Ние се радуваме кога го спомнуваме нашиот Спасител, Исус Христос. Тој беше роден во понизни околности. Небесни ангели го најавија Неговото раѓање. Тој го проповедаше евангелието на покајание, надеж и вечен живот.
Тој им ги отвори очите на слепите, ги направи глувите да слушаат, исцелуваше од секакви болести и ги воскреснуваше мртвите. Тој е Единородниот Син на нашиот Отец Небесен, Првородениот од Божји духовни деца. Преку Неговата жртва и бесконечното Помирување, можеме да бидеме помирени со Бога преку послушност и покајание.
Во оваа сезона на светлина и добра волја, ние се радуваме во Исус Христос и во Неговиот вечен план на среќа. Ве покануваме да Го побарате Него и благословите на Неговиот мир.
Среќен Божиќ!
Првото Претседателство