Зошто се случува оваа промена?
Оваа прилагодување е наменето да им помогне на членовите да се фокусираат повеќе на учењата на Исус Христос, да го зајакнат изучување на евангелието во домовите, да го зајакнат другарството, чувството на припадност и заедништво во црквата.
Дали има некакви промени во распоредот на сакраменталните средби?
Не. Сакраменталната средба ќе продолжи да трае не подолго од 60 минути. За време на оваа средба, членовите земаат сакрамент и се сеќаваат на Исус Христос. Сакраменталната средба дава можност за размислување на Божјиот план, за учество во предавањата и музиката и споделува сведоштва за Исус Христос и Неговото евангелие. Водачите треба да ги испланираат средбите кои се возвишувачки и инспиративни, а членовите и водачите треба да соработуваат за да создадат позитивно и осмислено богослужење. (Види Општ Прирачник: Служење во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, 29.2.1.)
Кој е форматот на часови за Неделна Школа?
Часовите за Неделна Школа го зајакнуваат изучувањето на евангелието во домот. Часовите се отвораат и затвораат со молитва, а предавачите ги водат дискусиите фокусирани на светите писма и прирачникот Дојдете, Следете Ме—За дома и за во Црква. Овие разговори поттикнуваат самостојно и семејно изучување на Светото писмо, а воедно им даваат можности на членовите да споделат размислувања, сведоштва и доживувања што градат вера во Небесниот Отец и Исус Христос. (Види Општ Прирачник, 13.2.3.)
Кој е форматот на средби на Мелхиседековото Свештенство и на Здружението за помош?
Средбите почнуваат и завршуваат со молитва. Евангелската поука е фокусирана на пораките од последната генерална конференција. Претседателствата бараат водство од Духот додека избираат пораки како тема за дискусија. За време на часот, членовите дискутираат за тоа како принципите наведени во пораките се применуваат на нивните соодветни предизвици и можности. Тие се охрабруваат не само да ги сфатат учењата туку и да ги применуваат во нивните секојдневни животи. Водачите и предавачите треба да се погрижат дискусијата да бида фокусирана на Спасителот и да им помогнат на членовите да го зајакнат нивниот заветниот однос со Него.
Каква наставна програма што Младите жени и Младите мажи ја следат во неделите?
Почнувајќи од 6 септември, младите жени и младите мажи продолжуваат со изучување на Дојдете, Следете Ме за време на Неделната Школа секоја недела. На часовите за млади жени и кворумите на Ароново свештенство, младите дискутираат за вечните вистини најдени во водичот FSY и светите писма што ќе им помогне да живеат како доживотни ученици на Исус Христос. Како дополнителна поддршка на наставната програма за часовите и кворумите е списанието За силата на младите .
Во каков формат се средбите за Ароново Свештенство и Млади Жени?
Средбите почнуваат и завршуваат со молитва и се водени од член на претседателството на кворум или претседателството на часови за млади жени. Изучувањето на Евангелието го спроведува возрасен водач, млад човек (или повеќе млади луѓе), или младинец потпомогнат од возрасен водач.
Почнувајќи од септември 2026, лекциите ќе се фокусираат на вистините од ажурираниот За силата на младите: Водич за Носење одлуки (понуден сега во Евангелска Библиотека а наскоро и во печатен формат). Новото издание вклучува 12 поглавја, при што се проучува по едно поглавје секој месец. Списанието За силата на младите ќе понуди дополнителни ресурси за поддршка на темата за тековниот месец, почнувајќи од септемвриското издание 2026.
Кој е форматот на средбите за Основно?
Средбите за Основно ќе го следат распоредот наведен подолу:
- 25 минути - Молитва, свето писмо или поставка на верата, и говор или сведоштво (5 минути)
време за пеење (20 минути) - 5 минути Префрлање до училница
- 25 минути - Часови: лекции од Дојдете, следете Ме—За дома и за во Црква
Во одделите со многу деца, водачите на Основно може да ги поделат децата во две групи. Едната група е во училницата додека другата група е во просторијата наменета за пеење, a потоа двете групи си ги менуваат местата.
Кога одржуваме средби за советот на предавачи?
Средбите на советот на предавачи се одржуваат еднаш месечно за време на еден од 25-минутните часови во недела.
- Предавачите и водачите на Здружение за помош, Млади жени и кворумот на старешини можат да одржат средба за време на одржувањето на Неделна Школа.
- Предавачите од Неделна Школа можат да се состанат за време на одржувањето на средбите на Здружение за помош, Млади жени и Кворумот Старешини.
- Информации во врска со средбите на советот на предавачи од Основно може да се најдат во Општ Прирачник, 17.4.
Советот на оддел може, доколу е потребно да организира средби на советот на предавачи, за родители за да им помогне да го подобрат изучувањето на евангелието во домот. Како и другите средби на советот на предавачи, средбите се одржуваат за време на 25-минутниот час во неделите. (Види Општ Прирачник, 13.5, 17.5.)
Зошто постојат нови ресурси за наставната рограма за млади?
Водичот За силата на младите: Водич за носење одлуки (водич FSY) е водич базиран на принципи осмислен да им помогне на младите да изберат да го живеат евангелието и да го следат Исус Христос. Еден од најдобрите начини да се користи водичот е да им се помогне на младите да ја разберат доктрината што лежи во основата на принципите. Дополнителната поддршка на наставната програма во списанието За силата на младите ќе стави акцент на доктрината што лежи во основата на секој принцип од водичот. Водичот FSY и поддршката на наставната програма во списанието ќе им помогнат на младите да ја пронајдат нивната смисла, место и потенцијал во Божјиот план.
Како да пристапам до новите материјали?
Ажурираниот За силата на младите: Водич за носење одлуки сега е достапен во Евангелска Библиотека. Печатени примероци се испраќаат до единиците и нема потреба да ги нарачуваат локалните водачи.
Младите, родителите и водачите се охрабруваат да се претплатат за списанието За силата на младите без надоместок на веб страницата на Црквата. Списанието обезбедува наставна програма за тековниот месец за поддршка на изучувањето на ажурираниот водич. Се нуди една бесплатна претплата по домаќинство; може да се купат дополнителни примероци. Тековните и минати изданија се исто така достапни дигитално преку апл Евангелска Библиотека и на списанија.ЦркватаНаИсусХристос.org.
Дали да почнеме да го користиме водичот За силата на младите веднаш, иако промените во распоредот ќе се случат по неколку месеци?
Младите се охрабруваат однепред да го прочитаат и да го проучуваат водичот самостојно пред да се промени распоредот. Редовното користење на водичот во црква секоја недела ќе почне од 6 септември 2026.
Каква поука им е потребна на младите водачи за новата месечна наставна програма?
Видео записи со поуки ќе бидат споделени однапред, пред датумот на лансирање, на 6 септември. Младите, нивните родители и водачите се охрабруваат да ги гледаат поуките за време на часовите одржани на петтата недела од август 2026. Водачите за млади исто така се поттикнуваат да го прочитаат ажурираниот водич За силата на младите и да се претплатат за списанието За силата на младите .
Дали младите сè уште ги повторуваат темите од Млади Жени и кворумот на Ароново свештенство?
Tемата од кворумот на Ароново свештенство може да му помогне на секој млад маж да го разбере неговиот божествен идентитет и неговата цел како носител на свештеството. Младите мажи и нивните водачи може да ја повторат темата на собирите на кворумот.
Темата Млади жени може да ѝ помогне на секоја млада жена да го разбере сопствениот божествен потенцијал и да се преобрази кон Исус Христос. Младите жени и нивните водачи можат повторно да ја разгледаат оваа тема за време на собирите за млади жени.
Може ли сите Млади жени и млади мажи од некој оддел или гранка да се среќаваат како една голема група пред да се разделат за час на млади жени или кворум старешини (претходно наречени вежби за отворање)?
За единиците каде членовите се двојат за час за Млади Жени или кворуми на Ароново свештенство, не е неопходно заедничко среќавање како група млади жени или млади мажи. Дозволено е повремено комбинирање за некоја лекција од Неделната Школа, како што е координирано од претседателството на епископија и претседателството на млади жени. (Види Општ Прирачник, 10.2.1.2, 11.2.1.2.)
Како предавачите можат најдобро да ги искористат 25-минутните часови од Неделна Школа?
Неделната Школа е можност за „насладување со Христовите зборови” (2 Нефи 32:3) на начин што е соодветен на потребите и способностите на учениците. Тоа исто така е начин да се поддржат членовите во нивното изучување на евангелието дома.
- Отворете со една едноставна и гостопримлива молитва за отворање.
- Часовите може да започнат со поставување прашање до учениците што ги насочува кон Светите писма и им овозможува да размислуваат за нивното самостојно или семејно изучување. На пример, „Што научивте за Спасителот од вашите читања оваа недела”? Или поставете им прашање за еден од принципите од Дојдете, Следете Ме.
- Предавачите накратко им помагаат на учениците да ја разберат суштината на приказната и содржината на светите писма. Предавачите и учениците ги идентификуваат и се трудат да ги разберат вечните вистини за кои поучуваат светите писма. Класовите ќе имаат време да опфатат само 1-3 од најбитните и најважни принципи. Предавачите ги охрабруваат учениците да ги применат научените принципи од нивните секојдневни животи.
- Најважно од сè, комплетното предавање и учење треба да биде фокусирано на Исус Христос. Секоја недела, предавачите и учениците треба да го бараат Исус Христос во светите писма и да најдат можности да сведочат за Неговата улога, особини и ветените благослови.
- Охрабрете ги членовите да продолжат со проучување на светите писма дома.
- Завршете со молитва.
Како можат водачите и предавачите да го извлечат максимумот од 25-минутната средба за Здружените за помош или на Кворумот старешини?
Здружението за помош и кворумот на старешини се консултираат едни со други за учењата на живите пророци и апостоли и бараат инспирација и водство за нивните животи. Кога предаваат и учат заедно водени од Духот, тие се рабираат едни со други и се просветлуваат и радуваат заедно (види Учењата и Заветите 50:22).
- Член на претседателството ја отвора средбата со едноставен поздрав за добредојде и замолува некого да понуди молитва за отврање.
- Член на претседателството или назначен инструктор отвора дискусија со некое прашање за тоа како конференциската порака им помага на членовите да го следат Исус Христос. Како таа им помага да им служат на другите, вклучително и на членовите на нивното семејство?
- Изберете неколку принципи од пораката што градат вера во Исус Христос и се чинат особено релевантни за потребите на членовите. Советувајте се како принципите се применуваат во животот на членовите.
- Член на претседателството поканува некого да понуди завршна молитва.
Што можат водачите да направат за сакраменталната средба да не биде подолга од 60 минути?
Целта на сакраменталните средби е да се сетиме на Исус Христос со земање на сакраментот и радосно заеничко богослужење.
- Ограничете го бројот и должината на најавите.
- Ограничете го бројот на говорници.
- Поканете ги говорниците да подготват кратки пораки фокусирани на Исус (5 до 7 минути)
Имајте на ум дека ако планираната програма не го исполнува целиот час, дозволено е да завршите порано.