Запознајте се со Новата претседавачка епископија на Црквата на Исус Христос

Претседателот В. Кристофер Вадел е 16 тиот Претседавач Епископ

Првото Претседателство го именуваше В. Кристофер Вадел за нов Претседавач Епископ на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Л. Тод Буџ ќе биде Прв Советник а Шон Даглас ќе служи како Втор Советник.

Претседавачката епископија на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни на 14 ноември 2025 година: Претседавач Епископ В. Кристофер Вадел (во средината), првиот советник Л. Тод Баџ (лево) и вториот советник Шон Даглас (десно)
Претседавачката епископија на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни на 14 ноември 2025 година: Претседавач Епископ В. Кристофер Вадел (во средината), првиот советник Л. Тод Баџ (лево) и вториот советник Шон Даглас (десно)

Оваа објава ќе ја пополни празнината што ја остави Старешина Жерард Косе, кој беше повикан во Кворумот на Дванаесетте Апостоли на 6 ноември 2025. Старешина Косе служеше како Претседавач Епископ повеќе од десет години. Епископ Вадел и Епископ Буџ беа советници на Старешина Косе.

Претседавачката Епископија служи под водство на Првото Претседателство. Меѓу другото тие се занимаваат со хуманитарна помош, програмите за благосостојба, десеток и посни прилози, физички простории и организација на членски записи. Тие исто така често патуваат за да им обезбедат поддршка на членовите на Црквата низ целиот свет.

Подолу се кратки детали од биографиите за секој член на претседавачката епископија.

Епископ В. Кристофер Вадел (Епископ Претседавач)

При својот прв повик во Претседавачката Епископија во 2016 година, Епископ Вадел забележа дека секој аспект од работата на Црквата — вклучително и непосредната работа на Претседавачка епископија, која се фокусира на грижата за оние на кои им е потребна — е да им се помогне на луѓето да се вратат кај Бога.

„Ако правиме сè со цел на крајот да ги возвишиме Божјите деца, без разлика дали почнуваме од временска или црковна гледна точка, на крајот сè води до истото место“, рече тој. „Кон тоа ние градиме“.

Грижејќи се за Божјите чеда, Претседавачката Епископија е фокусирана и на грижата за Божјите созданија. Еден ваков пример се главните приоритети за одржливост на животната средина што Црквата ги воспостави за да им помогне на Светците од Подоцнежните Дни да бидат мудри управители на земјата.

Во 2023, Епископ Вадел зборуваше за еден од овие приоритети — зачувување на водата — во контекстот на Големото Солено Езеро.

„Треба да им оддадеме признание на Божјите раце што ни го обезбедија овој благослов за нас [за вода] и дека нашата работа сè уште е незавршена“, кажа Епископ Вадел. „Мора да продолжиме со нашите напори со сета трудољубивост ако сакаме да ја донесеме потребната промена. Нека Господ ни ја даде сета вера и истрајност потребни за да бидеме мудри управители на нашата вода, нашата земја и ресурсите што течат низ неа.

Како и со останатите Генерални Власти, новата беседа на Претседавачот епископ беше фокусирана на Исус Христос.

„Ниту еден водач не покажал поголема храброст, ниту една хуманитарна организација не покажала повеќе љубезност, ниту еден доктор не излекувал толку многу болести, ниту еден уметник не бил покреативен од Исус Христос“ кажа Епископ Вадел во октомври 2023, неговото последно обраќање на генералната конференција. „Во свет на херои, со споменици и музеи посветени на подвизите на смртните луѓе, постои Еден кој стои над сите други“.

Епископ Вадел е роден во Лос Анџелес, Калифорнија на 28 јуни 1959. Се венчал со Керол Стеинсел во јули 1984. Тие се родители на четири деца.

Се стекнал со диплома во 1984 година на државниот универзитет во Сан Диего. На почетокот на 1984 работел со Марил Линч на неколку позиции, вклучувајќи ја прв потпретседател за инвестиции.

Пред да биде повикан како Претседавач Епископ, Епископ Вадел служел пет години како Прв советник во Претседавачката Епископија (2020–2025), пет години како Втор Советник (2015–2020) и четири години како Генерален Овластен во Седумдесетте (2011–2015). Негови други задачи вклучуваат полновремен мисионер во Шпанија, епископ, висок советник, советник на претседател на мисија, претседател на кол, претседател на Мисијата Барселона, Шпанија и Обласен Седумдесетти.

Епископ Л. Тод Баџ (Прв советник)

Епископ Баџ беше повикан како Генерален Овластен Седумдесетти во 2019 година. Во 2020, тој беше повикан како советник во Претседавачката Епископија. Во обраќањето на генералната конференција една година подоцна, Епископ Баџ им ја објасни на Светците од Подоцнежните Дни ширум светот улогата на епископот.

„Меѓу многу други работи, Претседавачката Епископија ја надгледуваат хуманитарната и работата на благосостојба за Црквата“, вели тој. „Оваа работа сега го опфаќа целиот свет и благословува повеќе Божји чеда од било кога досега“.

Еден аспект од оваа работа ширум светот дојде во 2022 кога Епископ Баџ презентираше донација на Црквата во вредност од 32 милиони американски долари на Светската Програма за Храна за справување со она што таа организација го нарече „сеизмичка криза со глад“.

„Исклучително сме благодарни што соработуваме со Светската програма за храна, бидејќи знаеме дека таа ќе им обезбеди храна на оние на кои им е најпотребна“, рече Епископ Баџ. „И им се заблагодаруваме на светците од подоцнежните дни и пријателите на верата чии финансиски жртвувања го овозможија овој дар“. Ваквите дарови ги прават Божјите деца малку посреќни, а сите нас малку посвети“.

Покрај неговата служба во Генералната Власт Епископ Баџ служел на неколку црковни повици, вклучително и како полновремен мисионер во мисијата Фукуока Јапонија, претседател на Млади мажи на кол, претседател на кворум на старешини, извршен секретар на кол, советник во претседателство на епископија, епископ, претседател на кол, претседател на мисијата Токио Јапонија, Седумдесетте на Област и член на Петтиот кворум на Седумдесетте во областа Јута.

Епископ Баџ беше роден во Питсбург, Калифорнија на 29 декември 1959. Се венчал со Лори Кејпнер во 1981. Родители се на шест деца.

Дипломирал уметност во економијата на Универзитетот Бригам Јанг во 1984 година. Епископ Баџ работел за „Бејн енд Компани Јапонија“, „Ситибанк Н.А.“ и „ЏЕ Капитал“ во Атланта и Јапонија. Во 2003 година, тој стана претседател и извршен директор на „Токио Стар Банк Лимитед“. Од 2008 до 2011 година, тој ја извршуваше функцијата претседател на одборот. Се пензионирал од банката во 2011. Во овој период, тој беше и член на одборот на директори на „Хавајски ерлајнс“.

Епископ Шон Даглас (втор советник)

Епископот Даглас беше повикан за Генерален Овластен Седумдесетти во 2021 година. Во времето на овој апел до Претседавачката Епископија, тој беше претседател на областа Мексико на Црквата.

На 28 август 2025 година, тој зборуваше на конгрес за верска слобода во Леон, голем град во централно Мексико.

„Верската слобода“, изјави тој, „ги удостојува човечкото суштество со достоинство и, кога е почитувана и заштитена, станува моќна алатка за градење мир“. Тој, исто така, нагласи дека „верската слобода и мирот се длабоко поврзани“ и ги покани другите вери да се обединат за да им помогнат на најранливите, вклучувајќи ги мигрантите, жртвите на насилство и луѓето што живеат во сиромаштија.

Другите задачи на епископот Даглас како Генерален овластен вклучуваат служба во седиштето на Црквата како асистент на област за областа Северна Америка најсеверната област и како помошен-извршен директор на Одделот за семејна историја. Пред полновремената црковна служба, тој бил обласен Седумдесетти во Северно Американската Југозападна Област.

Во своите проповеди, епископ Даглас нагласи дека најдобриот начин да се надминат животните тешкотии е да се верува во Исус Христос и да се држиме до Неговите заповеди.

„Нашето верување и покорност нè поврзуваат со моќ над сопствената за да го надминеме ‘[што и да] се случува — или не се случува — во нашите животи’,“ кажа тој на генералната конференција, цитирајќи го Претседателот Расел М. Нелсон. „Да“, продолжи тој, цитирајќи ги пророците од Книгата на Мормон, „Бог веднаш нè благословува затоа што верувавме и се покоруваме. Всушност, нашата состојба со текот на времето се менува во среќа, ‘а ние сме оживеани во Христос’ додека ја практикуваме нашата вера во него и се држиме до Неговите заповеди“.

Епископот Даглас, најновиот член на Претседавачката Епископија, се стекнал со диплома за сметководство на Универзитетот во Јута во 1988 година. Потоа тој работел како сертифициран јавен сметководител за компанијата „Прајс Ватерхаус“. Од 1990 година до неговото повикување како Генерален Овластен Седумдесетти во 2021 година, тој работеше за „Хантсман Корпорејшн“ на различни позиции, вклучувајќи контролор за поделби, благајник, потпретседател за администрација, потпретседател за корпоративен развој, извршен потпретседател и главен финансиски директор.

Епископ Даглас е роден во Солт Лејк Сити, Јута на 1 мај 1964. Се венчал со Ана Диксон во 1985. Тие се родители на четири деца.