Официјална Изјава

Првото претседателство Нуди Сочувство за смртта на Неговата Светост Папата Франциско

Pope Francis and President Nelson

Првото Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ја издаде следната изјава:

„Се приклучуваме на светот во тагувањето за смртта на Неговата Светост Папата Франциско. Неговото храбро и сочувствително раководење благослови безброј животи. Им упатуваме искрено сочувства на сите кои очекуваа од него инспирација и совет. Додека светот застанува за да се сети на неговиот пример за простување и служба, чувствуваме длабока благодарбнност за добрината на еден добро одживеан живот и се радуваме во надежта за славното воскресение оовозможено преку помирувачката жртва на Исус Христос“.

Во 2019, Претседателот Расел М. Нелсон се сретна со Папата Франциско во Ватикан што беше првата посета од ваков вид. За таа средба, Претседателот Нелсон ќе рече: „Имавме најсрдечно, незаборавно искуство со Неговата Светост. Тој беше најмилостивиот најтоплиот и најгостопримливиот. Колку прекрасен човек е тој, и колку среќен е католичкиот народ што имаа таков милостив, грижлив, љубезен и способен водач“.