На глобалниот Ден на Родителите, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни повторно ја потврдува својата посветеност кон зајакнување на семејствата ширум светот. На неодамнешниот настан одржан во Брисел на 13 мај, црковната канцеларија на Европска Унија и Меѓународни односи беше домаќин на Европската конференција за семејна политика и на Европската награда за семејни вредности. Собирот обедини различни водачи и организации обединети во нивните напори да ја промовираат семејната благосостојба ширум Европа.
На овој ден, креаторите на политиките, академици, новинари, верски водачи и застапници се собраа од цела Европа и Северна Америка за да учествуваат во суштински дискусии за семејството и да препознаат извонредно раководство во зајакнување на семејството како основна единка на општеството.
Настаните се дел од „Зајакнување на семејствата“, иницијатива во партнерство со институтот за јавни политики Sutherland Institute, од Јута. Овогодинешниот собир, исто така ја одбележа 30-годишнината од објавувањето Семејството: Проглас кон светот, доктринарна објава издадена од Првото Претседателство и Кворумот на Дванаесетте Апостоли на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, што ја потврдува централната улога на семејството во Божјиот план.

Видео порака од Антонела Сберна, потпретседателка на Европскиот парламент.


Говорници на првата панел сесија: Др. Винченцо Баси, претседател на FAFCE; проф. Џенет Ериксон, Универзитет Бригам Јанг; и проф. Матео Рицоли, Универзитет LUMSA.


Хајди Рингхајм, претседателка, сексолог и советник во „Mediahealth for Children and Youth“, споделува сознанија во втората сесија.


Ема Хаулет, стипендист на Институтот Витли на Универзитетот Бригам Јанг, и Маја Јесманович, проектен менаџер во Европската конфедерација на големи семејства, презентираат за време на третата сесија.


Лиза Перкинс, членка на Данскиот парламент, говори во четвртата сесија.


Марко Ла Марка, член на кабинетот на Дубравка Шуица, европски комесар за Медитеранот, говори за време на четвртата сесија.


Мари Дачбери и Арон МекИнис ја воодушевуваат публиката со музички настап.


Мерете Рисагер е добитничка на Европската награда за семејни вредности 2025 година.


Присутните се собираат на вечерата за Европската награда за семејни вредности за 2025 година.

Денот започна со пет динамични сесии како дел од Европската конференција за семејна политика, кои нудеа пребарување, искуства од политиките и непосреден увид во предизвиците и можностите со кои се соочуваат семејствата денес. Настанот го отвори Антонела Сберна, Потпретседател на Европскиот парламент одговорна за Член 17 од Договорот за Функционирање на ЕУ со цркви и неконфесионални организации. Во својата видео порака, таа повика на „Европски семеен договор“ и ги повика креаторите на политики семејството да стане најважниот дел на иднината на Европа, истакнувајќи ја неговата суштинска улога во социјалната кохезија и граѓанскиот живот. Таа изјави дека „Семејството не е теоретска идеја, ниту треба да се гледа така, туку реална, секојдневна стварност.“
Првата сесија ја обработи темата за состав на семејството и добросостојба на децата. Др. Винченцо Баси, претседател на FAFCE, објасни дека историски „семејството ја воведе цивилизацијата кај човештвото“ и дека бракот беше првиот завет што ги постави интересите на друга личност над своите. Професорка Џенет Ериксон, научен соработник за семејство на институтот БРЈ, ја нагласи важноста на домот со двајца родители, нарекувајќи го „фактор на поделеност меѓу класите“. Таа изјави дека истражувањата покажуваат дека децата во такви опкружувања се навистина привилегирани. Професор по политики од областа на Економијата, Матео Рицоли од Универзитетот „LUMSA“ во Рим додаде: „Не станува збор за тоа како да го направиме одгледувањето на децата поевтино, туку како да им дадемае вредност на семејствата“, сугерирајќи дека поставањето на вредноста на семејството во центарот е исто толку важно како и финансискиот стимул.
Втората сесија ја потенцираше потребата за подлабоко размислување за семејната политика Хосе Луис Базан од Комисијата на епископските конференции на ЕУ COMECE даде преглед на католичките ресурси достапни за семејствата и младите. Рик Ларсен, претседател и извршен директор на Институтот Сатерленд, рече: „Забораваме дека семејството е тоа што придонесува за функционално општество“.
Третата сесија ги прикажа гласот на младите од истражувањето и застапувањето. Маја Јесманович од Полска, менаџер на Конфедерацијата на Европските Големи Семејства во Шпанија, тврдеше дека: „Младите сè уште сакаат да имаат деца – го сакаат тоа од сé срце, но не со разум“, укажувајќи дека стравот и неизвесноста играат голема улога во процесот на донесување одлуки. Истражувачката студентка од Универзитетот Бригам Јанг, Ема Хаулет, го нагласи значењето на примерот: „Толку многу го цениме семејниот живот, што се плашиме да се вклучиме ја прифатиме, доколку не е совршен“. Таа спомена дека младите луѓе генерално се скептични кон институциите и бараат автентичност и доверба во нивните извори.
Четвртата сесија беше фокусирана на законодавното раководство. Сенаторот на државата Јута, Тод Вајлер, и претставничката Кендис Пјеруџи споделија иницијативи во чиј центар е семејството во областа на образованието, даночната политика и дигиталната заштита на децата. Лиза Перкинс, членка на Данскиот парламент, го претстави својот став за системите на семејна политика: „Создадовме земја на благосостојба која е толку комплексна што сега се натпреварува со семејствата“. Марко Ла Марка, член на кабинетот на Дубравка Шуица, европски комесар за Медитеранот, го истакна економскиот придонес на мајките кои остануваат дома: „Треба да го преиспитаме начинот на кој ги гледаме бројките на БДП, бидејќи тие не го земаат во предвид нивниот труд“.
Конференцијата заврши со пленарна сесија на која беа сумирани клучните идеи. Говорниците се согласија за потребата од долгорочен, принципиелен пристап. „Можеби сме премногу фокусирани на деталите“, забележа професорот Рицоли. „Кој е нашиот голем план?“ Во контекст на семејните вредности во општеството.
Затворајќи ја конференцијата, Франческо Ди Лило, директор на Канцеларијата за ЕУ и меѓународни односи, се повика на Семејството: Проглас кон Светот и ги покани „одговорните граѓани и службени лица од владата насекаде да ги промовираат овие мерки создадени да го одржат и зајакнат семејството како основна единка на општеството“.
По конференцијата, гостите се собраа на вечерата и презентацијата на Европската награда за семејни вредности за 2025 година, вклучувајќи музички настап од Арон МекИнис (тенор) и Мари Дачари (пијано).
Примателка на наградата за 2025 година беше Мерете Рисагер, поранешна данска министерка за деца и образование. Како долгогодишна застапничка за правата на родителите и слободата во образованието, влијанието на Рисагер се проширува на национални и европски платформи. Нејзината работа го обликуваше законодавството, јавниот дијалог и интелектуалниот дискурс.
Во своите забелешки при прифаќањето на наградата, Рисагер ја сподели приказната за нејзините баба и дедо, кои изградиле и дом и бизнис во повоена Данска. Таа говореше за семејна култура заснована на служба, понизност и радост. „Тие нè научија дека животот може да ни понуди пријатен или тежок почеток, но што ќе направиме со него е наша сопствена одговорност,“ рече таа. „Не сме дојдени на овој свет да го задоволуваме земјата или шефот на работа. Тука сме за да го почитуваме самиот живот и да ја исполниме нашата улога во него најдобро што можеме“.
Иако беше изненадена од признанието, Рисагер рече дека наградата е потврда за тивка вистина за нејзината работа: „Никогаш не се гледав себеси како личност која се бори за семејството, но кога гледам наназад, сфаќам дека токму тоа сум го правела“.
На крајот од вечерта, гостите ја изразија својата благодарност за можноста да размислат, да се поврзат и повторно да се посветат на споделената одговорност при зајакнување на семејствата. Конференцијата и наградата потврдија јасна тема од Семејството: Проглас кон Светот; дека семејството е централен дел од планот на Творецот за вечната судбина на Неговите чеда.