
Спасителот ги покани Своите ученици „нека свети вашата светлина пред овој народ, за да ги видат вашите добри дела и да го прослават вашиот Отец кој е на небото“ (1)
Многупати во светите писма наоѓаме дека ние сме светлината на светот.
Всушност, многу луѓе во опкружувањето во кое живееме нé забележуваат. Во многу работи што ги правиме на дневна основа околината во која најчесто престојуваме нé приметува како членови на Црквата на Исус Хритос.
Луѓето околу нас на училиште или на факултет, на работа или во другите опкружувања во кои најчесто сме присутни, забележале дека ние не пиеме алкохол и не пушиме.
Многу повеќе луѓе ќе ја видат Исусовата светлина во нашите лица.
Над сé луѓето ќе приметат како се однесуваме кон другите луѓе. По начинот на кој разговараме со другите луѓе, најзабележливо ќе биде како си служиме едни на други, и како меѓусебно си помагаме.
Претседателот Расел М. Нелсон вели:
Почитувани мои браќа и сестри, како меѓусебно се однесуваме навистина е важно! Како разговараме со и за другите дома, во црква, на работа и на интернет е навистина важно. (2)
Кога се крштеваме, го преземаме врз нас името на Христос.
Пророкот Алма нé поучува:
„...и сега, кога сакате да пристапите на стадото Божје, и да се нарекувате Негов народ, дали сте спремни да ги носите товарите еден на друг, да можат да бидат лесни;
... и да бидете Божји сведоци во сите времиња и во сé, и на сите места каде и да сте, и тоа до смрт, за да бидете искупени од Бога и да бидете вброени меѓу оние од првото воскресение, да може да имате вечен живот-
... како сведоштво пред Него дека влегувате во завет со него, да Му служите и да се држите до неговите заповеди, за тој да го излее својот Дух пообилно врз вас? “(3)
По крштевањето го добиваме дарот на Светиот Дух, кој секогаш ќе биде со вас, во зависност од стапенот на нашата верност.
Истата придружба на Светиот Дух ни помага да разликуваме добро од зло и да правиме добрина, ... заради Духот на Семоќниот Господ, кој предизвикува моќна промена во нас, т.е. во нашите срца, така што веќе не сме склони да правиме зло, туку постојано да правиме добрини. (4)
Секој ден од нашиот живот, ние мора да бараме можности постојано да правиме добрини, и да го следиме водството на духот. Ќе добиеме многу прилики да го сториме ова.
Евангелието на Исус Христос е многу едноставно и практично. Понекогаш трошиме многу време обидувајќи се да ги појасниме принципите на евангелието, но најдобрата работа што може да ја направиме е да ги поканиме нашите пријатели да присуствуваат на сакраментална средба.
За време на сакраменталната средба Светиот Дух ќе сведочи за вистинитоста на сите работи.
Побарајте ги ваквите можности за правење добрина, за служење во Црквата и надвор од неа, во било кое опкружување.
Ајде да ги поканиме нашите пријатели да дојдат да видат, да ја почувствуваат радоста што произлегува од влијанието на Светиот Дух.
Правејќи го тоа секоја недела, јас сведочам дека ќе станеме подобри ученици на Исус Христос, секојдневно ќе наликуваме сé повеќе на него, и ќе се чувствуваме поблиски со него.
- Матеј 5:16; види и 3 Нефи 12:16).
- Потребни се Миротворци, Прет. Нелсон, Генерална Конференција април 2023)
- Мосија 18: 8-10)
- Мосија 5:2)