Оваа недела, ширум Европа тројца глобални христијански водачи одржаа средби со заедниците за да слушаат, да охрабруваат и да поучуваат. Нивните пораки, вкоренети во следењето на Исус, во градењето на меѓурелигиските пријателства и во верувањето во генерацијата која расте, беа изнесени на јавни собири каде што пријателите на Црквата на Исус Христос на Светците од Последните Денови и членовите седеа еден до друг.
Легенда: Верските и водачите на заедницата во Букурешт го ценеа почитуваниот, искрен дијалог во чиј центар е Христос.
Во Букурешт, Старешина Дејл Г. Ренланд ги покани верниците и пријателите подлабоко да се фокусираат на Исус Христос. И покрај снежните врнежи, повеќе од 600 членови и пријатели од цела Романија пристигнаа за да учествуваат на националната конференција.
Старешина Ренлунд ја нагласи скромноста во службата, велејќи им на насобраните: 'Јас пристигнав како Господов апостол, но јас не сум посебен. Исус Христос е.'
Настанот привлече владини, верски, академски и граѓански водачи кои изразија срдечност и благодарност за атмосферата во чиј фокус е Христос. Д-р Лауренциу Танасе, универзитетски професор по теологија и религиски студии, го опиша искуството како 'многу корисно' , истакнувајќи ја важноста на споделените вредности во современото општество.
Пасторот Мадалин Аврамеску од Црквата на адвентистите од седмиот ден рече дека тој 'слушал многу внимателно' и го ценеше ставањето акцент на Исусовата служба и духот на пријателство што го почувствувал меѓу присутните. Ервин Јусеин, потпретседател на Исламската асоцијација за дијалог, се потсети: 'Ја ценам можноста да се отфрлат заблудите и да поттикнам подобро да се разбереме ... проекти како овој покажуваат колку е возможно да се коегзистира.' Беше присутен и државниот секретар за верски прашања на Романија, Ципријан Олиничи.
Во неделата, на 1 март, во Апелдорн, Холандија, старешина Ренланд претседаваше со конференцијата на кол давајќи им можност на пријателите, членовите и локалните водачи да добијат поука, да го почувствуваат Духот и да ги зајакнат врските кои ги поддржуваат семејствата и заедниците. Пораката на старешина Ренланд одекна кај присутните, кога тој љубезно ги потсети сите дека тие се 'Божји чеда со божествена природа и вечна судбина'.
Претседателот на кол, Џери Блетерман, поучуваше дека целта на конференцијата на кол е да ја зајакне верата во Исус Христос и ја одбележа посебноста на оваа средба, како можност да се 'слушне гласот на оној кој е повикан да биде Господов гласник.'
Питер Одуро, локален член, присуствуваше со својата сопруга, синот и четиримесечната ќерка. Една неодамнешна семејна расправа за тоа како би било да се живее за време на земната служба на Исус Христос го наведе на едно сознание: 'ги имаме дванаесетте Апостоли и живиот Пророк', рече тој. 'Да се дојде со моето семејство е благослов.'
Во Париз, Старешина Жералд Косе, првиот апостол роден во Франција, зборуваше за забележителен пораст на духовната активност ширум земјата, 'токму сега гледаме наплив на крштевања во Франција', рече тој, истакнувајќи гозголемениот интерес кај луѓето кои бараат мир, вистина и заедништво.
Неодамна крстените членови дадоа искрено сведоштво, вклучувајќи го Августин Лембле, кој почувствувал 'порака за мир и љубов... јас знаев дека овде треба да бидам', и Сесил Алвес де Фреитас, која изрази благодарност за повикот да 'биде светлината во овој свет... не само во неделите'. Робин Гаел Буаник сподели дека тој долго време барал 'вистинска црква, вистинска вистина' и ја пронашол во обновеното евангелие.
Старешина Косе потенцираше единство преку Христос: 'Го чувствувам овој Дух што нè обединува, преку Христос и за Христос.' Тој поттикнува читање на светите писма, особено Книгата на Мормон, како извор на духовно обновување, бележејќи дека и по толку многу читања, книгата му открива нова светлина.
Обраќајќи им се на членовите на колот Ница во Марсеј во неделата, на 1 март, Старешина Косе сподели лични размислувања за своето детство кога тој доживеал духовен препород во областа, бил крстен во Марсеј на осумгодишна возраст и воспитуван во мала гранка препознатлива во заедница по љубовта кон децата. Тој поучуваше 'Дознав и почувствував многу работи во Црквата што не сум ги научил ниту почувствувал на било кое место... Од многу мала возраст, го имав ова убедување дека можам да зборувам со мојот Небесен Отец... Многу рано дознав дека Исус Христос е мојот Спасител'.
Тој ги потттикна членовите да даваат едноставно, искрено сведоштво за Спасителот во секојдневниот живот, 'ние сме во свет каде што знаењето за воскреснатиот Христос бледнее... Колку пати неделно сведочите за Спасителот?... Не плашете се да сведочите; Биди едноставни и искрени. Црквата сте вие — ја носите со себе на работа, на пат и со вашите пријатели; вие го претставувате Господ; вие имате виртуелна мисионерска значка'.
Старешина Косе заврши со еден апостолски благослов за колот Ница, 'за да вашите животи бидат осветлени од радоста на евангелието. За да не бидете нетрпеливи или очајни, туку да напредувате од ден во ден, и да бидете индивидуално трогнати од помирувачката жртва на Христос'.
По средбата, Изабел Фаудин, член од конгрегацијата во Марсеј, сподели дека тааббила 'многу среќна, зајакната во моето сведоштво и уохрабрена да продолжам да ја чувствувам оваа радост, да го чувствувам Исус како некоја прекрасна поддршка.'
Старешина С. Марк Палмер ја извршувал својата служба во Хамбург и Берлин, каде што изразил доверба во вербата и посветеноста на младите луѓе: 'Јас не сум загрижен за иднината на Црквата... Исполнет сум со вера во генерацијата која расте.' Тој ги охрабруваше младите и мисионерите да се обратат кон Спасителот во моменти на неизвесност, 'угледајте се на мене во секоја мисла, не сомневајте се, не плашете се.' Поучуваше за покајанието како за некое радосно, фокусирано на Исус учење, 'покајанието е прекрасно учење кога е фокусирано на Исус Христос.'
Мисионерите искажаа колку им била важна оваа посета. Сестра Пирсон рече дека слушањето на Старешина Палмер ја натерало да се чувствува 'како да е дома' а тоа ѝ помогнало да ја почувствува љубовта на Христос. Старешина Вудленд го опиша настанот како 'подмладување... потсетувајќи ме зошто јас сум навистина тука, да им помогнам на другите да дојдат при Христа.'
Во Барселона, Вилафранка дел Пенедес и Л’Оспиталет, Старешина Палмер се фокусираше на припадноста и Божјата љубов, сведочејќи дека Бог 'го познава и сака секој од вас... по име.' Тој ги охрабри пријателите на Црквата самостојно да го доживеат евангелието и неговите благослови, 'ќе бидете благословени на најчудесни начини доколку го прифатите евангелието на Исус Христос и самостојно откриете'.
Во Цирих, Старешина Палмер ги охрабруваше семејствата да не губат надеж и ја потврди прочистувачка рака на Господ во време на предизвици. Обраќајќи им се на младите, на новите членови и на семејствата, тој изрази благодарност за нивната посветеност и ги потсети на љубовта на Небесниот Отец. Тој поучуваше за моќта на личното сведоштво што ќе ги одведе другите кон Христа, 'кога даваме сведоштво едни на други, Светиот Дух дава сведоштво за вистината, и ја чувствуваме Неговата љубов и поддршка'.
Им посака добредојде на оние кои биле крстени во последните пет години и им оддаде почит за нивната храброст, 'она што вие го направивте е правилно и исправно, опкружени сте со луѓе кои ќе ве поддржат и ќе ве сакаат на вашиот заветен пат'. Во Нов Зеланд тој ја сподели приказната за сопствениот духовен препород, бележејќи како двајца млади мисионери го промениле текот на неговиот семеен живот.
Говорејќи им нежно на родителите, тој кажа, 'почитувани верни родители, продолжете да имате надеж, без да се чувствувате како да не сте успеале... Предизвиците и разочарувањата не се доказ дека Господ ве напуштил; туку, тие се доказ дека Тој ве сака доволно за да ве прочисти и зајакне'. Тој го поттикна учењето на евангелието во домовите и вети дека многу животи би биле благословени од верните деца и внуците.
Николас, нов преобратеник крстен пред четири месеци, кажа, 'Го барав Исус Христос во мојот живот, и среќен сум што сум дел од вакво големо дело. Се почувствував мотивиран и зајакнат преку средбата и љубовта што Господ ја понуди.'