Солт Лејк Сити, САД — Светците од Подоцнежните Дни од Европската област им се придружија на милиони ширум светот во учеството на Генералната конференција на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни за април 2026 година, одржана на 4–5 април 2026 година.
Претседателот Далин Х. Оукс, претседател на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, им мавта на присутните во Конференцискиот центар во Солт Лејк Сити, Јута, САД.
Присутните во Конференцискиот центар го даваат својот поддржувачки глас за ново повиканиот претседател на Црквата, претседателот Далин Х. Оукс.
Присутните се собираат во ходниците на Конференцискиот центар.
Присутните се собираат надвор од Конференцискиот центар.
Присутните шетаат низ плоштадот на храмот помеѓу сесиите.
Членови на црквата — од Лисабон до Лавов, од Нордиските земји до Балканот — следеа преку сателит, дигитални платформи и локални капели за да слушнат пораки насочени кон Исус Христос, личното учеништво и пронаоѓањето надеж во предизвикувачки времиња.
„Ако сакате да се чувствувате заземјено, да стекнете чувство на божествена припадност и да направите вистинска разлика во светот, ве поканувам да Го следите Спасителот и да служите во Негово име,“ изјави сестра Кристин М. Ји, советничка во Претседателството на Глобалното Здружение за Помош
Говорниците се осврнаа на духовни и практични теми кои длабоко одекнуваат кај поединци, семејства и заедници ширум Европа — од справување со брзо променливи општества до зајакнување на верата во сè посекуларни средини.
„Како ученици на Исус Христос, сведочиме за Него секогаш кога ја споделуваме Неговата љубов со сите околу нас — и помагаме таа да пушти корен во секоја личност што ќе ја сретнеме,“ сведочеше Старешина Жералд Косе, неодамна повикан апостол на црквата, роден во Франција, кој само пред неколку месеци ја заврши својата турнеја низ Европа.
Лидерите нагласија едноставни и значајни начини за секојдневно живеење на евангелието, охрабрувајќи ги членовите да се вкотват во Христос преку проучување на светите списи, молитва, присуство во храм каде што е достапно и служење.
„Додека постојано се молиме, без разлика на околностите во животот, Господ ќе ни го понуди Својот мир и постојана поддршка,“ вети претседателот Хенри Б. Ајринг, советник во Претседателството на Црквата, врховното раководно тело на Црквата.
За време на конференцијата, црковните лидери ја реорганизираа управата на глобалната програма за деца, позната како Основно, повикувајќи ја Розмари К. Чибота за претседателка, а Нина М. Гарфилд и Тереза А. Колинс за советнички.
Двајца нови Седумдесетници на Областа — локални лидери кои помагаат во поддршката на назначени области ширум светот — беа повикани во Европа. Еден во Франција, Хикомбо Хитото. Братот Хитото служеше како претседател на Париз Франција Јужниот Кол. Тој и неговата сопруга Валери се родители на шест деца. Вториот во Финска, Харри Ј. Милила, 51. Братот Милила моментално служи како претседател на кол Хелсинки Финска. Тој и неговата сопруга Марју се родители на три деца.
Музиката од конференцијата, особено изведбите што ја нагласуваа верата, надежта и учеништвото, силно одекна кај членовите од многу култури.
Сестра Лаура Ечари Ермосо, членка на црквата од Шпанија, беше поканета да пее во светски познатиот Табернакелски хор, кој ги придружуваше сесиите. „Пеењето со Табернакелскиот хор ме приближува до Исус Христос. Ја чувствувам Неговата љубов и вистинитоста на Неговите ветувања додека пеам со срце. Светата музика е дар од нашиот Небесен Отец. Таа го внесува Светиот Дух во нашиот живот со голема сила,“ рече таа.
Со завршувањето на конференцијата, лидерите ги поканија сите да постапат според примените пораки и да бараат лична насока за месеците што следат.
„Живеењето според пораката на воскреснатиот Христос сведочи за нашата посветеност и љубов кон Спасителот. Можно е нашите постојани, понизни дела на служба и добрина да зборуваат многу поелоквентно и моќно отколку што некогаш би можеле со зборови,“ советуваше апостолот роден во Чешка, Претседател Дитер Ф. Ухдорф, кој неодамна беше повикан за Претседател на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, второто управно тело на црквата.
Претседателот Далин Х. Оукс, пророк и водач на црквата, ги покани сите да ги остават настрана разликите, „како следбеници на Христос, треба да настојуваме да живееме мирољубиво и со љубов со другите Божји деца кои не ги споделуваат нашите вредности и немаат заветни обврски како нас. Во демократско општество треба да се стремиме кон „правичност за сите“. Во безброј ситуации, сомнежот или дури непријателството на непознатите постепено отстапуваат место на пријателство кога личните контакти создаваат взаемна почит.“
Снимки и преписи од сите сесии се достапни на ChurchofJesusChrist.org, во апликацијата Gospel Stream и на другите официјални канали на Црквата.