Церемонијата за поставување темелите на Храмот Барселона, Шпанија, ќе се одржи вo сабота, 19 септември 2026 година. Старешина Џејмс В. МекКонки III од Претседателството на Европската централна област ќе претседава со настанот.
Речиси 72.000 Светци од Подоцнежните дни живеат во Шпанија, среќавајќи се во приближно 150 заедници. Ова ќе биде вториот Господов дом во земјата. Храмот Мадрид, Шпанија беше осветен во 1999. Храмот Барселона, Шпанија бешенајавен во 2022.
На неодамнешна генерална конференција, Претседателот Далин Х. Оукс сведочеше дека Божјата моќ е овозможена за сите преку учество во светите обреди во Господовиот дом.
„Запечатувачката моќ на свештенството, водена од вратените клучеви во Храмот Киртланд [во 1836], ги обединува семејствата во вечноста“, вели тој. „Тие моментално се практикуваат во сè поголем број на Господови храмови ширум светот“.
Светците од Подоцнежните дни се молат во храмовите од неколку причини: да ја почувствуваат Божјата љубов и спокој, да научат нешто повеќе за Божјиот план за Неговите чеда и евангелието на Исус Христос, да склучуваат ветувања со Бог и со сопругот или сопругата, и да учествуваат во свети обреди кои им овозможуваат на семејствата да се обединат во овој живот и во животот што доаѓа.