минатиот Февруари, Манц го пофалува Јанг со тоа што го повлекува низ многу проблеми при крајот на трката. Тие на крајот завршуваат прв и втор, обезбедувајќи места за Париз 2024.
Јанг и Манц и двајцата служеа целовремени мисии како волонтери на Црквата на Исус Христос на Светците на Подоцнежните Дни, земајќи две години пауза од трчање да ги споделат учењата на Исус Христос и да обезбедат служба. „Мојата мисија влијаеше на мојот цел живот,“ вели Манц кој служеше во Гана, Западна Африка, од 2015-2017. Јанг кој служеше во Северна Каролина од 2012-2014, вели дека неговата мисија „се надоврза на неговата ментална сила и ги стави нештата во перспектива.“
Додека двакцата тркачи направија многу лични жртви да го следат нивниот Олиписки сон, Тренерот Ајстон објаснува дека „Луѓето кои не поддржуваат навистина прават разлика. Ние сакаме да бидеме најдобри што можеме поради нивните жртви.“ Јанг додава, „Имаше многу жртви кои ги дадовме за нашата Олимписка подготвеност бидејќи е толку важно и многу луѓе беа дел од тоа. Беше забавно да се доведат тие луѓе долж ова патување во Париз.

Заедно со нивната вера, и двајцата тркачи ги пофалија нивните фамилии, тимови, и тренери за нивниот успех. Се венчав само за една ипол година, Манц се насмевна и призна дека „мојата жена чува од тоа да не се опседнам на што сум склон.“ Двете млади ќерки на Јанг, на возраст од три и пет, го одржуваат приземјен и го љубат „без разлика кога ќе ја поминам целта.“
Јанг признава дека при нивниот тренинг „постојат многу мали нешта кои мораме да ги правиме кои понекогаш не сакаме. Но додека се појавувам секој ден со тренинг партнер кој навистина ме мотивира и тренер/лидер кои ме одржува одговорен и кој знае што е најдобро за мене, ја прави сета разлика. Тоа е исто како да се живее евангелието.“
Манц го смета Јанг за еден од неговите први ментори додека тој започна на тренира за маратонот. Јанг посочува на Џаред Вард, еден поранешен БЈУ тимски колега кој освои шесто место во Рио на Летните Олимписки во 2016, како клучна улога во неговиот живот. „Џаред беше одличен пример не само за спортист туку и како да го живееш твојот живот како да се биде добар татко и сопруг.“ Тренер Ајстон додава дека Јанг и Манц се сега ментори на помлади соиграчи кои следуваат после нив, како Кенет Рук, и Џејмс Кориган кој ќе се натпреварува во Париз 2024 во трката помеѓу мажи.
„Ми се допаѓа тоа што трчањето е суштински само пренапрегнување на твоето тело еден ден за да се промениш и да станеш подобар наредниот ден,“ се одразува Јанг. „Во овој живот, ние сме тука да учиме и растеме. Ние сме тука да ги оптегнеме и прекршиме нашите духовни тела речиси секој ден со цел да се промениме и да станеме подобри поради тоа. Тоа нема да се случи преку ноќ. Со трчање, тоа е чекор по чекор. Тоа е истото нешто со евангелието.“
Манц додава, „Тоа е процес во кој ти пронаоѓаш радост во тоа, и во трчање и живеење на евангелие. Многу луѓе не би разбрале зошто сакам да го живеам евангелието и зошто сакам да трчам. Но тие што навистина се посветуваат себеси еден за друг, тие ќе пронајдат вистинска радост што доаѓа со тоа.“
Јанг и Манц ќе се натпреваруваат во маратонот на мажите во Сабота, 10 Август, во Париз.