Како Господовиот дом го благословува рапидниот раст на Црквата во Франција и Европа

Старешина Косе и локалните Светци споделуваат како церемониите насочени кон Христос ги зајакнуваат семејствата и верата

Како што наближува крајот на неговата служба во Европа, Старешина Жералд Косе од Кворумот на Дванаесетте Апостоли, придружуван од својата сопруга Валери, го посети храмот Париз во Франција, во четвртокот и петокот на 26-27 февруари 2026 година. Тие учествуваа на свети церемонии, беа во посета на патроните и водачите на храмот, а во Центарот за посетители на Храмот Париз се сретнаа со новите членови на Црквата и со новинарите.

„Храмските обреди нè прават посебни и нè издвојуваат од сите други христијански цркви“, кажа Старешина Косе на конференцијата на Парискиот јужен кол одржана за Светците од Подоцнежните Дни и пријателите на верата во неделата, на 22 февруари. „Колку цркви можат да кажат и потврдат дека семејствата можат да бидат вечни“?

Храмовите се свето место за Светците од Подоцнежните Дни. Церемониите изведени во храмот дозволуваат семејните врски да опстојат и по смртта. Храмовите се разликуваат од локалните простории за средби. Неделните богослужби и другите активности текот на работната недела во локалните простории за средби се отворени за сите. Храмовите се резервирани за подготвените и верни членови.

Членовите се жртвуваат за да богослужат на овие посебни места. Нејтан Невил, на пример, патувал подолго од два часа за да служи во Храмот Париз во текот на неделата кога Старешината Косе беше во посета на Франција.

„Ни се допаѓа што сме тука да служиме и да го чувствуваме присуството на [Исус Христос]“, рече Невил. „Нашиот живот е многу исполнет. Ова е прилика да се одвои време за [да се присуствува во Господовиот дом] каде човек се чувствува подобро.“

Стефанија Тонон богослужи во храмовите уште од мала возраст. Присуството во Господовиот дом ѝ помага да се зближи со Христос и со нејзиниот татко, кој почина кога таа имаше 13 години.

„Богослужењето во некој храм ми значи многу“, кажа таа. „Тоа ме врзува за Господ, и го имам истото чувство [секое доаѓање во храмот] што го имав кога бевме запечатени како семејство со мојот татко. Сакам да богослужам во храмот затоа што сакам да го задржам ова чувство одново и одново. Јас навистина го наоѓам Господ тука во Неговиот дом.“

Од моментот кога во 1998 година, Претседателот Гордон Б. Хинкли им кажа на Светците во Франција дека ќе се изгради храм во нивната земја, речиси две децении семејството Косе им го приближува на граѓаните.

„Не помина ниту еден ден а нашето семејство да не понуди молитва во име на проектот за изградба на храмот“, рече апостолот. „И колку прекрасно беше искуството како семејство да можеме да се собереме заедно во храмот веднаш по (п)осветувањето [во 2017].

Таа година, Старешина Косе и неговата сопруга Валери една недела служеа како водичи во Храмот Париз пред неговото осветување од претседателот Хенри Б. Ајринг од Првото претседателство. За време на една обиколка, расправавме за концептот на вечност.

Апостолот објасни: „Тој ден сфатив нешто, што го земав здраво за готово. Преку обновувањето на црквата, преку клучевите од свештенството и запечатувањето на семејствата, ние имаме визија што опфаќа многу повеќе од овој живот. Имаме сè што ни е потребно за наша егзалтација.“

Во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, под егзалтација се подразбира највисоката форма на спасение. По Воскресението, луѓето можат да живеат во Божје присуство со своите семејства и да добијат потполна радост.

За Претседателот Ајринг, Храмот Париз беше начин да се „создаде генерација на верници кои зборуваат француски длабоко посветени на Господ Исус Христос и подготвени да го донесат евангелието на светот“, рече старешина Косе.

Фокусот на Христос проткајува низ храмот, додаде тој, и луѓето што не се членови на оваа Црква го забележуваат тоа.

„Постои ваква врска помеѓу Исус Христос и храмот“, рече тој. „Секако, сите обреди што ги извршуваме во храмот се во името на Исус Христос. Ова се заветите што ги склучуваме со Исус Христос. Но, исто така и за нашите пријатели, луѓе кои не се од нашата вера, кога ќе дојдат на теренот овде, првото нешто што ќе го видат е таа статуа на Исус Христос, и за нив тоа ќе биде потврда дека нашата Црква, нашата религија, сето тоа се врзува со Христос“.

„Познавам многу луѓе“, додаде тој, „кои се преобратиле или го почувствувале Духот со самото доаѓање тука и сфатиле дека Христос е во центарот на нашата религија.“

Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни брои околу 500.000 членови во Европа. На различни генерални конференции во последните години, Претседателот Расел М.Нелсон најави планови за изградба на 10 храмови на различни места низ Европа.

  • Виена, Австрија
  • Будимпешта Унгарија
  • Брисел Белгија
  • Хамбург Германија
  • Даблин, Ирска
  • Милано, Италија
  • Осло, Норвешка
  • Порто, Португалија
  • Единбург, Шкотска
  • Барселона, Шпанија
  • Бирмингем, Обединетото Кралство

Три од нив, Брисел Белгија, Будимпешта Унгарија и Бирмингем Англија, започнаа со изградба.

Покрај тоа што присуствуваат во храмот за личен духовен напредок, Светците од Подоцнежните дни служат како доброволци. Ги пречекуваат посетителите и им помагаат на присутните.

Посетата на Старешина Косе на Храмот Париз сведочи за важноста на Господовиот дом преку неговото сведоштво и сведоштвата на неговите членови. Со значителниот раст на Црквата ширум светот— вклучително и во Европа— храмската градба се забрзува.