
По завршувањето на Конференцијата на кол со која претседавав, Претседателот на кол ме запозна со една прекрасна и храбра млада повозрасна жена. Дознав дека само неколку недели пред да ја отслужи својата мисија и била дијагностицирана тешка и акутна форма на рак. Таа била подложена на долги, болни и инванзивни третмани кои оставиле физички и емоционални лузни.
Можев да ја видам и да ја почувствувам нејзината болка. Моето срце плачеше со неа. И течеа солзи додека се прашуваше зошто неа и се случува ова кога имаше толку силна желба да му служи на Господ. „Како да продолжам да живеам до крајот на мојот живот со толку многу несигурност“, запраша таа. И предложив да се однесува кон секој ден од својот живот како да е дар од Бога. Впрочем, никој од нас не знае кога нашиот Небесен Отец ќе нè повика дома. Ако живееме и го сакаме секој ден што го дишеме [1] и се ставаме себе си во служба на нашиот Бог [2] ќе се чувствуваме благословени, дури и во нашите искушенија и неволји. Споделив со неа неколку лични работи што ги научив за тоа како му се обраќам на Бога и како да најдам радост во моите сопствени неволји. Посакав да ја поканам свесно да излезе од себе си и ја поттикнав да се моли за внимателни очи (повнимателно да може да ја набљудува околината). За да може да ги види искушенијата на другите преку очите на Спасителот и секој ден од нејзиниот живот да биде нивни благослов.
Нашиот поглед кон нашите сопствени животи ќе се промени кога се трудиме да им служиме на другите. Нашата горка чаша [3] ќе стане благословена [4] и послатка сé додека се стремиме да преминеме од „зошто страдам?“ до „како можам да служам?“ како начин на размислување. Ќе се чувствуваме поддржани од ангелите и ќе ја искусиме исцелителната моќ на Спасителот пообилно во нашите животи.

Во Марко 5, читаме за жена која 12 години страдала од проблем со крвта. Нејзината состојба не само што влијаела на нејзиното здравје, туку ја оставила во социјална изолација. Таа мора да била очајна. Кога слушнала за Исус, поверувала дека доколку таа ја допре Неговата облека ќе стане целосна. Со вера, посегнала и го допрела. Исус се свртил и ја побарал велејќи: „Ќерко ти оздраве, врз основа на твојата вера. Оди си спокојна и здрава“. [5] И еве ја извонредната работа: Таа не само што била физички излекувана, туку била „целосна“, обновена духовно, ментално, емоционално и социјално.
Исус Христос нуди повеќе од само утеха или исцеление, Тој нуди целосност. Сите ние можеме да се носиме со невидени тешкотии: болка, болест, тага, зависност, сомнеж, вина или срам. Можеби се чувствуваме скршени и имаме потреба да бидеме целосни. Кога посегаме кон Небесата во нашата болка, и во очај се обраќаме кон Господа [6] преку искрена молитва исполнета со вера, Тој нé слуша, се среќава со нас каде и да сме, и нé прави целосни.
Подлабокот значење на целосноста е да се биде комплетен, во мир и во согласност со нашиот Небесен Отец. Преку Спасителовото помирување сите ние можеме да ја надминеме физичката и духовна смрт и да бидеме целосни.
Јас и мојата сопруга Кристи учествувавме на мегународната конференција FSY 2022 во Германија. Една песна од таа конференција најмногу го привлече моето внимание. Се вика „Healer (Исцелител)”. Ова се зборовите од рефренот: „He’s the healer, The deliv’rer From all pains, from all burdens and scars (Тој е исцелителот, Искупителот на сите болки, од сите товари и лузни.) When you’re hurting, Find His mercy, And He will fix ev’ry piece of your heart”. (Кога си ранлив, најди Милост во Него, и Тој ќе го залечи секој дел од твоето срце“.) [7] I find it hard to sing along without getting emotional and shedding tears (Ми паѓа тешко да пеам без да станам емотивен и да пролеам солзи). Oh, how I need the Saviour to abide with me and make me whole! (О, колку ми е потребен Спасителот да остане со мене и да ме направи целосен!) Кога заедно одиме по заветниот пат со вера, Спасителот оди со нас. Неговата покана е иста за сите нас: „Дојдете кај Мене“ [8]. Тој го знае вашето срце. Ги знае тешкотиите што ги носите. И само Тој може навистина да ве направи целосни.
[1] Мосија 2:21
[2] Мосија 2:17
[3] Матеј 26:39 и 3 Нефи 11:11
[4] Матеј 26:27
[5] Марко 5:34
[6] 2 Нефи 33:3
[7] Текст и музика на Ник Деј. Аранжман на Мич Дејвис, Ник Деј и Шин Хјубрич. Продукција на Мич Дејвис. Уметник: МекКена Хиксон © 2022 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Оваа песна може да се копира за повремена, некомерцијална употреба во црква или дома
[8] Матеј 11:28-29