Старешина Патрик Кирон од Кворумот на Дванаесетте Апостоли изјави на собирот на глобалните верски водачи одржан во среда на 17-ти септември 2025 во Казакстан, дека урнекот за градење на помирен свет може да се најде во тековното големо реновирање на Храмот Солт Лејк.
Водачот на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни вели дека комплексниот проект, што вклучува стотици поединци кои придонесуваат со своите единствени вештини во „нешто поголемо од нив самите“, е моќна метафора за градење односи со другите.
„Знаеме каква разлика прави кога пристапуваме кон нашите лични интеракции со истата грижа што ја покажуваме кон нашиот историски храм“, кажа Старешина Кирон на насобраните на Осмиот конгрес на водачите на Светските и традиционални религии во Палатата на Независноста во Астана, Казакстан. „Благодарен сум за нашиот заеднички стремеж—подалеку од храмските ѕидови, црквите, синагогите и џамиите—да се однесуваме кон просторот што нé разделува со истото чувство на стравопочит и мотивација.
Да се изгради свет простор помеѓу луѓето може да се случи на неколку начини, додава Старешина Кирон, како што е на пример одвојување време за слушање, замена на судењето со сочувство и сеќавање дека „она што нé обединува е многу поголемо од она што би можело да нé раздели“.
„Како што светите градби се градат камен по камен, така и мирот и разбирањето, се градат момент по момент, средба по средба“, вели тој.
Апостолот ги покани сите присутни да учествуваат на прославата во деновите за прием на Храмот Солт Лејк, која ќе започне во април 2027 и ќе трае шест месеци.
Темата на пленарна сесија беше „Верски дијалог: Синергија за Иднината“. Апостолот беше придружуван од Старешина Метју С. Холанд од Седумдесеттите, кој ги води напорите за комуникација на Црквата низ целиот свет. Други видни учесници на собирот беа Патријархот Кирил Московски и Големиот Амам на Ал-Азхар Шеик Ахмед ел-Тајеб.
Заштита на верските локации
Старешина Холанд исто така зборуваше на конгресот, обраќајќи се на специјалната сесија во вторникот, што беше фокусирана на сочувување на светиот простор. Генералните Овластени на Седумдесетте кажаа дека заштитата на светото тло не била никогаш поважна.
„Постојат места и простори на оваа земја со кои треба да се однесуваме со посебен респект и грижа“, вели Старешина Холанд. „Ова е вистина не само поради тоа што биле изградени, или едноставно затоа што постојат, туку поради она што се случува во и околу нив.
Имајќи ја предвид важноста на верските локации, и големиот број на верски водачи собрани од целиот свет за овој конгрес, Старешина Холанд кажа, дека е „соодветно ако не и неопходно“, да се повика на нивна заштита.
„Помеѓу другото, ова значи дека ги повикуваме на нашите влади, новинарите, туристите и другите да ја почитуваат светоста и правилата за пристап што одредена религија може да ги наметне на својата света локација и церемонијалните активности поврзани со неа“.
Старешина Кирон, во средата ја сподели својата сопствена приказна, како научил да ја вреднува верската разноликост и светиот простор на другите вери. Тој вели дека како младо момче, се преселил од родната Англија во далечна земја со многу поинаква култура, клима и религиозен пејсаж. Тој стана чувствителен на она што беше свето за пријателите на неговата нација домаќин.
„Начинот на кој семејствата кои ги познавам се однесуваат кон своите религиозни обреди и практики со тивко страхопичитување стана еден прекрасен пример за мене“, вели Старешина Кирон. „Нивните свети места имаат свет статус за нив, и тоа се пренесува на мене преку нивниот пример за посветеност. Стана привилегија да се стапне на овие свети локации. Сфатив дека светиот простор нема потреба да биде свет простор за да го зајакне чувството на светост во мене“.
Укажувајќи им чест на другите на овој начин, вели Апостолот, е клучна состојка во градење мир и човечко поврзување. Тој го нагласи сочувството, дијалогот, слушањето и разбирањето како камен темелник на довербата и пријателството.
„Можеме да го поправиме она што е скршено, да го зајакнеме она што е кршливо, и да ја обликуваме иднината каде мирот може да го замени стравот“, кажа старешина Кирон на Конгресот. „Можеме да се поврзуваме и да воспоставуваме силни врски исто толку досетливо и надежно колку што градиме и ги зачувуваме физичките светилишта“. Постапувајќи на овој начин, најдобро ќе разбере каков свет претставуваат овие градби—место за рајот на земјата. Ви благодарм што сте вакви градители“.
Дополнителни средби и настани
Како дополнување на неговото обраќање на конгресот, Старешина Кирон исто така одржа неколку одделни средби со водачите на другите вери и претставници на владата на Казакстан.
Самиот конгрес е вреден со своите говори и отворени сесии, вели старешина Кирон. Највредниот аспект на собирите се поединечните средби што градат поврзаност, разбирање и пријателство.
„Нашето разбирање расте. Ние знаеме како размислуваат, и има толку многу работи што нé поврзуваат“, вели старешина Кирон. „Особено кога се среќаваме на собири како овој, ние не се фокусираме само на малкуте работи што можат да нé раздвојат. Се фокусираме на работи што нé обединуваат и на она што можеме заеднички да го направиме“.
Старешина Кирон вели дека забележал дека срцето на овогодинешниот конгрес е „желбата на сите вери да најдат мир денес, за нашите деца и децата на нашите деца“.
„Ова е тешко да се постигне во еден проблематичен свет, но кога ќе ги соберете милионите — веројатно милијардите — преставени од водачите овде, важно е дека ние сме дел од овие дискусии и заедно се обидуваме да ги постигнеме овие суштински цели“.
Овој конгрес на водачи се одржува секоја трета година а започна во 2003 како одговор на нападите од 11 септември. Старешина Пол Б. Пипер од Седумдесетте, кој говореше во 2009 беше првиот водач на Црквата кој учествуваше. Други учесници низ годините беа Старешина Јерг Клебингат од Седумдесетте (2015), Старешина Алексеј В. Самајкин, поранешен Претседател на источноевропската област (2018), и Старешина Улисис Соарес од Кворумот на Дванаесетте Апостоли (2022).