Првото претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ја најавува претстојната 195-та Годишна Генерална Конференција во сабота на 5-ти април и недела 6-ти април 2025 год.

„Генералната конференција дава можност за добивање лично откровение додека генералните водачи на Црквата даваат совет и водство од Господ“, се вели во писмото од Првото Претседателство до водачите на конгрегација од 6-ти март 2025 год, што треба да се прочита на глас за време на сакраменталната средба. „Ги охрабруваме сите да го слушнат, да го проучуваат, да размислуваат и да го применуваат дадениот совет. Пораките ќе бидат објавени во апл Евангелска Библиотека, на веб локацијата ЦркватаНаИсусХристос.org, и во црковните списанија за понатамошно разгледување и проучување“.

Во конференциско известување за настанот на Црквата се вели, „Евангелието на Исус Христос поучува дека Тој живее и дека Бог ги сака, ги слуша и им зборува на своите чеда. Неговото лично водство и инспирација може да се доживее преку советите на живите пророци, апостоли и водачи [...].
„Сите се добредојдени и поканети да слушнат пораки за надеж, мир и радост на вечниот живот овозможени преку помирувачката жртва и Воскресението на Исус Христос за време на преносот на годишната генерална конференција“.
Глобалниот пренос, што произлегува од Конференцискиот Центар во Солт Лејк Сити, се состои од пет уникатни 2-часовни сесии:
Сабота, 5 април
Утринска сесија: од 10:00 часот до напладне*
Попладневна сесија: од 14:00 часот до 16:00 часот
Вечерна сесија: од 18:00 часот до 19:30 часот
Недела 6 април
Утринска сесија: од 10:00 до напладне
Попладневна сесија: од 14:00 часот до 16:00 часот
*Наведените времиња се според планинско летно сметање на времето (MDT)
Сите конференциски сесии ќе се пренесуваат во живо на интернет на broadcasts page of ChurchofJesusChrist.org на 80 јазици. Учесниците можат да гледаат и слушаат и на General Conference YouTube channel на 14 јазици, апл Gospel Stream на 11 јазици, Евангелска Библиотека на 80 јазици, и останатите радио, телевизиски, сателитски и дигитални канали.
По емитувањето пораките ќе бидат достапни во текстуален, аудио и видео формат на повеќе канали на 98 јазици за гледање-на-барање и за проучување. Овие канали се Евангелска Библиотека, Медиумска Библиотека, ЈуТјуб каналот на Генералната Конференција, Евангелско Емитување на Интернет и Црковните списанија.
Конференциски ресурси