Првото претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни најави промени во имињата групите за млади жени според возраста Целта на новите имиња е да „им помогнат на младите жени да го разберат своето божествено место во Божјето дело, да го претставуваат нивното духовно достоинство како Негови возљубени ќерки и да го нагласат нивниот напредок.“
Новите имиња на групите според возраст се следниве:
- Градителки на верата (млади жени кои полнат 12 или 13 години)
Градителка на верата, млада жена која помага да се изгради Божјото царство преку нејзината вера во Христос, непоколебливо сведоштво и дела што ги возвишуваат и охрабруваат другите луѓе (види Ефесјаните 2:20).
- Ангели на надежта (млади жени кои полнат 14 или 15 години)
Ангели на надежта ја пренесува Исусовата порака на надеж до уморните, говорејќи за мир, споделувајќи утеха и развеселувајќи срца преку моќта на Духот (види Мосија 18:8–9).
- Просветителки (млади жени кои полнат 16 години или постари)
Една просветителка верува во божествено водство и црпи сила од заветите додека бара, собира и оддава сјај на Божјата светлина (види Учење и Завети 50:24).
Генералната претседателка на Младите жени Емили Бел Фримен ја посети конференцијата „За Силата на Младите“ (FSY) на Тахити на крајот од 2025 година. Додека локалните млади жени ја пееја „As Sisters in Zion“, духовната моќ зад имињата повторно беше потврдена. Водачот на Млади жени виде како секој стих од химната е рефлексија на целта на секоја од возрасните групи — прво градителки на вера, потоа ангели на надежта и конечно, во третиот стих, просветителки.
„Додека девојчињата пееја, добив инспирирација да размислувам за овие млади жени верни на заветите, чија цел и мисија ќе биде да ја изградат верата, да споделат надеж и да собираат и рефлектираат светлина низ светот,“ рече претседателката Фриман. „Очите ми се наполнија со солзи кога сфатив дека Духот го водел овој процес цело време, инспирирајќи имиња на вера, надеж и светлина кои ќе им помогнат на Божјите ќерки да живеат како ученици на Христос и да ги подготват да влезат во сестринство на милосрдие за цел живот — Здружение за помош.“
Писмото од Првото Претседателство ги охрабрува локалните водачи да бараат инспирација преку молитва додека ги организираат младите жени во своите конгрегации за обука и активности. Кога е соодветно, различни возрасни групи може да се среќаваат заедно. Без разлика на кој начин се собираат, младите жени сè уште се идентификуваат според имињата на нивните групи според возраста, а секоја група има свој повикан претседател. Кога е можно, се повикуваат една или две советнички и секретарка за да го поддржат секој претседател.
„Нашата надеж е,“ заклучи Првото Претседателство , „дека овие имиња на возрасни групи и принципите што тие ги поучуваат ќе им помогнат на младите жени да станат доживотни ученички на Исус Христос, подготвени да учествуваат во големото дело на Здружение за помош.'
Пожелно е членовите веднаш да почнат да ги користат овие имиња. Организациите на младите жени на оддел ќе се променат од класна структура во структура според возрасни групи на 1 јуни 2026 година. Ова им дава време на локалните водачи да го променат претседателството според возрасни групи доколку е потребно.
Ве молиме погледнете ги одговорите на најчесто поставуваните прашања подолу.
Најчесто поставувани прашања
Кога ќе се случат промени на имињата на возрасни групи на Млади жени?
Пожелно е членовите веднаш да почнат да ги користат новите имиња на возрасните групи. Ресурсите за водачи и службеници (LCR) ќе бидат ажурирани на 1 јуни 2026 година, за да ги вклучат новите возрасни групи на млади жени. Во овој момент, сите млади жени автоматски ќе бидат распределени во возрасна група врз основа на возраста што ќе ја достигнат во 2026 година. Претседателствата по групите според возраста потоа можат да се официјализираат во РВС (LCR). Во еден оддел или гранка со неколку млади жени, возрасните групи може да се среќаваат за обука и активности.
Дали постоечките претседателства на клас има потреба да се ослободат од повик за да бидат повикани повторно?
Доколку сите членови на некое постоечко претседателство на клас припаѓаат на иста возрасна група, нема потреба да бидат ослободени и повторно да бидат повикани. Во секој случај, службеникот на оддел ќе треба да ги прераспредели повиците во LCR на 1 јуни 2026 година. Доколку некое претседателство на клас не стане претседателство според возрасна група, тие треба формално да бидат ослободени од член на претседателство на епископија и да бидат повикани нови претседателства.
Доколку се потребни нови претседателства, претседателството на епископија може да започне веднаш со повикување на млади жени да служат. Претседателствата сега можат да бидат поддржани и издвоени, но службеникот на оддел ќе треба да почека за да ги официјализира повиците во РВС на или по 1 јуни 2026 година.
Која е разликата помеѓу возрасна група и еден клас?
Во моментов, претседателството на епископија и возрасните водачи на Младите жени работат заедно за да ги организираат младите жени во еден или повеќе класови. Стапувајќи на сила веднаш, ќе се формираат три возрасни групи во зависност од тоа колку години ќе наполнат младите жени во текот на годината: Градителки на верата (12–13 години), Ангели на надежта (14–15 години) и Просветителки (16 години или постари).
Можат ли младите жени да ги прераспоредиме по класови на ист начин како што тоа се правеше во изминатите шест {sp}години?
Не. Секоја возрасна група е посебна. Сепак, претседателствата на епископија и возрасните водачи на Млади жени молитвено одлучуваат како да ги организираат младите жени за обука и активности. Кога е потребно, возрасните групи можат да се среќаваат заедно. Сепак, секоја возрасна група мора да има свое претседателство. Кога повеќе од една возрасна група се среќава заедно, претседателствата заедно планираат и одржуваат неделни средби и активности.
Што ако нашиот оддел има малку на број млади жени?
Секоја возрасна група со барем една млада жена во групата треба да има претседател. На пример, ако еден оддел има две млади жени кои припаѓаат на различни возрасни групи, секоја од нив ќе служи како претседател на својата возрасна група. Каде што е можно, една или две советнички и секретарка служат на секој претседател.
Што ако нашиот оддел има голем број млади жени?
Ако претседателствата на епископија и возрасните водачи на Младите жени одлучат дека една возрасна група вклучува премногу млади жени, дозволено е да се поделат возрасните групи. Секоја група ќе има свое претседателство.
Кој присуствува на младинскиот совет на оддел?
Претседателот на секоја возрасна група присуствува на средбите на советот на млади на оддел.
Како се распределуваат возрасните водачи на возрасните групи?
Претседателката на Млади жени има одговорност за Просветителките (16 години или постари). Нејзиниот прв советник е одговорен за Ангели на надежта (возраст 14–15 години). Нејзиниот втор советник е одговорен за Градителки на верата (возраст 12–13 години). Доколку е потребно, советничките можат да бидат повикани и распределени на одредена возрасна група.
Како се одвива префрлањето помеѓу возрасните групи во секоја година?
Младите жени ќе станат Градителки на Верата почнувајќи од јануари во годината кога ќе наполнат 12 години, Ангелите на Надежта почнуваат од јануари во годината кога ќе наполнат 14 години, и Просветителките почнувајќи од јануари во годината кога ќе наполнат 16 години.