Дитер Ф. Ухдорф беше повикан да служи како Вршител на Должноста Претседател на Дванаесетте Апостоли во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Тој ја доби официјалната функција и беше назначен од Претседателот на Црквата, Далин Х. Оукс во четврток, 8 јануари 2026 година, по смртта на покојниот Претседател Џефри Р. Холанд, кој почина на 27 декември 2025 година.
Кворумот на Дванаесетте Апостоли е второто највисоко претседавачко тело во управувањето со Црквата. Покрај нивната примарна одговорност како посебни сведоци на името на Христос низ целиот свет, овие апостоли имаат значајни административни одговорности за надзор на функционирањето и развојот на глобалната Црква. Тие служат под раководство на Првото Претседателство, кое вклучува Претседателот на Црквата и двајца советници.
Практиката на Црквата е најстариот член по датум на ракополагање во Кворумот на Дванаесетте Апостоли да стане претседател на кворумот.Претседателот Хенри Б. Ајринг, кој е актуелен претседател на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, моментално служи како Прв советник во Првото Претседателство. Поради ова, Претседателот Ухтдорф ќе служи како „вршител на должноста претседател“, како што тоа го правеше Претседателот Холанд од 15 ноември 2023 до 27 септември 2025 година.