„Како следбеници на Исус Христос, ние мора да го водиме патот како миротворци. Бидејќи милосредието станува дел од нашата придода, ќе го изгубиме импулсот да ги омаловажуваме другите. Милосредието кон сите луѓе е суштинско за нашиот напредок“, вели Претседателот Расел М. Нелсон на Генералната Конференција април 2025 на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, одржана на 5-6 април 2025 во Солт Лејк Сити, Јута, Соединетите Американски Држави.

Претседателот Нелсон најави изградба на 15 нови храмови, со што вкупниот број на најавени, храмови во изградба, или во функција се искачи на 382. Храмовите ќе бидат изградени на следните локации:
- Рејноса, Мексико
- Корилос, Перу
- Ривера, Уругвај
- Кампо Гранде, Бразил
- Порто, Португалија
- Ујо, Нигерија
- Сан Хозе дел Монте, Филипини
- Нумеа, Нова Каледонија
- Ливерпул, Австралија
- Калдвел, Ајдахо, САД
- Флагстаф, Аризона, САД
- Рапид Сити, Јужна Дакота, САД
- Гринвил, Јужна Каролина, САД
- Норфлок, Вирџинија, САД
- Спанишфорк, Јута, САД
Генералната Конференција на Црквата е глобален настан што допира до членовите и заинтересирани поединци ширум светот. Се одржува првиот викенд во месеците април и октомври, а петте сесии се емитуваат во живо на интернет и тв во многу земји во светот. Вкупниот број на матерјали за конференцијата се преведеува на повеќе од 100 јазици.
На првата сесија, Претседателот Далин Х. Оукс од Првото Претседателство на Црквата, најави 16 нови Генерални Овластени Седумдесетмина и ново Претседателство на Млади Мажи. Претседателот Оукс најави и дека Старешина Кевин Р. Данкан од 1-ви август 2025 е повикан да служи во Претседателството на Седумдесетте. Тој ќе го замени Старешина Хосе А. Тешеира, кој служеше во претседателството од 2018 год.
Еден од 16-те новоповикани Генерални Овластени Седумдесетмина е Мајкл Чизла, од Дармштад, Германија. Тој е венчан со Маргарет Ана Раух, и двајцата се родители на пет деца. Генералните Овластени Седумдесет се водачи на Црквата повикани од Првото Претседателство да бидат „посебни сведоци“ и да асистираат за „да ја зајакнат црквата и регулирањето на сите работи“ и „да го проповедаат и администрираат евангелието“ ширум светот. Тие дејствуваат според упатствата од Кворумот на Дванаесетте Апостоли.
Во сесијата за раководството што се одржа во вторник на 3 април 2025 год. беа објавени 78 нови Обласни Седумдесетмина, меѓу нив Матијас А. Фрост од Хајделберг, Германија, Семјуел Лопез од Шпанија, кој во моментот живее во Карбен, Германија. Тие ќе ја започнат својата служба во Централна Област Европа од 1-ви август 2025.
Претседателот Џефри Р. Холанд, вршител на должност Претседател на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, зборуваше за доблестите на децата и младите и за нивната чиста љубов кон Исус Христос. „Постои ли нешто послатко, почисто или попонизно од дете кое се моли? Тоа е како рајот да е во вашата соба. Бог и Христос им се толку вистински“, вели Вршителот на должност Претседател на Кворумот на Дванаесет Апостоли.

Генералната Претседателка на Здружение за Помош, Камила Н. Џонсон сподели приказни за жените и библијата и говореше за улогата на верата во процесот на станување „целосен“. „Преку нашата вера во Исус Христос, можеме да настојуваме да бидеме духовно целосни додека чекаме и се надеваме на наше физичко и емоционално лекување“, вели таа.
Во попладневната сесија, Старешина Нил Л. Андерсен зборува за заштитата на животот, особено на животот на неродените. „Негувањето и заштитата на животот што сé уште не е роден, не е политички став. Тоа е смртен закон потврден од Господа преку Неговите пророци“, вели тој.

За време на саботната вечерна сесија на Генералната конференција во април 2025, Старешина Гери Е. Стивенсон од Кворумот на Дванаесетте Апостоли ги покани сите да го постават Исус Христос во средиштето на нивните животи и велигденски прослави.
„Христос е во центарот на Неговата Црква и треба да биде во центарот на нашите животи“, поучува тој, додавајќи, „Јас сведочам дека сите кои ја прифаќаат поканата од нашиот жив пророк и неговите советници да ги одбележуваат светите настани со поголема намера за она што претставува Велигден ќе откријат дека нивната врска со Исус Христос станува сé поцврста“.
„Бог обезбедува смртни дарби и заштита за Своите деца кои им помагаат да донесат праведни одлуки“, поучува Претседателот Далин Х. Оукс, Прв Советник на Првото Претседателство на Црквата, како заклучок на неделната утринска сесија. Како дополнување на заповедите, обредите, заветите и на Светиот Дух, тој вели дека „несомнено најмоќниот начин на Божја помош е Неговото обезбедување на Спасител, Исус Христос, кој ќе настрада за да ја плати цената и да даде простување за покајаните гревови“.
Старешина Дејвид А. Беднар, кој неодамна посети некои од европските земји, зборуваше за „чудесните доживувања“ на Џозеф Смит кои што доведоа до формално организирање на Црквата пред 195 години. Старешина Беднар ја нагласи улогата што ја има молитвата. „Кога искрено се молите со очекување на двете: да добиете одговор од Бога и да дејствувате според него, како што направил Џозеф Смит, ќе се зголеми вашата способност да го препознаете и да одговорите на тоа божествено сведоштво“, вели тој.
На последната сесија на конференцијата, во недела попладне, Старешина Улисис Соарес сподели колку е важно богослужењето и почитувањето на неговите заповеди. „Почитта кон светите работи е најголемата манифестација на една битна духовна особина, тоа е попатен производ на нашата поврзаност со светоста и ја одразува нашата блискост и љубов кон Небесниот Отец и нашиот Спасител, Исус Христос“.
Претседателот Нелсон, во неговите заклучни белешки со кои заврши конференцијата, вели дека „редовното богослужење и восхитување во Господовиот дом го зголемува нашиот капацитет за доблесност и милосрдност. На тој начин, времето поминато во храмот ја зголемува нашата доверба пред Господ. Повеќе време поминато во храмот ќе ни помогне да се подготвиме за Второто доаѓање на нашиот Спасител, Исус Христос“, заклучи тој.