Солт Лејк Сити, Јута, Австрија, Виена

Австриски Пеач се приклучува на Прославениот Табернакул Хор

„Се чувствувам почестен“

Минатата година хорот, The Tabernacle Choir at Temple Square започна програма за вклучување на меѓународни пејачи во своите редови. Оваа година, европските пејачи без поканети на аудиција за Хорот.  Хебер Фераз-Лејт ќе биде првиот австриски меѓународен учесник кој ќе пее со Хорот на Генералната Конференција на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, на 6-7 април 2024 год.

Официјална фотографија од учесниците ширум светот на Хебер како член на хорот Табернакул
Официјална фотографија од учесниците ширум светот на Хебер како член на хорот Табернакул

„Не можам да кажам дека ова е остварување на сонот“, вели Хебер, „бидејќи никогаш не ни сонував да пеам со Хорот Табернакул. Тоа беше нешто толку недостижно за мене“.

Наградуваниот хор Табернакул е еден од најстарите и најголемите хорови во светот. Хорот има настапувано за публика во повеќе од 28 земји и има продадено милиони записи.

Роден во Уругвај, Хебер емигрирал во Австрија со своето семејство непосредно пред да наполни дванаесет години. Неговиот татко, неврохирург, прифатил да работи во Виена. „Планот беше да остане една или две години, но му го продолжија договорот и на крајот останавме засекогаш“, низ насмевка вели Хебер. „Значи, сега сум веројатно повеќе Австриец отколку Уругваец. „Мојата љубов кон скијањето е доказ за тоа“.

Во австрискиот регион Штаерска, Хебер неодамна уживаше на скијање со својата ќерка.
Во австрискиот регион Штаерска, Хебер неодамна уживаше на скијање со својата ќерка.

Хебер пораснал како активен член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Откако отслужил полновремена црковна мисија во северна Шпанија, Хебер се вратил во Виена и неговата љубов салса танцот. Така ја запознал својата сопруга, родена и израсната во Перу, чии предци се Австријци. Сега тие живеат во предградие во Виена, каде Хербер работи како ИТ аналитичар, дизајнирајќи системи кои ги подобруваат комплексните деловни процеси. Уживаат во друштво на нивните четири возрасни деца и многуте пријатели.

Хебер со сопругата и четирите деца во 2023 година во храмот Фрајберг Германија
Хебер со сопругата и четирите деца во 2023 година во храмот Фрајберг Германија
Прославувајќи го својот роденден во јануари 2024 година со семејството и пријателите на караоке место во Виена, Хебер прави една од неговите омилени работи: пее
Прославувајќи го својот роденден во јануари 2024 година со семејството и пријателите на караоке место во Виена, Хебер прави една од неговите омилени работи: пее

Кога Хебер имал шест години, започнал со лекции по пијано и научил дел од основната музичка теорија. Во текот на тинејџерските денови, неговата мајка служела како пијанист на оддел и вежбала дома. Го замолила да ги пее песните додека таа свирела за да можат да го вежбаат темпото. Набргу, Хебер почнал да ги пее различните вокални делови со секој нов стих. Така, додека неговата мајка ги зајакнувала сопствените пијано вештини, тој научил како да усогласува и открил дека има добар слух за музика.

„Кога имав 16 години, го гледав филмот ‘Амадеус’ со татко ми и открив дека ја сакам класичната музика“, вели Хебер.  „Многу ја сакам операта и ораториумите“. Хебер отсекогаш пеел во црковен хор но немал формално вокално образование. „Не се сметам себе си за музичар, но ја сакам музиката“. Неговите водачи на мисија во Шпанија биле двајца поранешни пејачи на Хорот Табернакул, така што музиката била важен дел од неговата мисија. „Секоја мисионерска конференција наликувала на хорска проба“, се сеќава тој.

На повторното обединување на мисијата Билбао во Шпанија  во 2022 година, Хебер повторно се соединува со водачите на мисијата Гарт и Кеј Лин Вејкфилд, поранешни пејачи на хорот Табернакул кои му помогнале да се обликува сопствените музички таленти за време на неговата мисија.
На повторното обединување на мисијата Билбао во Шпанија во 2022 година, Хебер повторно се соединува со водачите на мисијата Гарт и Кеј Лин Вејкфилд, поранешни пејачи на хорот Табернакул кои му помогнале да се обликува сопствените музички таленти за време на неговата мисија.
Во кујна со семејството по неговата мисија, Хебер слуша класична музика и ја следи партитурата.
Во кујна со семејството по неговата мисија, Хебер слуша класична музика и ја следи партитурата.

По препорака на Претседателството на Централно европската област, Хебер добил електронска пошта од Хорот Табернакул, со која го канат на аудиција. Процесот траел околу десет недели, започнал со интервју на интернет за да се покријат практичните детали. Постоа следувала техничка аудиција. Имал приближно еден месец да го сними својот глас како натсапува на различни начини, па побарал помош. Една семејна пријателка, која е оперска пејачка во Шпанија му ги дала првите гласовни лекции—преку интернет двапати неделно. „Имате четири недели да ме претворите во идниот Павароти“, и рекол Хебер. Ги предал снимките на рецензентскиот одбор во Солт Лејк Сити и очекувал да бидат отфрлен. 

Но тоа не се случило и тој продолжил во последниот круг, 15-минутна аудиција во живо со Рајан Марфи, асистент диригент од Хорот Табернакул. „Бев многу нервозен“, вели Хебер. „Го поставив мојот компјутер и микрофонот на најдоброто место во домот што можев да го пронајдам и ги испратив сопругата и децата во другата соба“. Аудицијата започна добро но постепено стануваше сè потешко на што Хебер помислил „Не, јас не сум доволно добар“. Крајот бил моќен, но, повторно бил сигурен дека нема да биде избран.

Неговата шеснаесетгодишна ќерка му рекла, „Тато, запамти, ова е само хор. Ова е повик и затоа доколку Небесниот Отец сака да си таму, ќе направи да биде така“. Тој бил трогнат од нејзиното согледување. Неколку недели подоцна,  ја отворил е-пошта рано наутро со добрата вест. „Сакав да врескам, но сите дома спиеја, па останав тивок“, вели Хебер.

Хорот The Tabernacle Choir and Orchestra at Temple Square настапува во Конференцискиот Центар на Црквата на Светците од Подоцнежните Дни на Божик.
Хорот The Tabernacle Choir and Orchestra at Temple Square настапува во Конференцискиот Центар на Црквата на Светците од Подоцнежните Дни на Божик.

Хебер ќе има неколку недели за да научи 11 музички дела што ќе ги изведува со Хорот Табернакул. Кога ќе пристигне во Солт Лејк Сити, две недели пред Конференцијата, ќе биде назначен за музички мисионер и ќе го помине целото свое време подготвувајќи се за изведбите. „Не сум тука за да ги посетам семејството и пријателите, туку имам посебна задача на која ќе и го посветам целото мое време“, вели Хебер.

Хебер ќе биде официјален член на Хорот Табернакул за период од пет години, со шанса да пее на најмалку три Генерални Конференции на Црквата. Првите меѓународни учесници настапија со Хорот во април 2023 год., и за прв пат оваа година, пеачи од Европа се поканети на аудиција. Ќе има дванаесет ученици од целиот свет за претстојната Генерална Конференција во април 2024 год., седум од нив од Европа—од Франција, Австрија, Шведска, Данска и Англија.

Хебер веќе и прикажал на својата салса танцова група видео запис од Генералната Конференција и ги поканил да ја гледаат во април за евентуално да го видат во хорот.

Хебер присуствува на Генералната конференција на Црквата за прв пат во октомври 2022 година и оваа фотографија е направена по една од сесиите. „Не знаев дека ќе се вратам да седам на хорските седишта“.
Хебер присуствува на Генералната конференција на Црквата за прв пат во октомври 2022 година и оваа фотографија е направена по една од сесиите. „Не знаев дека ќе се вратам да седам на хорските седишта“.

„Ова е дефинитивно најдобриот хор во кој некогаш сум пеел и ќе пеам до крајот на мојот живот“, вели Хебер. „Тоа е нежна милостивост Господова. Не бев избран бидејќи јас сум најдобриот музичар во целата Централно Европска Област. Тоа сигурно не е случај. Чувствувам дека ова е начин Господ да ми каже дека Тој ме гледа и сака да ми го овозможи ова искуство. Уживајте сега!“

Генералната Конференција на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните Дни се случува двапати годишно, во април и октомври.