Солт Лејк Сити

Наоѓање на ‘Најголемата љубов’ преку Исус Христос оваа Велигденска сезона

Jesus and Mary at the tomb

Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни се фокусира оваа сезона на Велигден на „најголемата љубов“ на Христос , една фраза од Јован 15:13 во Новиот Завет, „Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели“. Во неодамна објавената видео порака, Претседателот Далин Х. Оукс од Првото Претседателство на Црквата ги охрабрува членовите и пријателите на верата да ги проучуваат Христовите учења и да воспостават велигденски традиции во чиј центар е Христос.

Гледајте ја подолу пораката на Старешина Оукс на англиски:

„Како што влегуваме во оваа нова година, дозволете ни да се подготвиме за Велигденското прославување на помирувачката жртва на Исус Христос, која ќе кулминира со Неговото Воскресение–најславниот настан во историјата“, рече Претседателот Оукс, кој зборуваше во име на целото Прво Претседателство.

Како да го направиме ова?

Еден важен начин на прославување, вели Претседателот Оукс, е да се предава за „големото значење на универзалното воскресение“. За Светците од подоцнежните Дни, појаснува тој, „воскресението значи сите што некогаш живееле ќе воскреснат—а воскресението е буквално“.

Оваа вистина се поучува во Книгата на Мормон.

„Сега, постои смрт наречена привремена смрт“ поучува еден пророк од Книгата на Мормон. „А Христовата смрт ќе ги раскине оковите на оваа привремена смрт, така што сите ќе воскреснат од оваа привремена смрт“.

„Искупувањето преку Исус Христос е централната порака на пророците низ вековите“, вели Претседателот Оукс. „Книгите на Новиот Завет поучуваат дека страдањето и крвопролевањето на нашиот Спасител нé искупува за нашите гревови и дека Неговото Воскресение нé разуверува дека сите кои некогаш живееле на оваа земја исто така ќе воскреснат. Потоа сите ние ќе живееме засекогаш со прославено тело од месо и коски“.

Светците од Подоцнежните Дни и другите треба да култивираат велигденски традиции во чиј центар е Христос, вели Претседателот Оукс. Тој бележи дека едно од можните рагледувања е пасхалниот или Велигденски поздрав што се разменува во некои делови на светот каде едно од лицата вели „Христос воскресна“ а другиот одговара, „Навистина, Тој воскресна!“

Големиот дар од Воскресението, поучува Претседателот Оукс, „е овозможен со големиот план и безграничната љубов на Бог Отецот и нашиот Спасител Исус Христос“.

Jesus and Mary at the tomb
Марија Магдалена зборува со Исус по Неговото Воскресение.

#НајголематаЉубов

Оваа важна порака од Претседателот Оукс е дел од поголемата велигденска прослава на Црквата за 2025 година. Темата за оваа година е „Најголемата Љубов“, реченица од Јован 15:13: „Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели“

Црквата се фокусира на „најголемата љубов“ на Христос на многу начини.

  • На Велигден (20 април, 2025), сите се добредојдени да ни се придружат да му служиме на Спасителот на светот и да го прославиме Неговиот дар на универзално воскресение.
  • Водичот за проучување насловен Света Недела ќе биде објавен на ChurchofJesusChrist.org за да им помогне на луѓето да дознаат нешто повеќе за љубовта на Спасителот.
  • На Велика Недела, ќе се емитува специјална епизода на „Музика и кажан збор“, фокусирана на темата „Најголемата Љубов“.
  • За време на Велигден, Светците од Подоцнежните Дни ширум светот ќе го прославуваат Спасителовото Воскресение преку концерти и други настани со пријателите од другите вери.
  • Црковните водачи ќе го поттикнуваат проучувањето на евангелието во текот на Светата недела и ќе споделуваат пораки за Воскресението.
  • Објавени се веб локацииEaster.ChurchofJesusChrist.org со различни ресурси, алатки за проучување и активности на 11 јазици.
  • Велигденска музика и видео записи со плејлисти ќе бидат обезбедени на црковните канали на јутјуб, Strive to Be и Gospel Stream.
  • Сите се поканети да споделат сведоштво за Исус Христос и благословите од неговото Воскресение, вклучително и на социјалните медиуми користејќи го хаштагот #НајголематаЉубов.