Порака на Обласното раководство

Кога рајот изгледа молчелив

Понекогаш зборуваме за Помирувањето само во смисла на прошка, и тоа е тоа— величествено. Но иксупуваањето е исто така моќ што дава сила: сила да се издржи, повторно да се стане, да се истрае, и да се обиде повторно.

image
Старешина Самуел Лопез член на Седумдесетмината за Европа Централна област

Понекогаш пледираме кон Господа за конкретен одговор... и не испаѓа како што сме очекувале, или се чини дека тој никогаш не доаѓа.

Постојат моменти кога рајот ни изгледа молчелив. А тој молк може да стане тежок — товар — особено кога нашата сила нè напушта.

За време на една задача, споделив оброк со прекрасни млади возрасни лица кои се подготвуваа да ја водат FSY и научив лекција што нема да ја заборавам.

Млад човек надарен за музика ми кажа дека понекогаш бара водство од Господ и не наоѓа јасен одговор. Затоа, прифаќајќи го непознатото, тој тргнал напред со вера обидувајќи се да даде сѐ од себе. Овој „небесен молк' може да биде тежок; се чувствуваме изгубено или помислуваме дека Бог не нè слуша.

Образложува дека еден ден тој сфатил нешто: во музиката, интервалите тишина не се грешка; тие се дел од музиката. Ја обликуваат и ѝ даваат значење на пиесата. Без интевали тишина, нема дишење и нема облик; без нив, нема мелодија. Тој почувствува дека, во Господовата „музика', некои моменти на тишина имаат и една намена намена: тие се дел од едно поголемо дело.

Самиот Господ поучува дека Неговиот начин на обраќање не секогаш е драматичен. Од искуството на Илија, учиме дека Господ не е во ветрот, не е ни во земјотресот, ниту во огнот, туку во „здив од тих ветар(1).“ Понекогаш дури има и пауза. И во тој простор, Господ можеби обликува нешто во нас: понизност, трпение, верба.

Но, молкот не значи дека сме напуштени.

Во Исаија читаме: „Јас тебе нема да те заборавам... На своите дланки сум те врежал (2)“. И во Евреите Господ потврдува: „Нема да те оставам, ниту пак ќе те напуштам' (3). Бог не ги сака луѓето само затоа што се човечки суштества. Тој го сака секое од Своите чеда еден по еден, и Тој го знае секој детаљ од нашите животи и посакувањата од нашите души.

Тоа е причината поради која Книгата на Мормон зборува за „благите Господови милости“(4). Тие се мали—но многу реални—потсетници што Господ ги испраќа за да порача: „Јас сум тука.' Понекогаш тие не доаѓаат како некое непосредно решение, туку како поддршка: потврда, светлина што повторно ја пали надежта.

image

Некој многу посебен за мене сподели неодамнешно доживување. По долг период на „небесен молк', за неа стануваше претешко да се држи до верата. Една недела таа не сакаше да оди во црква, сепак одлучи да го следи својот внатрешен глас и да преземе чекор: да биде присутна таму, иако незјината вера била „мала“.

И тогаш, со едноставен и речиси обичен гест, Господ и дарува нежна милост. Таа виде еден млад човек кој се соочуваше со значителни попречености како го предава сакраментот, потпомогнат од грижата и безусловната љубов на својот татко. Не беше тоа нешто спектакуларно. Ниту пак нешто големо. Но, тоа беше јасна и лична порака—како небесата да ѝ прозбореле на нејзиниот „духовен јазик“ за да кажат: „Јас сум тука. Те гледам. Знам како се чувствуваш. Те сакам.“

Еве ја суштинската поента: овие искажувања на милосрдност не се резултат на случајност. Тоа се знаци на љубов овозможени преку Помирувањето на Спасителот Исус Христос.

Понекогаш зборуваме за Помирувањето само во смисла на прошка, и тоа е тоа— величествено. Но иксупуваањето е исто така моќ што дава сила: сила да се издржи, повторно да се стане, да се истрае, и да се обиде повторно.

Алма јасно поучуваше за ова: Спасителот ги презеде врз себе сите „болки... невољи... [и] искушенија' за да може „да знае според телото како да му помогне на својот народ(5)“. Поддршка е помош сега, во вистинскиот момент, на специфичен начин на кој Тој смета дека ни е потребен. Господ не секогаш го отстранува бремето веднаш, но Тој ветува: „Јас ќе... ти ги олеснам товарите... за да можеш да знаете... дека јас... го посетувам мојот народ во неговите неволји(6)“.

Ако живеете во небесна тишина и чекате одговор кој не доаѓа со јасност, не се откажувајте. Не ја мешајте паузата со отсуство.

Понекогаш тишината е дел од Господовата музика. Па дури и тогаш, Тој продолжува да пишува милости во деталите — некои толку лични што само нашите срца ги разбираат. Самиот факт не ги прави помалку реални; ги прави посвети.

Бидејќи Спасителот Исус Христос не се ограничува само на зборување. Тој советува. Тој поддржува. Тој останува со нас.

Јас сведочам дека Неговото Помирување е реално и доволно, не само за да нè прочисти, туку и да нè зајакне кога ни недостасува сила. Јас знам дека Небесниот Отец не ги заборава Неговите чеда. Јас знам дека Тој е во ситните работи. И јас знам, од лично искуство, дека дури и кога рајот ни изгледа молчелив, Спасителот сепак делува — понекогаш на јазик толку личен што само ние го разбираме. Во името на Исус Христос, амин.


Фусноти

  1. 3 Царства 19:11–13
  2. Исаија 49:15–16
  3. Евреите 13:5
  4. 1 Нефи 1:20
  5. Aлма 7:11–12
  6. Moсија 24:14–15