Да се служи како Исус: JustServe ги инспирира луѓето ширум Европа

JustServe, иницијатива на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните Дни, има за цел да ги мотивира и оснажи луѓето да прават добрини преку волонтерска работа во нивните заедници.

Jesus Christ

На 29 март 2025, европските експерти за JustServe се собраа во храмот на Светците на Исус Христос од Подоцнежните Дни во Франкфурт да разговараат за иднината на служењето на другите. Под раководство на Старешина Емануел Петрињани, Обласен Седумдесетти од Европа Централна Област, и Луис Естер Вајдман, Експерт за JustServe за Централна Европа, средбата послужи како платформа за инспирација и стратешко планирање.

Франкфурт: JustServe, иницијатива на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните Дни, има за цел да ги мотивира и оснажи луѓето да прават добрини преку волонтерска работа во нивните заедници. За Старешина Петрињани, ова е многу повеќе од само иницијатива на социјалните мрежи; тоа е посветеност во духот на Самиот Исус Христос. „Исус Христос нé поучи да си служиме едни на други. JustServe е можност да ги спроведеме Неговите учења во пракса и тоа да има позитивно влијание врз светот околу нас“, истакна Старешина Петрињани за време на средбата.

Луис Вајдман, кој ја водеше дискусијата за идниот развој на JustServe, ја истакна важноста од активното ангажирање на заедницата. „Кога им служиме на другите, ги зајакнуваме не само нашите заедници, туку и нашите сопствени духовни и емоционални врски“, рече Вајдман. Тој понатака истакна дека традицијата на служење е длабоко вкоренета во човековата историја и е воочена на современ начин преку JustServe.

JustServe дејствува како платформа што им овозможува на поединци и организации да ги поддржат оние кои на кои им е потребна помош и да го подобрат светот околу нив. Било тоа да е преку волонтирање во локалните народни кујни, еколошките проекти, или поддршка на обесправените групи, можностите за вклучување се разновидни и значајни.

Старешина Петрињани ги охрабри учесниците на конференцијата да ги споделат своите искуства и идеи за понатамошно зајакнување и проширување на JustServe. „Секој придонес е значаен“, вели тој. „Тоа се мали и доследни чинови на милосредие кои ја прават најголемата промена“.

Луис Вајдман ја повторува оваа мисла, изјавувајќи: „Преку JustServe, ја искусуваме вистинската радост и исполнетост што доаѓа кога им служиме на другите. Тоа е можност за активирање на нашите вредности и за живот во хармонија со Евангелието“.

Посветеноста на JustServe не е ограничена на одредена религија или поглед кон светот туку е отворена за сите кои се подготвени да им помогнат на другите и да ги промовираат вредностите на заедницата. Со активно учествување во JustServe, луѓето—без оглед на нивното образование или верувања—можат да донесат позитивни промени во општеството.

JustServe стекнува сé поголемо значење во Европа бидејќи сé повеќе волонтери ги признаваат придобивките од ангажманот во заедницата. Повеќе информации и проекти може да се најадат на justserve.org