Петокот, 24 јануари 2025 година, беше одбележан како Меѓународен ден на образованието. Новинарските медиуми објавија приказни за тоа како знаењето и вештините им помагаат на поединците успешно да се снајдат во животот. Со проширување на опсегот на четирите едукативни иницијативи во Европа, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни го применува овој принцип на дело.
„Интернет програмата за самостојност обезбедена од Црквата на Исус Христос на светците од Подоцнежните Дни воведува достапни можности за учење за поединците денес, а нови иницијативи за самостојност ќе се воведуваат во наредните месеци“, вели Етер Симончини, менаџер на Службите за едукација и вработување од црковната Централно европска Област. Овие иницијативи имаат за цел да ги зголемат можностите за едукација и вработување за учесниците.
Зошто Самостојност?
За време на курсевите за самостојност водени од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, учесниците учат како да научат нешто поинакво кое ќе ги прошири нивните можности, и ќе им овозможи да живеат исполнет живот и иднина исполнета со вера во Европа.
Според добитничката на Нобелова награда Марија Кири, „Не можете да се надевате дека ќе изградите подобар свет без да им овозможите на поединците да се подобрат. За таа цел, секој од нас мора да работи на сопствено подобрување, а истовремено да споделува општа одговорност за целото човештво, нашата конкретна должност е да им помогнеме на оние на кои мислиме дека можеме да им бидеме најкорисни“.
На Едукацијата и самостојноста Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни гледа како на доживотна потрага што се усогласува со Божјиот план за среќа на Неговите деца: да учат и да се развиваат за време на овој живот, правејќи ја, исто така, верска должност.
Четири Црковно-Спонзорирани, Едукативни Ресурси
Подолу се прикачени врски кои водат до неколку програми и иницијативи што ги создаде Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни за поддршка на образованието, самостојноста и доживотното учење:
- Фонд за Доживотна Едукација (ФДЕ): Основан во 2001 година, овој фонд обезбедува заеми за да им помогне на членовите од неразвиените области пристап до професионална обука или повисока едукација. ФДЕ моментално е на располагање во Албанија, Унгарија и Шпанија. Очекувајте повеќе ажурирања за оваа успешна програма наскоро. (врска тука)
- Стипендија Бенсон: Програма за стипендирање насочена кон помагање на студентите по земјоделство да стекнат знаење и вештини за подобрување на нивните заедници. (врска на оваа страница)
- EnglishConnect: Програма осмислена да им помогне на членовите и оние кои не се членови да научат англиски јазик во опкружување кое поддржува. Знаењето на професионалниот англиски јазик може да отвори врати за понатамошна едукација, вработување и мисионерска служба. (врска тука)
- Програмите PathwayConnect и BYU-Pathway Worldwide: Достапна, евтина програма за едукација која обезбедува сертификати, степени дипломи и можности за учење на основни работи. BYU-Pathway Worldwide интегрира духовно учење со секуларна едукација, овозможувајќи им на учесниците да го зголемат своето знаење и вера. (врска тука)
Преку овие ресурси, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни поттикнува култура на учење и напредок. Членовите се охрабруваат не само да го ценат сопственото образование, туку и да ги прошират можностите за едукација на други лица, што е одраз на Спасителовата љубов и мисија „научете ги сите народи“ (Матеј 28:19).