Општа конференција Октомври 2025

Сите се добредојдени да го слушнат Божјото слово за време на годишното емитување на генералната конференција додека водачите споделуваат пораки на љубов, надеж и радост.

King of Love, My Shepherd

Евангелието на Исус Христос нé поучува дека Тој живее и дека Бог ги сака, слуша и им зборува на Своите  деца. Неговото лично водство и инспирација може да се доживее преку советот што го даваат живите пророци, апостоли и водачи на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

Сите се добредојдени да го слушнат Божјото слово за време на годишното емитување на генералната конференција додека водачите споделуваат пораки на љубов, надеж и радост.

„Генералната конференција дава можност за добивање лично откровение додека генералните црковни водачи даваат совет и насока од Господ“, се вели во (писмото на Првото Претседателство на водачите на конгрегации, од 4 септември, 2025). „Ги охрабруваме сите да го послушаат, да го проучат, да размислуваат и да го применат дадениот совет. Пораките ќе бидат објавени во апл Евангелска Библиотека, на страницата ЦркватаНаИсусХристос.org, и во црковните списанија за понатамошен преглед и проучување“.

Следното глобално емитување, кое се одржува на секои шест месеци од конференцискиот центар во Солт Лејк Сити, Јута, САД е во сабота, 4-ти октомври и недела 5-ти октомври 2025. Се состои од пет уникатни сесии од по два часа во текот на двата дена.

Сабота, 4 октомври
Утринска сесија: Од 18 часот до 20 часот*
попладневна сесија: Од 22 часот до полноќ
Недела, 5 октомври
саботна вечерна сесија: Од 2 часот до 3.30 часот
Утринска сесија: Од 18 часот до 20 часот
попладневна сесија: Од 22 часот до полноќ

*Наведените времиња се според Средноевропско време (СЕВ)

Како можам да ја гледам и слушам во живо?

Сите конференциски сесии ќе бидат емитувани во живо на интернет на страницата за емитување на ChurchofJesusChrist.org на 80 јазици. Можете исто така да ја гледате и слушате на Јутјуб каналот Генерална Конференција на 14 јазици, апл Евангелско емитување на интернет на 11 јазици, Евангелска Библиотека на 80 јазици и на другите радио, телевизиски, сателитски и дигитални канали

Како можам да се подготвам?

Пред настанот, можеби ќе сакате да подготвите конкретни прашања. Потоа, за време на конференцијата, да ги слушнете конкретните зборови кои допираат до вашата душа. Вашиот однос со Бога ќе биде зајакнат кога ќе почувствувате дека вашите молитви и прашања се слушнати и одговорени.

Како можам да ја гледам или да ја слушам подоцна?

По емитувањето, пораките ќе бидат понудени во текстуални, аудио и видео формати на повеќе канали и на отприлика 98 јазици за да се  гледаат на барање и за проучување. Овие канали ги вклучуваат Евангелска Библиотека, Медиумска Библиотека, Ју-Тјуб каналот на Генералната конференција, Евангелско емитување на интернет, и Црковните списанија.