Сум ги прочитал пасусите од Книгата на Мормон кои ја раскажуваат приказната за Алма крај водите на Мормон многу пати и со огромно задоволство. Алма ги канеше насобраните крај Водите на Мормон на еден прекрасен начин да се крштеваат. (1) Еден стих гласи: „и сега, штом сакате да дојдете во Божјето стадо, и да бидете наречени Негов народ, и сте спремни да си ги носите товарите еден на друг, за да бидат лесни. … “(2) За мене ова отсекогаш значеше дека ние, како членови на Црквата на Исус Христос, помагаме да им се олеснат товарите на другите луѓе. Подоцна во книгата на Мосија, народот на Алма бил поробен од Ламанитите, и бил сериозно нападнат од Амулон, толку многу, што пледирал кон Господа за помош. (3) Господ ги услишил нивните молитви им им ги олеснил товарите. (4)
За мене, ова отсекогаш било неверојатен дел од приказната на народот на Алма. Во Евангелието според Матеј читаме: „Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши.“
Отсекогаш знаев дека теоретски Господ може да му ги олесни товарите на Својот народ, и го видов тоа во пракса, кога членовите на црквата помагаа и се поддржуваа едни со други.
Но кога, после пет години боледување, мојата сопруга почина од рак пред две години, ги доживеав најмрачните денови и најтажните часови од мојот живот што некогаш сум ги доживеал. Во тие часови и денови, членовите на моето семејство и на Црквата стоеја покрај мене и ме охрабруваа. Благодарен сум им на сите нив. За да ја избегнам самотијата дома, го користев секој слободен час за црковна служба. Тоа функционираше добро некое време, сè додека една недела вечер, кога се вратив дома по претседавање со конференција на кол.
Таа ноќ бев преплавен од тага поради загубата на мојата сакана сопруга, со која бев во брак многу години. Исто така, ме прогонуваше страв за иднината, страв од осаменост како и длабока тага и депресија. Цели 48 часа не можев ниту да работам, ниту да јадам, ниту да излегувам од дома, ниту да правам било што друго. Потоа, кога стана неподносливо, се сетив како Павле вели: „Верен е Бог, Кој нема да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша“,(6) а исто така ми падна на памет стих од Библијата во Матеј . (5) Во мојот очај, почувствував дека сум стигнал до оваа точка и дека ми е потребна помош. Затоа клекнав и се помолив, пледиракќи моите товари да бидат олеснети, а потоа се помолив по вторпат, пледирајќи преку помирувањето на Исус Христос овој товар да биде симнат од моите плеќи, за да можам да продолжам со својот живот. По таа втора молитва почувствував како ме обзема голем спокој. Темнината, тагата и болката што ме опкружуваа исчезнаа. Наместо темнина, мојата непосредна околина беше облеана во силна светлина, и моите товари ми беа симнати од рамената. Неколку моменти подоцна бев способен да ги исполнувам моите вообичаени должности и задачи и го направив тоа со молитва на благодарност во срцето. Откако го доживеав и видов како помирувањето на Исус Христос ги прочистува луѓето од грев и на тој начин го исцелува целиот мој живот, конечно можев самостојно да почувствував како Неговото ветување дека ќе ги олесни нашите товари е уште еден аспект на помирувачката моќ на Спасителот. Тој не само што страдаше за гревовите на светот, туку и ги понесе нашите товари, болки и нашето страдање. (7)
Затоа, јас сведочам дека знам дека силата на помирувањето на нашиот Господ е вистинска и дека таа може да исцели, да не ослободи товарот и донесе мир за секој од нас. „Ако се чувствувате осамено, знајте дека можете да најдете утеха. Ако сте обесхрабрени, знајте дека можете да најдете надеж. Ако сте сиромашни по дух, знајте дека можете да бидете зајакнати. Ако чувствувате дека сте скршен одвнатре, ве молам знајте дека сето тоа може да се поправи.'(7)
1 Мосија 18:8-14
2 Мосија 8:8
3 Мосија 24:12-13
4 Мосија 24:14.
5 Матеј 11:28-29
6 1 Коринтјаните 10:13
7 Broken Things to Mend, Џефри Р. Холанд