Специјално емитување за членовите на Црквата ќе се одржи во недела на 31 мај, прикажувајќи ги хуманитарните и напорите за самостојност ширум Европа Централна област.
Видео записот „Грижа за оние кои имаат потреби“ ќе се прикажува за време на првите 30 минути од вообичаената 5-та неделна средба по сакраменталните средби. Останатите 15 минути ќе бидат наменети за дебатирање во рамки на локалниот оддел или гранка.
Видео записот ќе биде прикажан во сите единици на Црквата освен онаму каде има претходно закажана конференција на кол или округ. Овие единици ќе бидат во можност да ја прикажуваат програмата подоцна.
„При создавањето на овој видео запис наша цел беше да им се заблагодариме на членовите на Црквата за нивните донации и нивната посветена служба кон луѓето кои имаат потреби ширум нашата област,' вели Кристијан Отикер, менаџер на Одделот за благосостојба и самостојност во Централната област на Европа. „И тие потреби се сериозни.”
Покрај видео записи од тековните и неодамна завршените хуманитарни проекти, целосниот видео запис вклучува интервјуа со членовите на Црквата кои ги користеле бројните црковни ресурси за самостојност што им помогнале да станат независни и самостојни, без разлика дали тие се имигранти, баратели на азил или едноставно луѓе кои имаат потешкотии во подобрување на сопственото образование.
Видео записот вклучува порака од Претседателот на централно европската област, Старешина Рубен В. Алиауд.
Преведен е на 23 јазици, покрај англискиот, вклучувајќи го и фарси за првпат.