Претседателот Далин Х. Оукс од Првото Претседателство на Црквата на Светците од Подоцнежните Дни им се обрати на членовите ширум Европската централна област во неделата на 13 јули 2025, за време на специјалната духовна молитвена средба од Брисел. Средбата, преведена на 23 јазици, достигна до светците од подоцнежните Дни во над 30 земји низ централна и источна Европа.
Повеќе од 700 членови и пријатели на Црквата се собраа лично во просториите за средби на Црквата во Гримберген, претставувајќи ги двата кола на Брисел. Овој историски настан го означи првото обраќање во живо на член на Првото Претседателство до светците од Подоцнежните Дни од Белгија до многу земји во Европа.

Претседателот Далин Х. Оукс од Првото претседателство на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни им се обраќа на членовите и пријателите собрани во Брисел, Белгија, на 13 јули 2025 година. Духовната молитвена средба беше емитувана во живо на 23 јазици во повеќе од 30 земји во Европа.


Повеќе од 700 членови и пријатели на Црквата го слушаат говорот на Претседателот Далин Х. Оукс од Првото претседателство на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни за време на духовната молитвена средба во Брисел, Белгија, на 13 јули 2025 година Духовната молитвена средба беше емитувана во живо на 23 јазици во повеќе од 30 земји во Европа.


Повеќе од 700 членови и пријатели на Црквата го слушаат Претседателот Далин Х. Оукс од Првото претседателство на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни за време на духовната молитвена средба одржана во Брисел за областа Централна Европа на 13 јули 2025 година. Духовната молитвена средба беше емитувана во живо на 23 јазици во повеќе од 30 земји во Европа.


Повеќе од 700 членови и пријатели на Црквата го слушаат Претседателот Далин Х. Оукс од Првото претседателство на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни за време на духовната молитвена средба одржана во Брисел за областа Централна Европа на 13 јули 2025 година. Духовната молитвена средба беше емитувана во живо на 23 јазици во повеќе од 30 земји во Европа.


Мал хор пее за време на духовната молитвена средба одржана во Брисел на 13 јули 2025 година, предводена од Претседателот Далин Х. Оукс од Првото претседателство на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни. Духовната молитвена средба беше емитувана во живо на 23 јазици во повеќе од 30 земји во Европа.


Членови и пријатели на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни се собираат во Брисел за да учествуваат на духовната молитвена средба со Претседателот Далин Х. Оукс од Првото претседателство, што ќе се одржи на 13 јули 2025 година Настанот беше емитуван во живо на 23 јазици во повеќе од 30 земји ширум Европа.


Претседателот Далин Х. Оукс од Првото претседателство на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни ги поздравува членовите и пријателите на Црквата собрани во Брисел, Белгија, на 13 јули 2025 година. Духовната молитвена средба беше емитувана во живо на 23 јазици во повеќе од 30 земји во Европа.


Поглед кон просториите за средби на бриселскиот северен кол, во Брисел, Белгија. На 13 јули 2025 година, Претседателот Далин Х. Оукс од Првото претседателство на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни се обрати пред повеќе од 700 членови и пријатели на Црквата собрани таму. Духовната молитвена средба беше емитувана во живо на 23 јазици во повеќе од 30 земји во Европа.

Претседателот Оукс беше придружуван од неговата сопруга, Сестра Кристен Оукс, како дел од кратката посета на Европа. На средбата зборуваше и Старешина Рубен В. Алиауд, Претседател на Централно европската област на Црквата.
Во неговото обраќање, Претседателот Оукс нагласи дека клучот за решавање на бројните поделби во општеството било тоа да се политички, економски или доктринарни е да се следи Исус Христос.
„Единственото трајно решение кон разликите што нé делат“, поучува Претседателот Оукс, „е сите ние да ги следиме учењата на нашиот Спасител и постепено да наликуваме дури и на Него. Да се следи Христос не е секојдневна или повремена практика, туку континуирана посветеност и начин на живот кој се однесува на сите луѓе во секое време на секое место“.
Тој зборуваше за поканата на Спасителот да стане како Него и ги охрабруваше членовите да развиваат Христијански особини како понизност, покорност, покајание и љубов. Тој исто така сведочеше за силата што доаѓа од склучувањето и одржувањето на светите завети.
„Ни помагаат заветите кои ги склучуваме според Планот за Спасение на Отецот“, вели Претседателот Оукс. Цитирајќи го Претседателот Расел М. Нелсон, Претседателот Оукс ги потсети слушателите дека „Кога се држиме до нашите храмски завети, стекнуваме поголем пристап до Господовата зајакнувачка моќ. Во храмот, ние добиваме заштита од нападите на светот“.
Тој нагласи дека дури и најпосветениоте акти на служба на крај се празни без милосрдие, чистата љубов на Христос, и дека вистинското учеништво бара служење на луѓе надвор од семејството и внатрешна трансформација.
Сестра Кристен М. Оукс исто така ја нагласи важноста на служењето во Црквата и во општеството. „Ние не сме сами и имаме потреба едни од други. Си служиме како ангели едни на други на оваа земја“. Сестра Фабијана Алиауд, размислуваше за единството и работењето кон иста цел. „Некога Господ нé благослови да работиме заедно со една мисла и едно срце за да го подготвиме светот за Неговото Второ Доаѓање“, рече таа.
Старешина Рубен В. Алиауд изрази длабока благодарност за посетата на Претседателот Оукс и ги охрабри членовите да постапуваат според добиениот совет. Размислувајќи за разноликоста во црквата тој нагласи „во вистинската и жива Црква на Исус Христос сите се добредојдени, сите се сакани, и сите се потребни“, вели тој. „Во вистинската и жива Црква на Исус Христос, никој не седи сам; никој не пее сам, никој не плаче сам. Ова е важен дел од тоа кои сме кога се стремиме да го следиме Исус Христос“, заклучи Старешина Алиауд.
Членовите од цела Европа од Шпанија до Турција изразија благодарност за можноста да бидат поучувани од постариот водач на Црквата и повторно да ја потврдат нивната вера во Исус Христос.
Духовната молитвена сесија ќе биде емитувана на 13 јули во 18:00 часот (ЦЕСВ) и ќе биде достапна на повеќе јазици:
- Shqip (Albanian)
- Български (Bulgarian)
- Hrvatski (Croatian)
- Česky (Czech)
- Nederlands (Dutch)
- English
- Français (French)
- Deutsch (German)
- Ελληνικά (Greek)
- Magyar (Hungarian)
- Italiano (Italian)
- Македонски (Macedonian)
- Malti (Maltese)
- Polski (Polish)
- Română (Romanian)
- Српски (Serbian)
- Slovenčina (Slovak)
- Slovenščina (Slovenian)
- Español (Spanish)
- Türkçe (Turkish)
- Українська (Ukrainian)
- فارسی (Farsi/Persian)
- 简体中文 - 普通话 (Chinese Mandarin)
- Português (Portuguese)