Највисокото водечкото тело во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни е Првото Претседателство, кое се состои од претседателот и неговите двајца советници. Ова тројно водечкото тело го надгледува работењето на целата Црква во сите прашања поврзани со политика, организација и администрација.
Второто по ранг претседателско тело во црковната хиерархија е Кворумот на Дванаесетте Апостоли. Апостолите служат под водство на Првото Претседателство и имаат значајни административни одговорности за да го обезбедат уредниот напредок и развој на Црквата низ целиот свет. Првото Претседателство и Дванаесетте Апостоли се сметаат од страна на Светците како пророци кои добиваат божествено откровение и инспирација за да ја водат Црквата.
Именувањето на нов претседател на Црквата се одвива на уреден начин кој — што е реткост во денешниот свет — целосно избегнува какви било обиди за внатрешно лобирање за позиција или ранг. Од страна на членовите, овој процес се гледа како божествено откриен и е лишен од какво било изборно натпреварување, било во јавност или зад затворени врати.
Покрај тоа, не е само структурата на црковната организација таа што го регулира овој процес. Процесот е воден и од длабоко вкоренета традиција во Црквата, според која личната амбиција за лидерство на кој било ниво се смета за несоодветна. Наместо тоа, она што е важно е личната достојност и скромната подготвеност да се служи кога ќе се биде повикан.
Кога претседателот на Црквата ќе почине, се случуваат следниве настани:
1. Првото Претседателство автоматски се распушта.
2. Двајцата советници во Првото Претседателство се враќаат на своите места според старешинство во Кворумот на Дванаесетте Апостоли. Старешинството се одредува според датумот на ракополагање во Дванаесетте, а не според возраста.
3. Кворумот на Дванаесетте Апостоли, кој сега брои 14 членови и е предводен од најискусниот апостол, ја презема раководната улога во Црквата.
4. Најискусниот апостол претседава на состанок на Кворумот на Дванаесетте за да се разгледаат две алтернативни предлози:
i. Дали Првото Претседателство треба да се реорганизира во овој момент?
ii. Дали Црквата треба да продолжи да функционира со Кворумот на Дванаесетте како водечкото тело?
5. По дискусијата, се предлага и се прифаќа формален предлог од страна на Кворумот на Дванаесетте Апостоли.
6. Ако се прифати предлогот за реорганизација на Првото Претседателство, Кворумот на Дванаесетте едногласно го избира новиот претседател на Црквата. Новиот претседател избира двајца советници и тројцата заедно го формираат новото Прво Претседателство. Во историјата на Црквата, најдолго служечкиот апостол секогаш станува претседател на Црквата кога Првото Претседателство се реорганизира.
7. По реорганизацијата на Првото Претседателство, втор најдолго служечки zпостол се поддржува како претседател на Кворумот на Дванаесетте. Кога вториот најдолго служечки апостол е повикан во Првото Претседателство како советник, тогаш третиот најдолго служечки апостол станува вршител на должноста претседател на Дванаесетте.
8. Претседателот на Кворумот на Дванаесетте, заедно со останатите апостоли, го поставува* новиот претседател на Црквата преку формално положување раце.
Од официјалното основање на Црквата на 6 април 1830, имало 17 претседатели, вклучувајќи го и Претседателот Расел М. Нелсон.
*По прифаќањето на повик за служба, членовите на Црквата се „поставуваат“ за таа служба. Ова се прави во согласност со библиската практика на положување раце.Свештеничкиот водач ги поставува своите раце врз главата на лицето што се поставува и изговара молитва, со која му се доделува авторитет и способност да ги извршува должностите на службата, како и личен благослов.