
Прекрасна црковна химна наречена „Because I have been given much“ (1) нè учи сите нас дека Господ сака да бидеме едно и да си помагаме едни со други онолку колку што сме благословени од нашиот љубезен Небесен Отец. Кога го правиме тоа, подобро ги одржуваме храмските завети што ги склучивме со Него. Апостол Павле поучувал: 'Благословен нека е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха. Тој нѐ утешува при секоја наша неволја, та и ние да можеме да ги утешиме сите оние кои се во неволја со онаа утеха со која Бог нѐ утешува нас самите!” (2). Каков благослов е да можеме да се поддржуваме еден со друг и да бидеме Едно во Христа. Заедно можеме да постигнеме многу повеќе отколку што можеме сами.
Да се биде Едно во Христа значи да се проучуваат Неговите зборови заедно во црквата. Сите сме различни, со различни подароци, вештини, животно искуство и потекло. Во тие разлики, можеме да најдеме сила кога ќе се фокусираме на Спасителот и Неговите учења додека заедно учиме од светите списи. Светиот Дух ќе работи со нас поединечно кога сме отворени за учење и збогатување на нашето духовно искуство со обожавање на Господ заедно.
Да се биде Едно во Христа значи да ги споделуваме нашите сведоштва и да ги проучуваме светите списи заедно дома во нашите семејства. Децата имаат целосно право да ги слушаат сведоштвата на нивните родители споделени со нив често во неформални и пријателски услови. Тие треба да знаат дека нивните родители знаат дека Спасителот живее и дека Тој ја води Неговата црква. Сопружниците заслужуваат често да го слушаат меѓусебното сведоштво, за да си ја зајакнат верата. Од Нефи учиме: “И зборуваме за Христос, се радуваме во Христос, пророкуваме за Христос, и пишуваме според нашите пророштва, за нашите деца да можат да знаат кој извор да го бараат за опростување на нивните гревови.” (3).
Да се биде Едно во Христа значи да се прави еден за друг она што го направил Спасителот. Од Светото Писмо учиме дека секогаш кога ќе му помогнеме некому да направи нешто за да биде поблиску до Спасителот, ние во исто време му се приближуваме и на Него. Сите наши напори за служење, кога одиме и помагаме некому, или кога се молиме дома поединечно или како семејство на Небесниот Отец во име на некого, ќе бидеме благословени со Духот, ќе се приближиме до Спасителот и ќе бидеме поблиски еден до друг како неговите синови и ќерки. Нефи ни даде одлична лекција за тоа како можеме да се поддржуваме еден со друг кога не сме заедно, но сепак сме загрижени за духовната и физичката благосостојба на едни со други. Тој го кажа следново: “Бидејќи јас постојано се молам за нив дневно, и моите очи ги намокруваат перниците за време на ноќта, поради нив; и го довикувам мојот Бог со вера, и знам дека Тој ќе го слушне мојот плач.” (4). Небесниот Отец ги сака оние што им помагаат на Неговите деца и ќе ги благослови со уште повеќе можности добро да се грижат за некого.
Ќе бидеме Едно во Христа додека доаѓаме во црква во недела и и го земаме сакраментот, додека го споделуваме нашето сведоштво за Спасителот и Неговото обновено евангелие, и додека доаѓаме во храмот да учествуваме во храмските уредби и да си служиме еден на друг. Ние ќе бидеме Едно во Христа додека „размислуваме целестиално“ еден за друг, обидувајќи се да го видиме најдоброто во секоја личност и знаејќи дека Господ може да му помогне на секого да дојде кај Него и да се промени доколку некој е подготвен да ја доживее таа моќна промена.
-
Химни на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни #219, „Because I have been given much“
-
2. Коринтјаните 1:3-4
-
2 Нефи 25:26
-
2 Нефи 33:3