Регион Хајат, Турција 

Училишта спонзорирани преку хуманитарни донации на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни отворени во турскиот регион Хатаи 

На 23 октомври 2024, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, заедно со турските власти, официјално инагурираа три училишта во регионот Хатаи во југоисточна Турција. Старешина Рубен В. Алијауд, Претседател на Централно Европската Област и Старешина Џек Н. Џерарад, прв советник во Претседателството, заедно со други претставници на Црквата присуствуваше на инагурацијата во училиште во Асагиоба, во округот Антакија, провинцијата Хатаи. 

Др. Јусуф Текин, министер за национално образование на турската влада, го предводеше претставувањето на владините претставници на настанот Министерот Текин беше во придружба на Мехмет Онтурк, градоначалник на хатајската општинска метропола, Вали Мустафа Масати, Гувернер на хатајската провинција и Харун Тујсуз Директор за Национално Образование на провинцијата.  

Обраќајќи им се на присутните на инагурацијата, министерот Текин нагласи дека приоритет на одговорните не е само да ги заменат сите уништени училишта и училници, туку и да ја искористат оваа можност да изградат уште многу училишта“, бидејќи тоа ќе придонесе да се излечат траумите и психолошките ефекти од оваа катастрофа“. 

Исто така министерот Текин и се заблагодари на Црквата што игра важна улога во реконструкцијата како и на сите оние кои се жртвувале за да се врати во нормала животот во погодените области. Своите забелешки ги заврши со зборовите: „Гледам на нашите донатори како на наши пријатели и помагачи. Се надеваме дека ова ќе биде голем пример за светот, особено во време кога толкму многу луѓе страдаат поради војни, конфликти и катастрофи“. 

Изградбата беше овозможена целосно со донации од членовите на Црквата ширум светот и директно вклучување на локалните компании и бизниси. Две од вклучените компании беа Turmaks и FZA, со кои Црквата соработувала во минатото. 

Моќниот земјотрес што ја погоди Турција на 6 февруари 2023 година уништи многу домови и оштети многу важна инфраструктура, вклучувајќи и училишта. Обемот на уништеност во областа Хатаи, недалеку од границата со Сирија, беше особено лош. Со изградба на овие училишта, децата од соседните заедници нема да имаат потреба долго да патуваат за да го продолжат своето образование. 

Во неговото обраќање за време на инагурацијата, Старешина Алијауд објасни зошто Црквата е вклучена во ваквите проекти. „Не станува збор за зградите, туку за иднината“, вели тој. „Не станува збор за градба од тули, туку за вера, градење луѓе, градење надеж. Не мислам дека можеме да го промениме минатото, но секако верувам дека можеме да ја промениме иднината“, продолжи тој. „И се надевам дека ова училиште и неговата убавина, ќе придонсат на одреден начин за оваа цел“. 

Црквата обезбедува помош во областите во Турција што беа најпогодени од земјотресот во февруари 2023 год. Само во изминатите пет години, Црквата имплементираше 34 проекти во Турција, задоволувајќи различни потреби и области. Црквата има основна заложба да им помага на сиромашните и оние кои имаат потреба, а е вкоренета во нејзините учења и примерот што го воспостави Исус Христос. Оваа заложба е водена од верувањето во вродена вредност на секој поединец и посветеност на ублажување на страдањата и промовирање на самостојноста и отпорноста на заедницата. Изградбата на основни училишта е јасен пример за оваа заложба. 

Харун Тајсуз, Директор за Национално Образование на Провинцијата Хатаи, и заблагодари на Црквата за дадената помош за справување со последиците од земјотресот. Тој особено ја истакна улогата што училиштата ја имаат во локалната заедница. „Од минатата година, се трудиме на секаков начин што побрзо да ги отвориме училиштата. Причината за ова е што откако се случи оваа голема катастрофа приметивме дека најголм број наши сограѓани се иселија поради неможноста да се образуваат“, рече тој. 

„Си рековме дека мора да ги изградиме училишта за да ги вратиме нашите сограѓани. На тој начин, се трудевме да го нормализираме и активираме нашиот град, и да го вратиме во норамала економскиот и културен живот“, заклучи тој. 

Изградбата на училишта започна во мај 2024 год. и беа завршени во рекордно време за четири месеци. Трите нови училишта, изградени во селата Асагоба, Серинол и Узумдали во округот Антакија, следат пример на изградба спремен да издржи јаки земјотреси. Секој ѕид е модуларен, со армирана челична рамка, изолација и сув ѕид однадвор. Ова овозможува релативно брза временска рамка за изградба. Секоја училишна зграда беше отворена со дванаесет училници за вкупно 360 деца од основно во две смени. 

Овие училишта исто така се специфични според дизајнот: Има многу дневна светлина во просториите и коридорите, многу просторна влезна сала, рампи за деца со посебни потреби, две лабораториии и кабли за податоци, како и климатизација и систем за централно греење што ја снабдува целата зграда. Постојат простории за спортски активности и училишна градина, како и неколку игралишта на отворено.  

Црквата ќе ја продолжи својата вклученост во напорите за обнова во Турција и ќе помага да се врати нормалноста и надежта во животот на оние кои беа силно погодени од моќните земјотреси.