Солт Лејк Сити, Јута 

100 годишниот верски водач ја предвори глобалната конференција

Расел М. Нелсон сé уште активно ја води глобалната верска заедница 

Расел М. Нелсон, пророк и водач на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, го прослави својот 100ти роденден на 9 септември 2024 год. Тој енергично и сочувствително продолжува да ја води глобалната верска заедница. 

100-годишниот Расел М. Нелсон отпоздравува на оние кои се собрани на генералната Конференција за време на сесија од полугодишната сесија на Генералната Конференција на Црквата.
100-годишниот Расел М. Нелсон отпоздравува на оние кои се собрани на генералната Конференција за време на сесија од полугодишната сесија на Генералната Конференција на Црквата.

Во јуни, Претседателот Нелсон зборуваше на социјалните медиуми и ги покани верниците да го одбележат неговиот роденден следејќи го примерот на Исус Христос и посегајќи до „едниот“ кој има потреба, повикувајќи се на параболата за изгубената овца во Новиот Завет. Многумина ги споделија своите искуства да се биде со „едниот“ и да му се помогне на „едниот“ на социјалните медиуми, користејќи го хаштагот #99плус1. 

Учењата на Исус Христос се фокусна точка на секоја Генерална Конференција, како што е прикажано на овој цртеж на Мајкл Малм.
Учењата на Исус Христос се фокусна точка на секоја Генерална Конференција, како што е прикажано на овој цртеж на Мајкл Малм.
Еден од најстарите храмови во Европа, Храмот Рим , Италија беше (п)осветен во март 2019 год.
Еден од најстарите храмови во Европа, Храмот Рим , Италија беше (п)осветен во март 2019 год.

На 5ти и 6ти октомври, 100-годишниот- пророк ќе сподели пораки за надеж, мир и љубов за време на Исусовата Генерална Конференција, глобален собир на Црквата на Исус Христос на Светците на Подоцнежните Дни. Сите се поканети да учествуваат на конференциските сесиии што се одржуваат во Конференцискиот центар на Црквата со 21 000 седишта во Солт Лејк Сити во САД и се пренесуваат и емитуваат во живо на повеќе од 70 јазици.  

Една од најочекуваните вести на Генералната Конференција е можната најава за изградба на нови храмови ширум светот. Под раководство на Престседателот Нелсон, глобалната изградбата на црковни храмови напредува со брзо темпо. Откако стана претседател на Црквата на Исус Христос во јануари 2018 год., Претседателот Нелсон најавуваше локациии за нови храмови на секоја Генерална Конференција. 

Неколку нови храмови ширум Европа беа најавени за време на овој период, во Барселона, Бирминген, Брисел, Будимпешта, Единбург, Хамбург и Виена. Во време кога некои цркви ги затвораат портите, Црквата на Исус Христос додава свети структури за да ги задоволи потребите на верниците насекаде. 

Претседателот Нелсон ќе биде придружуван од другите мажи и жени водачи на Црквата кои ќе говорат во петте сесии на Генералната Конференција. Музиката за повеќето сесии ќе биде обезбедена од светски реномираниот хор Tabernacle Choir at Temple Square

Како да се гледа Генералната Конференција 

Сите конференциски сесии ќе бидат пренесувани во живо на broadcasts.ChurchofJesusChrist.org на повеќе од 70 јазици. Тие можат да се гледаат и на црковниот Јутјуб канал на Генералната Конференцијаl и другите радиски, телевизиски, сателитски и дигитални канали. 

По емитувањето, пораките ќе бидат достапни за гледање-на-барање на црковниот Јутјуб канал на Генералната Конференција и другите црковни дигитални канали, како и црковните списанија. 

Храмот Берн, Швајцарија беше првиот во Европа, првично (п)осветен во септември 1955 год.
Храмот Берн, Швајцарија беше првиот во Европа, првично (п)осветен во септември 1955 год.