Новото Прво Претседателство дискутира за клучни прашања и споделува искри надеж за Светот

Интервјуто е прв разговор од ваков вид со новото Прво Претседателство

image

Новото Прво Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни седна на интервју со наградуваната новинарка Џејн Клејсон Џонсон во среда, 15 октомври 2025. Разговорот покриваше широк спектар на прашања со кои се соочува Црквата и светот.

Интервјуто беше споделено со јавноста ширум светот, што претставува прв разговор од ваков вид откако новото Прво Претседателство беше прогласено претходно оваа недела.

Во интервјуто, одржано во Зградата на Здружението за Помош на Храмскиот Плоштад, поранешната новинарка на CBS News и ABC News ги праша црковните водачи за улогата на жените во верата, неодамнешниот брз раст на Црквата, пораките за генерацијата која расте, свеста за другите и низа други прашања.

Улогата на Жените

Џонсон праша што Првото Претседателство сака луѓето да разберат за улогата на жените во Црквата.

Претседателот Кристоферсон зборуваше за потребата низ Црквата ширум светот да се земат предвид перспективите и на мажите и на жените при донесувањето на одлуки.

„[Кога] ќе ги споиме двете перспективи, добиваме подобра перспектива. Се приближуваме до божествените перспективи“, вели Претседателот Кристоферсен.

„Да се раководи значи да се служи“, додаде Претседателот Ајринг, „а жените го прават тоа на начин што е едноставно извонреден“.

Претседателот Оукс признава дека Црквата „не секогаш мудро ги користела одличните вештини и моќи на Божјите ќерки.

„Имаме уште многу работа“, вели Претседателот Оукс, „но се наоѓаме во многу подобра ситуација, отколку што бевме пред десет години“.

Што го поттикнува растот на Црквата

Иако демографските трендови според Џонсон покажуваат зголемен број на луѓе кои се идентификуваат како верски неповрзани, растот на црквите е силен. На пример во изминатите три години, 900,000 луѓе се приклучија на верата. „Што го поттикнува овој раст?“, прашува таа.

Тајната на црковниот раст, вели Претседателот Оукс, лежи во моќта на обновеното евангелие на Исус Христос.

„Тоа е евангелие на среќа, раст и разбирање на смислата на животот“, вели Претседателот Оукс. „Луѓето кои го прифаќаат ова учење откриваат дека тоа им го прави животот посреќен, поосмислен, поотпорен на тешкотиите што сите ние ги доживуваме во смртниот живот, се поспособни да им служат на своите ближни и да ги воспитуваат своите деца“.

Претседателот Ајринг кажа дека коренот на овој раст е надежта што луѓето ја чувствуваат во пораката.

„Растот на Црквата ќе се забрза кога мисионерите кои се репрезенти на евангелието на Исус Христос им го откриваат на луѓето, а тие гледаат надеж во него“, вели тој.

Претседателот Кристоферсон вели дека црковниот раст го потсетува на учењата на Претседателот Расел М. Нелсон во врска со собирањето на Божјиот заветен народ ширум светот.

„Јас верувам дека тоа е она што ние го гледаме“, вели тој. „Господ е причината што тие собири се случуваат. Ние можеме да помагаме, само маргинално, но Тој ја придвижува работата со Својата моќ. Го гледам Господ како се движи по земјата и Неговиот Дух како ги менува луѓето и нивните животи“.

Порака до оние на маргините

Џонсон побара од Првото Претседателство да им се обратат на оние кои чувствуваат дека не се вклопуваат во Црквата. „Што би сакале да им порачате за тоа што Спасителот чувствува кон нив и што вие чувствувате кон нив“? запраша таа.

„Сите ние сме Божји чеда“ нагласи Претседателот Оукс. „Бог ги сака, и Тој има план за нив каде и да се на нивното патување кон нивната божествена судбина“.


„Дојдете и принесете што можете за телото Христово. Секој човек е вреден. Секој придонес е значаен“.

—Претседателот Кристоферсон

Претседателот Ајринг покажа кон светите писма што ги опишуваат Исусовите раце подадени во милостивост и љубов.

„Кога некој чувствува дека е на маргините на општеството, не може да се оддалечи толку многу од Спасителот што повеќе нема да посега кон него“, рече Претседателот Ајринг. „Сакам да ги охрабрам едноставно да се молат и повторно ќе се чувствуваат како да припаѓаат таму“.

Претседателот Кристоферсен ги опомена сите кои се чувствуваат исклучено да се свртат кон Исус и да се приклучат кон службата.

„Не чекајте секогаш да бидете повикувани да излезете од маргините“, вели тој. „Дојдете и принесете што можете за телото Христово. Секој човек е вреден. Секој придонес е значаен“.

image
Претседателот Хенри Б. Ајринг, Прв Советник на Првото Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, одговара на прашање за време на интервјуирањето со наградуваната новинарка Џејн Клејсон Џонсон, во зградата на Здружение за Помош во Солт Лејк Сити, Јута, во среда, 15 октомври 2025.

Порака до Генерацијата што расте

Која би била пораката на црковните водачи до генерацијата која расте?

„Вие имате Небесен Отец кој ве сака“, вели Претседателот Оукс. „Тој обезбеди план за вас, а тој е најдобриот во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, каде имаме објаснување за целта на животот. Предизвиците и активностите што ве водат до него е она што ние го нарекуваме заветен пат до небесната судбина. Верувајте во Господ. Дојдете и уживајте во Неговите благослови со нас“.


„Верувајте во Господ. Дојдете и уживајте во Неговите благослови со нас“.

—Претседателот Оукс

Претседателот Ајринг вели дека е оптимист за иднината на младите луѓе сé додека се вратат кон Спасителот на светот.

„Честитки! Господ ве спаси за највозбудливото време во историјата на ова дело во овој свет. Им ветувам славна иднина, и мислам дека веќе се појавува“, вели Претседателот Ајринг. „Тие можат да бидат оптимисти доколку веруваат во Господ, Исус Христос и Му служат најдобро што можат.

Претседателот Кристоферсон им оддаде признание на уникатните предизвици со кои се соочуваат миленијалците и генерацијата Зет. Тој ги искрено ги опомена младите луѓе да ја користат технологијата за добро—и да запомнат дека „нема замена за Светиот Дух“.

„Ниту една технологија, ниту еден друг ресурс не би можел да го замени Духот“, кажа тој. „Свртете се кон Господ, така вели Претседателот [Оукс]. Исус Христос е секогаш одговорот“.

image
Претседателот Далин Х. Оукс и претседателот Д. Тод Кристоферсон од Првото претседателство се интервјуирани од наградуваната новинарка Џејн Клејсон Џонсон во зградата на Друштвото за помош во Солт Лејк Сити, Јута, во среда, на 15 октомври 2025 година.

„Исус Христос е Начинот“

Џонсон запраша кога луѓето ја започнуваат својата служба, кој израз или стих би требало да го имаат на ум, според Првото Претседателство.

„Исус Христос е начинот“, вели Претседателот Оукс. Тој потоа прочита еден стих од Книгата на Мормон што поучува: „нема да има друго име, нуту да постои друг начин, ниту други средства преку кои спасението може да дојде до човечките деца, освен преку посредство на Христос, Господ Семоќен.

Претседателот Ајринг додаде еден сопствен повик да се направи повеќе од само „да се дојде и да се види“, како што вели еден од стиховите во Библијата.

„Дојдете и бидете и пронајдете го спокојот што толку мачно го пронаоѓате во светот околу вас“, вели тој.


„Дојдете и станете, и пронајдете го спокојот што толку мачно го пронаоѓате“.

—Претседателот Ајринг

Претседателот Кристоферсон укажа на реалноста од Христовото воскресение како последен светилник на надежта.

„За мене, фактот што Тој воскреснал е доказ за неговата моќ да ги исполни сите Негови ветувања“, кажа Претседателот Кристоферсон. „Тоа е доказ за тоа кој е Тој“.

image
Претседателот Далин Х. Оукс од Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни и неговата сопруга, Кристен, споделуваат момент откако тој и неговите советници од Првото претседателство беа интервјуирани од наградуваната новинарка Џејн Клејсон Џонсон во зградата на Здружение за помош во Солт Лејк Сити, Јута, во среда, на 15 октомври 2025 година.

Претседателот Оукс заврши со своето сведоштво: „Драго ми е што ја имам оваа можност да сведочам дека јас знам дека Евангелието на Исус Христос во целата своја потполност е обновената Црква на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

Овде се наоѓаат одговорите на најголемите животни прашања. Каков е мојот однос со Бога? Зошто сум овде на земјата? Која е целта на овој понекогаш проблематичен живот? Каде сме се упатиле? Како да стигнеме дотаму? Каков е мојот однос со Исус Христос?

Како може да се подобри овој однос и како можам да живеам подобро и посигурно, со оние што ги сакам и со нетрпение очекувам живот со нив во следниот живот кој е загарантиран како воскреснат, отелотворен дух на Божје чедо, поради мисијата на Неговиот единороден син, Исус Христос во чие име јас сведочам за овие работи, во името на Исус Христос.