Додека Претседателот Расел М. Нелсон се приближува до својот 100-ти роденден (9 септември 2024 година), тој истакнува место во Светото писмо каде што Исус Христос го користи бројот 100 за да одржи лекција за службата и љубовта.
Во параболата за изгубената овца (Матеј 18 и Лука 15), Исус поучува дека треба да посегнеме до другите кои имаат потреба како што би направил грижлив пастир за своите овци — дури и за само една изгубена овца од стадо од 100. Укажувајќи на овој пример, Претседателот Нелсон предложи дека начин на кој луѓето можат да помогнат во одбележувањето на неговиот 100-ти роденден би бил да се допре до „оној“ на кој му е потребна помош.
Во пораката објавена на каналите на социјалните мрежи 100 дена пред неговиот роденден на 9 септември, Шретседателот Нелсон изјави:
„Една духовна понуда што ќе ми го разубави животот е секој од нас да посегне до „оној“ во нашите животи кој можеби се чувствува изгубено или осамено. Во текот на следните месеци ве повикувам да размислите во молитва: кој знаете кој може да биде обесхрабрен? Со кого можеби ќе треба да се помирите или да побарате прошка? Дали некое име ви е на ум во последно време, иако не знаете зошто? Додека ги донесувате овие прашања до Господа, Тој ќе ве инспирира да знаете како можете да посегнете и да го подигнете оној на кој му е потребна помош“.
Следејќи го примерот на Спасителот, продолжи Претседателот Нелсон, можеме „да ја шириме љубовта на Исус Христос низ целиот свет“.