Порака на Обласното Раководство

Генерација што расте ги преплави Храмовите

Во храмот, Христос е во центарот, и ние склучуваме свети завети со Него. Подготовката, чинот на склучување и чување на таквите завети носи несфатлива љубов, заштита, можност, сила и моќ.

portrait of a man
Старешина Марк А. Дундон, Обединето Кралство Обласен Седумдесетти, Област Северна Европа

Пред две години, ги прашав младите возрасни лица од Координативниот Совет на Манчестер: „Кои настани би сакале да ги испланирате во текот на 2024?“ Бев трогнат што нивните идеи беа фокусирани на храмот и на водење на младите. Во 2024 година, тие беа домаќини на четири успешни настани насочени кон Христос, фокусирани на храмот: два настани „Поплави го Храмот“ во кои учествуваа 500 млади возрасни лица во Храмот Престон—некои од нив склучија свои завети; и настанот за млади „Поплави го Храмот“ каде 40 млади возрасни лица водеа 280 млади луѓе до крстилницата; и викенд каде 20 млади возрасни лица водеа мисионерска подготовка за 50 млади мажи и жени. Јасно се сеќавам дека додека ја посетував крстилницата видов младо момче како крштева млада жена, две млади жени како сведочат, млад возрасен човек како записничар и млади луѓе како чекаат да стигнат на ред. Солзи ги исполнија моите очи од глетката. Навраќањето на овие моменти ме исполнува радост поради силата и фокусираноста на заветот на Генерацијата што расте.

two young women in front of a temple

Имаме среќа што имаме храмови ширум Европа, а уште се во изградба или најавени. Претседателот Нелсон изјави, „Под водство на Господ, правиме сé што е во наша моќ, да ги направиме храмските благослови подостапни до членовите на Црквата“ (1).

Во храмот, Христос е во центарот, и ние склучуваме свети завети со Него. Подготовката, чинот на склучување и чување на таквите завети носи несфатлива љубов, заштита, можност, сила и моќ. Учењата на Претседателот Нелсон за „хесед“ оставија длабок впечаток кај мене. Тој објасни, „Сите оние кои склучиле завет со Бога имаат пристап до посебен вид на љубов и милост. На Хебрејски, таа заветна љубов се нарекува хесед“. Тој продолжи, „Бидејќи Бог има хесед за оние кои се заветиле со Него, Тој ќе ги сака. Тој ќе продолжи да работи со нив и да им понуди можности да се менуваат. Тој ќе им прости кога ќе се покаат. А доколку застранат, Тој ќе им помогне да го најдат патот назад кон Него“ (2). О, колку ми се допаѓа овој сентимент на љубов, милост и простување, чувство за опсег, моќ и можност што ги нуди помирувањето на Спасителот за секој од нас кој склучува и се држи до заветите дадени кон Него. Сето никогаш не е загубено, сето е секогаш можно со Него и со Неговото Помирување. Тој поучуваше, „Ако се покаете и се вратите кај мене со целосна одлучност на срцето, толку често ќе ве собирам, како кокошката што ги собира своите пилиња под крилјата“ (3).

Претседателот Нелсон исто така кажа, „Ќе ни помогне редовното служење во храмот. Во Господовиот дом, се фокусираме на Исус Христос. Ние учиме за Него. Склучуваме завети за да го следиме Него. Го Запознаваме. Кога ги одржуваме храмските завети, стекнуваме поголем пристап до Господовата зајакнувачка моќ. Во храмот, добивам заштита од нападите на светот. Чистата љубов за Исус Христос и нашиот Небесен Отец ја доживуваме пообилно! Чувствуваме мир и духовно уверување, во замена за турбуланциите на светот. Еве го моето ветување до вас: Секој искрен трагач по Исус Христос ќе го најде во храмот. Ќе ја почувствува Неговата милост. Ќе најде одговори за вашите најмачни прашања. Подобро ќе ја сфатите радоста на Неговото евангелие“ (4).

Ве канам да „најдете начин да закажете состанок со Господ, да бидете во Неговиот свет дом“, (5) и да ја искористите вашата храмска препорака за да го благословите вашиот живот и животите на вашите сакани. Доколку немате храмска препорака во моментот, бидете љубезни со себе и знајте дека може да поработите за да станете достојни да присуствувате и да ги добиете овие благослови. „Ви ветувам дека Господ ќе ги донесе чудата за кои знае дека ви се потребни кога се жртвувате за да служите и да му се восхитувате во Неговите храмови“(5).

Јас сум длабоко благодарен за храмовите, за радоста, благословите и заштитата што тие ми ја носат мене и на моето семејство. Грижливо ги чувам искуствата од вечно значење што ги стекнав таму, каде понекогаш, дури и превезот се тенчеше.


  1. “Rejoice in the Gift of Priesthood Keys“, General Conference April 2024
  2. “The Everlasting Covenant”, October 2022 Liahona
  3. 3 Нефи 10:6
  4. “The Lord Jesus Christ Will Come Again“, General Conference October 2024
  5. “Becoming Exemplary Latter-day Saints“, General Conference October 2018