Претседателот Ухдорф се сретна со германскиот претседател и освети неколку нови кол центри во Централна Европа

За време на неодамнешната службена посета на Централна Европа Претседателот Дитер Ф. Ухтдорф, вршител на должност-претседател на Кворумот на Дванаесетте апостоли, со неговата сопруга, сестра Хариет Ухтдорф во Берлин се сретна со германскиот федерален претседател Франк-Валтер Штајнмаер и ги освети новите кол центри во Салцбург, Австрија, и Прага, Чешка.

Оваа посета комбинираше граѓански дострел со црковна служба, нагласувајќи ја волонтерската служба во Германија и растот на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во Австрија и Република Чешка. (П)Осветувањето во Прага, имаше посебно трајно значење бидејќи Претседателот Утхдорф го основа колот Прага во Чешката Република во мај 2016 —првиот кол во земјата.

Во Салцбург, за време на празничниот викенд Духовден (Педесетница) претседателот Ухтдорф го отвори новиот кол центар и поучуваше за значењето на овој христијански празник, посочувајќи на излевањето на Светиот Дух по Воскресението на Исус Христос.

„Духовден беше многу значаен ден за учениците. Откако Исус Христос беше распнат и по Неговото воскресение, повеќе не остануваше со нив како порано, поради што тие се чувствуваа несигурни и осамени. Потоа, 50 дена по Велигден, на денот кој христијаните го одбележуваат како Духовден, Светиот Дух беше излеан врз нив, благословувајќи ги и водејќи ги низ делото што претстои.'

Претседателот Ухтдорф, исто така, се наврати на една претходна службена посета на Салцбург, потсетувајќи се на патувањето на брат Џозеф Б. Виртлин, од Кворумот на Дванаесетте апостоли од 1997 година, кој служел таму како млад мисионер во 1937 година. Претседателот Ухтдорф, тогаш член на обласното претседателство, го придружувал Старешина Виртлин за време на посетата во 1997 година.

Давид Рот, претседател на колот Салцбург Австрија, ги сподели своите мисли за реакциите што ги предизвика посетата на претседателот Ухтдорф.

„Она што најмногу ме погоди беше човечноста што тој ја отелотворуваше, средбите лице в лице со членовите и пријателите на Црквата.”

Во Дрезден, Претседателот и сестра Ухтдорф се сретнаа со долгогодишни членови на Црквата, кои споделија спомени за тоа како го откриле Евангелието, како останале верни низ тешкотиите и како помогнале во изградбата на Црквата во Централна Европа.

Разговорите ја истакнале отпорноста на првите членови во регионот и темелите што ги поставиле за идните генерации.

За време на кратката посета на Дрезден, претседателот Ухтдорф се сретна со мисионерите кои служат во областа и им се обрати на германски јазик.

Претседателот Ухтдорф им рече дека нивната служба е продолжение на Исусовиот пример и потоа ја прошири таа идеја во доктринарни термини:

„На почетокот на мисионерскиот процес, вие ја кревате вашата рака. Велите, 'Господи испрати ме.' И кога малку подлабоко размислувате за ова, ве прави да се чувствувате како да сте дел од Планот за Спасение кога Едно суштество пред да  дојде на овој земен живот вели: 'Испрати ме'” вели Претседателот Ухтдорф.

„И тоа ве поврзува на посебен начин со Оној на кому му служиме—Исус Христос.” 

Сестра Ухтдорф, зборуваше за сопствениот живот и преобраќањето, охрабрувајќи ги мисионерите да веруваат во Господовата волја дури и кога животот добива неочекувани пресврти:

„Дојдов од Германија. Родена сум во Германија. Сега јас живеам во Америка. И еден ден станав сопруга на еден Апостол. Сето тоа докажува дека апсолутно сè може да се случи во животот — работи за кои никогаш не сте претпоставувале дека можат да се случат. Кога нешто планираме, јас понекогаш чувствувам дека Господ едноставно се насмевнува и вели: 'Само причекај. Јас имам нешто сосема поинакво на ум.’”

На 28 мај 2026 година, Претседателот Ухтдорф се сретна со германскиот федерален претседател Франк-Валтер Штајнмаер во палатата Белви во Берлин, официјалната резиденција на германскиот претседател.

За време на средбата, двајцата мажи дискутираа за вредноста на службата и волонтерството за поединците, општеството и демократскиот живот. Претседателот Ухтдорф изјави дека служењето е во фокусот на верувањата на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни и го цитираше стихот Мосија 2:17 од Книгата на Мормон: „Кога сте во службата на вашите блиски само сте во службата на Бог.“

По средбата, претседателот Ухтдорф изрази благодарност за разговорот и се осврна на неодамнешната иницијатива на претседателот Штајнмајер за почитување на волонтерската служба во Германија:

“Многу сум благодарен за увидите и предлозите на човек кој, само пред неколку дена, воспостави нов акционен план за почитување на волонтерската служба на германските граѓани . . . Тој ја изрази својата благодарност за црковната посветеност на волонтерската служба.”

Службената посета заврши во Прага, каде што претседателот Ухтдорф отвори нов кол центар за членовите на Црквата во Чешката Република. Овој настан имаше посебно значење бидејќи претседателот Ухтдорф е роден во денешна Чешка Република.

Членовите ја истакнаа долгата историја на Црквата во Чешка, од пристигнувањето на првите мисионери во 19 век, па сè до ограничувањата од претходните епохи. Новиот објект ќе служи како место за богослужба, како и центар за поучување, работење на семејната историја и активности за заедницата.

За многумина, оваа нова градба симболизира и зголемена видливост и континуиран раст на целосно зрела верска заедница.

„Сега кога ќе ја отворите мапата, ќе забележите дека постои Црква на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Во нашата земја, луѓето навистина не ја познаваат Црквата,' вели Мирослав Новотни, кој специјално за таа пригода патувал 100 км. „Мислам дека е важно да се биде виден и познат.'

Во текот на посетата, претседателот Ухтдорф ја нагласуваше верата во Исус Христос, единството и службата, додека локалните членови ги опишаа посветувањата и средбите како значајни пресвртници за Црквата во Централна Европа.