Новите функции во Eвангелска Библиотека и апл Алатки за членови од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни им помагаат на членовите поефикасно да го проучуваат евангелието и да служат во црковните повици.
Евангелска библиотека
Новите функции во Евангелската библиотека им помагаат на корисниците да најдат инспирација секојдневно, да земат подобро учество на средбите на кои присуствуваат и да ја зголемат ефикасноста на нивното евангелско проучување.
Следните нови функции сега се достапни во iOS и на Android. (Ако не ги видите овие нови функции, рачно ажурирајте ја апликациската верзија преку App Store или Google Play.)
Слика на неделата
Новата картичка Слика на неделата од очетната страница на Апл Евангелска Библиотека Дома прикажува сцени од животот и мисијата на Исус Христос. Сликите (кои немаат врска солекциите од „Дојди, следи ме') нудат уште еден начин членовите да ги фокусираат сопствените животи и умови на Спасителот, каде и да се наоѓаат.
Оваа функција е од помош за членови како што е постарата мисионерка сестра Џенис Р. Пурди, која има одвојено простор во својата спална соба исполнет со духовни слики како слики, илустрации и предмети. „Новата картичка стана безбедно, смирувачко, утешително и мирно место каде наоѓам опипливи потсетници за љубовта на мојот Спасител кон мене. И кога размислувам и се молам, знам дека никогаш не сум сама,' рече таа.
За да добивате известувања кога ќе биде објавена некоја нова Слика на неделата , кликнете на трите точки и изберете Известувања.
Дополнително, корисниците на iOS (Apple) и Android можат да додадат некоја нова графичка контрола на Слика на неделата на екранот од почетната страница, што им овозможува да ја видат сликата на својот уред без да има потреба да ја отворат аплјата.
Функции за Оддел и Гранка
Во неделите, корисниците можат да ги гледаат химните од сакраменталните средби на одделите илигранките што ги посетуваат. Бидејќи оваа функција се базира на следење на локацијата, корисниците едноставно можат да ги допрат трите точки во горниот десен агол на картичката химни за да ги пронајдат одделите во близина на просториите за средби каде што се наоѓаат.
Слично, кога членовите се во посета на други оддели или гранки, можат да ги видат објавените лекции од Здружени за да Помагаат(здужение за помош) и Кворумот на старешини и да изберат која од лекциите сакаат да ја погледнат.
Овие функции се особено корисни за мисионерите, високите советници, лицата кои често патуваат и други луѓе кои често посетуваат други оддели и сакаат поефикасно да се вклучат.
Уште една корисна функција е најновата верзија на картичката за членови Повици кои имаат повици во повеќе оддели.
Препорачани Планирања на Проучувањето
Корисниците сега полесно создаваат однапред испланиран персонализиран план за проучување за исполнување на сопствените препорачани планови за изучување. Дополнително, корисниците сега можат да споделат врска до конкретен план за проучување, кој им овозможува на пријателите или семејството да го следат истиот материјал со сопствено темпо.
Овие функции ќе им бидат особено корисни на младите, кои се поканети од Генералните претседателства на млади жени и млади мажи да учествуваат на неделните читања на поглавја од ажурираниот Водич FSY од мај до август (отворете ја оваа врска од вашиот мобилен уред за да го видите планот за проучување на FSY).
Навигација на цел екран
Оваа многу барана функција им овозможува на корисниците на iOS да изберат дали да ги прикажат горните и долните ленти со алатки. Тие едноставно допираат двапати за да се префрлат на режимот цел екран. За да овозможите опкружување Цел екран при лизгање , оди на Поставки за прикажување екран.
Алатки за Членови
Апл Алатки за членови верзија 5.5 ги додаде следните нови функции за да им помогне на корисниците поефикасно да ги исполнуваат сопствените повици користејќи ја удобноста на одреден мобилен уред.
Подобрувања во присуството на часови за млади жени и кворуми за млади мажи
Предавачите на часовите за млади жени и водачи на организацијата сега можат да го евидентираат присуството на предавачите директно во системот заедно со присустноста на децата и младите, што го прави процесот побрз и полесен.
Стандардно, предавачите автоматски ќе ги гледаат само доделените недели за поголема ефикасностр.
Плус, тие можат да добијат брз, визуелен преглед на присутност на часовите со цел подобро да се поддржат и опслужат членовите на класот.
Квартален извештај
Кварталниот извештај (достапен и во Ресурси за водачи и службеници (РВС) и апл Алатки за членови) ја организира посетеноста според категории што може да им помогне на водачите да ги идентификуваат потребите за пореактивен пристап кон службата.
На пример, корисниците можат да го видат список на лица кои редовно присуствуваат во црква, идни старешини кои посетувале Неделна Школа овој квартал, млади со важечка храмска препорака за храм и други.
Од менито, навигирајте до Извештаи и допрете Квартален извештај.
Прилагодени листи на членови
Листите на членови (порано наречени Групи) во апл Алатки за членови се одличен начин за организирање на прилагодени листи на луѓе со кои членот може редовно да стапува во контакт, но кои, можеби се уште не се организирани под Организации.
На пример, корисник може да креира уникатни листи, како што се луѓето од советот на оддел, членови кои волонтирале за да ги заменат предавачите, членови кои живеат во близина, или родители на деца од Основно. Сите списоци се тајни и за лична употреба од корисникот.
iOS:Од Мени, навигирајте до Списоци на членот, допрете ја иконата плус (+) и именувајте ја вашата листа. За да додадете луѓе, допрете го името на вашата нова листа, потоа допрете на иконата плус (+) за да го видите директориумот на вашата единица. За да додадете луѓе од друга единица од вашиот кол или дистрикт, допрете на трите точки на врвот, потоа допрете на името на единицата, и ќе се појави паѓачко мени со дополнителни опции.
Aндроид: Од Мени, навигирајте до Листи на Член, допрете ја иконата плус (+), и името на вашата листа. За да додадете луѓе, допрете го името на вашата нова листа, потоа допрете на трите точки во десниот агол, изберете Уреди и пребарајте ги имињата на членовите што сакате да ги додадете
Поддршка на Кориснички сметки
Корисниците можат да ги конфигурираат своите црковни кориснички сметки посетувајќи ја account.ChurchofJesusChrist.org. Тука, тие можат да управуваат со видливоста на личните податоци, да се претплатат за добивање на е-пошта од Црквата, да управуваат со корисничката сметка на некоја сакана личност и многу повеќе.
Доколку имате потреба од помош при создавањето и враќањето на вашата црковна корисничка сметка, посетете ја account.ChurchofJesusChrist.org/recovery.